1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кокошја кожа (Keratosis pilaris)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од angel92, 5 декември 2011.

  1. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Јас имам ваков тип на кожа највеќе на рацете и на нозете, го имам од раѓање, генетски ми е. Е сега кога бев мала навистина многу ми се познаваше и одев на дерматолог, ми препорачуваа пилинзи, креми, масла, но од ништо не видов подобрување и се откажав. Во последниве неколку години буквално само од себе исчезна на некои места (на надворешниот дел од надлактицата и од коленото надоле веќе воопшто немам, а гледам дека и на горниот дел од рацете е скоро па исчезнато), единствено каде што сеуште се познава се бутовите, но веќе сум навикната и воопшто не ми смета. Како мала многу ми беше непријатно затоа што сите ме прашуваа (затоа што навистина ми се познаваше на рацете), па се осеќав како да треба да се правдам, но сега веќе воопшто не ми претставува проблем. На пример и вујко ми има(л) ваква кожа од раѓање, но еве сега како возрасен нема ништо и можата му е премногу мазна. Има и една добра работа во сето ова, а тоа е што на местата каде што не ми е таква кожата немам нитуу едно влакно (а порано имав), па така да ќе се обидам да правам пилинг барем на горниов дел на рацеве, со надеж дека и тука ќе престанат да растат. :lol:
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    6.473
    Уште од мала сум имала како бубулички на нозете и одма над лактите, но не сум обрнувала специјално внимание. Сега во коронава од што немам што да правам, почнав се на себе да си анализирам. :D На нозете кога ќе видам некоја таква покрупна "бубуличка" не можам да одолеам а да не ја стиснам со стапче :worried: ама тие не се како оние на лице и не излегува ништо и само ќе го зацрвенам местото од што сум паметна. :)

    На оние над лактот неколку пати ставив АХА 30 и ко да ми се расчистија малку, помазен ми е тој дел ама не сум редовна за да видам убаво резултати. На нозете не можам да ставам, зошто 30 мл е, одма ќе го потрошам шишенцето. :D Планирам да си земам некој пилинг за тело од Балеа или Афродита, ќе го ставам на сунѓерче и ќе ги тријам нозеве и рацеве, веројатно би имало некој резултат, што знам :)
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise ако си во можност, пробај ги и пилинзите на Органик Шоп, по мое мислење многу подобри од тие на Афродита и (посебно) Балеа. Со цена се тука некаде. :)
     
    На LittlePinky и blueeparadise им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    6.473
    @dayla Фала ти на предлогот. Богами може да ги пробам, вака кога сум ги видела ептен ми се привлечни, на пудинг ми личат. :D
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    И јас си ја имам, наследство ми е :)

    Искрено порано повеќе ме нервираше, сега не ни и' обрнувам многу внимание, едноставно прифатив.

    Секако дека естетски не ми се допаѓа, посебно дека сум светла а тие црвени :) Мене од сонце не ми поминуваат, само место црвени кафеави стануваат.
    Плус имам и пеги, и исто генетски дерматофиброми си наследив, жива шара ми е кожава.

    На лице до душа освен пеги и некоја рандом пигментација од ретко некоја бубулица, друго немам.

    Во план ми е да пробам да живеам без глутен, од други причини, се надевам и тука ќе видам промена.
     
  6. Ilajla666

    Ilajla666 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.348
    Каде може да се купи тој сапун ?
     
  7. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.309
    Пол:
    Женски
    Дали некој си го средил проблемов? Имам на нозете и од дерматолог ми е препорачана уреа и да правам пилинг на кожата, се надевам на резултати
     
  8. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Користев лосион за тело со уреа, ама резултати видов само првите две недели..

    Мене ми е генетски таква кожата и на нозе и на надлактици. Витамин D поточно сонцето многу помага, како и морска вода (исто и купка со морска сол еднаш неделно е одлично). Пилинг со масло и шеќер, а исто така и кокосово масло ми ја ублажува состојбата, ама како што знам не е појава што се лечи, особено ако е генетски добиена, туку со правилна нега може само да се подобри. :D
     
    На Aschenputtel и Lavender4 им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    3E26F064-8541-4B47-95BA-E7726DE13D75.jpeg Дали ова е кокошја кожа?
    Прв пат ја гледам темава
    Вакви имам на двете раце ид кога знам за себе, а некогаш на сонце кога се изложувам, најчесто првите денови кога е потопло, дупло имам и поголеми ми се.
    И на нозете имав порано многу вакви.Сега некако ги немам
    Каки да се спасам? Не можам ни да ги стиснам
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.335
    Допаѓања:
    249.329
    Кокошја кожа е симптом на целијакија, не на нетолеранција. Обратете внимание на тоа.
    На мене ми се смири кога престанав со глутенот.
    Имав кај подлактиците.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Да, е симптом но исто така има кожа што едноставно е таква наследена и нема врска со глутенот.
     
    На Waverly Raven, Glowy, Aschenputtel и 2 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.335
    Допаѓања:
    249.329
    Да, ама ако има други симптоми плус и ако се повлекува и смирува со бг храна, треба добро да се испита.
     
  13. ivanchos

    ivanchos Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    18.472
    Пол:
    Женски
    Ова на Биоклин да го има користено некој? Цел живот сум со keratosis pilaris но овој период надлактиците ми се стварно катастрофа. Па и од нервоза се стискам цело време абе лом, делтоидната регија право копанче од кокошка. Исто ако знаете нешто што ви помогнало пишете ми секој совет е добродојден. :) 58F7F12A-7AF2-48E0-A31F-A1477AC57203.png