Најчесто зборуваме за нашата иднина. За нашите семејства и нивните проблеми. За кучето. Исто и разговорите поврзани со што мислиме за одредени поединци кои ја загадуваат планетата (буквално и метафорички)! Јас сакам да разврзуваме муабети и за некои филозофски филмови или книги, но некако потешко ни иде.
Кога сме заедно секогаш нешто си дрдораме .... а инаку за по телефон или скајп не сме толку како во живо, некако ке се изнакажеме се и мрза ме фака и сакам да читам по фемина и му велам ајде после ке се чуеме, а и он не сака мн да се зазборуваме преку телефон, доколку имаме нешто да расправаме ок ама ако сме изнакажале се, не сака да отвараме нови теми тој сакал во живо а не по тел ... а сега бидејќи сме разделени комуницираме преку скајп, ке си изнакажеме што ни се десило и ајде ке јадеме или неш ке правиме и ајде после ке се чуеме ... а инаку за се зборуваме, за нас,за иднината,за минатото,за сегашноста, за проблеми,родители... досега не ни снемало муабет во живо, а додека на скајп да, но тоа не ми пречи
Обично разговараме за иднината, за онаа што не опкружува, за луѓето што ги сакаме и ни значат... секогаш најпрво разговараме за нашата врска за тоа што и дали сакаме нешто да се промени а моментално негова актуелна тема е : Живеење заедно , Давање збор ,Веридба ....
Па секојдневни муабети кога ќе се слушнеме на телефон...Што правиш?Кај си?Што правеше денес?Кај беше денес?Што ќе правиш после?Што има друго?Ќе ми каже нешто ново ако има или нешто ако сака да ми каже...тоа ни е секојдневност. Инаку си зборуваме онака за иднината,за бебиња имаме зборено и тоа разговор поттикнат од него. И слични работи на тоа. Така речено за се зборуваме.
Многу сакам да зборувам, па секогаш имаме тема, но во последно време тема ни се предметите на факултет и раскажување на наученото.
секогаш наоѓаме тема за разговор дали е за филм,телефони,проблеми,за врската,за семејството,за другарите/другарките.....
За се, буквално за се. За животот воопшто, за иднината, за филмови, за музика, за проблеми. Од една тема се префрламе на друга. А на телефон, па во последно време и не многу. Најобичен муабет, кај си, што правиш, што има ново... Ако имам нешто да го прашам или да му кажам или он мене...и тоа
Обожавам долги разговори,гушнати..Ме опушта и се чувствувам најсреќна. Тој ми е СЕ и неможе да постои тема на овој свет која не би ја поделила со него. Апсолутно за се. Кога ми фали другарка ми, и неможам да се изнамуабетам како што умееме со него во последно време и тие ''girls chat'' ги правиме, ми вели како gossip girl се осеќал хахах. Неможам да се пожалам
Од теми ниикад доста.Си збориме за нас,како понатаму со моето семејство,за неговото семејство,многу сака да збори за мајка му(мама вака ,мама така ),лудории што ги правел во КОЦЕ хаха никад доста од нив,идни планови и многу други работии .У принцип е многу затворен тип,ама ја и те како знам да го отворам.И секоја комуникција ни се сведува на нежен режим.Абе срценце .Глас не знае да крене и ја се навикнав така.Лефтерно и полека.
Политика, излегувања, друштво, за нас, патувања, филмови, музика, а во последно време најмногу за работа...
Си зборуваме за се и сешто, политика, мода, економија, работа, краткорочни и долгорочни заеднички планови, вицови, проблеми...Буквално се. И јас како Luna91, среќна сум што не ми е само дечко, туку и најдобар пријател.
pa i mene mi e malku cudno toa deka nemete so da zborite ama prasaj go kako mu pominal denot kazi mu nekoja tvoja interesna slucka i taka... ama ako prodolzi taka mora seriozno da go svatis problemot...
Истите работи и луѓе кои ги мразиме. Заедничката омраза кон грди ножни прсти ни е актуелна тема во последно, после сексот секако.
За среќа он е тип на дечко со кој можам да потонам во длабочината да повеќе теми,политика, економија,бизнис,иднина,минато,развиваме дискусија за животот,за религијата,обичаите,желбите,среќата,губитокот,пријателството,домот,семејството,патувања...делиме ставови замисли и идеи.Темите и допирањето до нивната срж се едни од најважните нешта за мене,така сме поблиски. Задоволна и среќна од нашите разговори и отворени теми.
кај нас и не е се баш така розово јас сум дрдорка се’ му кажувам што ми се случи буквално се’. Тој некако ми е таинствен а мене тоа страшно ме нервира многу работи што сакам да знам за него морам по 102561 пати да го прашам и тој налутено да ми одговори. инаку во врска сме 3ипол години, така е веќе годинаипол.