Се и сешто. Јас цело време го зафркавам за нешто, исто така и тој мене. Често, разговорите ни се безвезе,колку да се зборува нешто. Мене тоа ми е интересно, а не цело време нешто озбилно да се зборува. Ама кога сме сериозни (иако е многу ретко) , сериозно зборуваме до крај. Нема трте-прте.
Трачарски муабети,неповрзани муабети,многу ретко да падни сериозна тема,битно уста не затвараме Среќа не интересираат исти работи,имаме слични професии па секогаш имаме за што да разговараме.
Тоа треба да биде спонтано,а не да мислиш што да кажеш или каква тема да отвориш. Можеби ви фали некоја активност,повеќе шетање, дружење и тн
За се и сешто зборувам со него. Со другарка или мајка не можам толку отворено и ошуштено да зборувам,отколку со него
Со него зборувам за се, со оглед на тоа дека сум голема дрдорка никогаш не остануваме без тема Но, најчесто зборуваме за факултетот и програми за вежбање.
За иднината, за нас, за факултетот, за општи нешта и настани, за музика, филм, за случки од минатото, за многу нешта.
Од политика до научна фантастика .... Ете тоа е една од најважните работи што ги барам кај еден партнер . И не потфрли , со него можам да зборувам и дискутирам на многу теми , иако не се согласуваме немаме исти гледишта за многу нешта што е нормално . Не можам да замислам како функционираат врските помеѓу еден плиток и еден поначитан и пописмен човек .На што се сведуваат врските тогаш ? Секс , излегување , пијанење , шетање ? Не знам прво дечкото треба да ти биде другар некој со кого имаш теми , интереси нека бидат и лабави муабети .
За све и свашта, од историја до астрологија и астрономија... Ххаха... Најчесто темите ни се за: брак, семејство, родителство, кариера, образование, основање на сопствен бизнис
Богами работи за зборење никад доста хахахаххаха. Кога јас мелам 200 на сат како нема да се најде ехххееее. Што би рекле постарите од А до Ш.
Милион теми на разговор имаме. Разговараме за тоа како ни поминал денот на работа, разгледуваме и споделуваме мислења за места на кои можеме да шетаме, зборуваме за луѓе кои ги познаваме, зборуваме за нашата заедничка иднина...
За се можам да зборувам со него.Опуштени сме си кажуваме се, и маки и проблеми и се. Секогаш имаме теми на муабет. Тоа најмногу ме бендисува.
Буквално секоја тема која ни буди интерес, ни е на репертоар. Сме разговарале со саати за поликтика, наука, книги, емоции, музика... Саати и саати анализи за се' и сешто. Генерално, сериозни и комплексни теми ни се занимација... Големо задоволство ми се разговорите со него... Напомена, сопруг ми е, не дечко.. ама и кога бевме дечко и девојка, исто беше
Секој ден, нова тема се отвара. Најчесто за иднина, за работа, за секс новитети. Обично, во разговорите или некој избувнува или се лути.
Се и сешто. Збориме на секакви теми од наука до бош муабети и триста глупости. Баш ми е близок, па можам да му кажам се.