Moira, а да те прашам - колку од прилика излегуваат колачиња со таа доза? И дали печениците лешници треба да се сомелат или многу ситно сецкани? И дали ефектот на колачињата ќе е ист со друг вид крем, или мора стриктно Нутела? (Многу сум напорна, знам). Вака изгледаат преубаво, лиги да му потечат на човек. Плус, Краш ми е во близина, продавницата за здрава храна во близина, се думам да направам викендов за едни гости. Би ги валкала во ситно чоколадо, не би ги полевала со течно, да не се растопат.
Со оглед на тоа дека си на диета - НЕ ПОЧНУВАЈ ДА ГИ ПРАВИШ Дефинитивно се најубавите ситни колачи што некогаш сум ги пробала, а и сите околу мене. Секаде каде што сум ги однела - биле хит, 100 рецепти имам до сега поделено . Ситно кршени лешниците, тогаш се најубави. Наполитанките, ако имаш нерви, треба да ги сецкаш на мнооогу ситно со нож, за и тие да се осеќаат на гриз, ама не е проблем и ако ги изрендаш на ситното од рендето, скоро ист ефект ќе има. Нутела само, немој друг (еуро)крем, дефинитивно нема да е тоа тоа. Колку излегуваат.....па зависи од колку нутела ќе ставиш. Јас искрено не се водам по рецептот веќе, туку ставам цела тегла од 400гр Нутела, околу 120гр наполитанки и 170гр лешник (се` ова +/-). И да е потечно, го ставам малце во фрижидер да се стврдни, па го вадам за да ги правам топчињата. Мене ми излегоа околу 60 последниот пат, зошто ги направив да се за 1 гриз, така ми изгледаше најпрактично (требаше да ги носам поклон за едно отварање) па да не им се распаѓаат на луѓето во рака. Како гледаш, ептен импровизирано, ама состојките НЕ СМЕАТ ДА СЕ СМЕНАТ со други
Ти верувам дека се многу вкусни, јас ќе ги правам за на гости, сакам да ги изненадам. Среќа што се за други луѓе, ако беа за дома, не знам тогаш како ќе издржев. Фала на одговорот, ќе пишам импресии од колачињата и ќе гледам да прикачам слики. За почеток ќе ги направам со половина доза, односно со околу 200-250 гр. Нутела, значи 30 ми се таман.
Баунти 300гр. шеќер 250гр. кокос 1 маргарин Кристал 200гр. чоколадо за готвење 80гр. маргарин Се матат шеќерот, кокосот и маргаринот. Смесата се става во правоаголно тавче обложено со хартија. Се лади во фрижидер 2 часа. Откако ќе се излади, се превртува на работната маса. Хартијата се вади и се сечат парчиња. Чоколадото и маргаринот се топат. Парчињата се валкаат во нив. Се ладат во фрижидер.
Ангел го направив благцево и јас, презадоволна сум . Направив мали модификации кое немаа негативен ефект на крајниот резултат. Немав какао па му ставив од едно капучино кое го немав баш бендисано, а озгора не ставив шеќер во прав. Истотака наместо малини употребив цреши, околу 350гр.
Mоира овие се мафини или бомбици???? Ок ги проверив претходните разговори бомбици се а да те прашам сега нешто.... што си им ставала одозгоре кршено чоколадо???
Еве ги и моите колачиња според рецептот на Моира (благодарам уште еднаш). Се` прописно по ред, 150 гр. потпечени лешници, па кршени во крпа со чукче за плескање месо (навистина кратко се потпекуваат лешниците, некои 3-4 минутки на 200 степени загреана рерна), околу 120-130 гр. сецкани ситно наполитанки од лешник од Краш и цела тегла Нутела од 400 гр. Малку се направив кашканици, треба да се измеси смесата со рака, а тоа чудо мириса, па ќе си лижнете малку уште додека ги правите , мајка ми и татко ми се бутнаа да сркнат со лажиче од смесата, убава била и така. Ги правев со стопено чоколадо, малку обликот им е незадоволителен, ама види богати совет - прво треба да ги направите сите топчиња, па да ги свалкате во чоколадо, а не едно по едно! Не сум ги пробала, ама немам сомнеж дека се предобри (минус тоа што успеав да го лизнам од прстите). Брзо се прават, иако Нутелата на собна температура има тенденција малку да се распушти при допир со топлина, па гледајте побрзо да ги направите топчињата. p.s. Следниот пат сепак и со некој поевтин крем би ги пробала. Оној Лино Лада со лешник ми изгледа исто добра варијанта.
Го пробав рецептов од офф нет, но не би го препорачала Направив се како што е дадено во описот и смесата сепак не се зацрврсти. Гмечев гмечев..не биваше, потоа ја ставив малку и во фрижидер, но немаше никаква промена. На крајот ја ставив смесата во маливе садчиња за потпекување и така го потпеков. Иако вкусот е индивидуелна работа, мене нешто ми недостасуваше...лимонот и црешите наспроти кокосот беше одлична спротивност. Но добивам впечаток дека фали барем уште една состојка. Moже масленоста на млекото врши некоја улога, требаше да пробам со бутер , така барем ќе ми се лепеше смесата. Истовремено направив и рафаело. 150 гр, бело чоколадо, 150 гр кокос, 100 гр шеќер во прав, 50 гр шлаг(јас употребив еден во чашичка како за јогуртче), 1 ванилен шеќер, 100 гр. бутер ситно рендаме и мешаме со миксер. Се добивама цврста смеса. Оформуваме топчиња и на среде им ставаме мигдалче, оревче... Готово оформеното топче го валкаме во кокос. Малку да се заврстат и се спремни за сервирање. Овој рецепт мене ми се допадна.
^ Путерот ќе ја стврднеше смесата, ама не сум сигурна како ќе изреагираше при печењето... Кокосот во основа треба да го замени брашното, затоа има само млеко и кокос...можеби соодносот 400гр кокос - 300гр млеко би бил подобар
Јас пола доза правев, па преполовив од се. Имаш право можеби така би било подобро...ама ќе оставам друг да каже. Не експериментирам по втор пат
Значи овие се најубавите ванилици што сум ги пробала....нема никој поубава рецепта од мојата - 1 шоља бело вино - 2 шољи зејтин - пола пециво - 1 ванилин шеќер - 2лажички шеќер - брашно по потреба (тестото треба да биде потврдо) Се замесуваат ванилиците и се сука кора дебела околу 1цм со шоља,чаша или било што се сечат кругчиња,во нив секое кругче се става малку мармалад или по желба орев,лешник и се преклопува. Се ставаат колачите во неподмачкана тава и се печат,после се ваклаат во шеќер во прав.... Eве и слика вчера ги правев
Да како полумесечинки ги правев полнети со мармалад како и секогаш,најубави ми се такви...а може и да се печат само кругчиња и после да се лепат со мармалад,ама вака се повкусни
Ги направив ама јас не им ставав мармалад, него ги направив полумесечинки ги испеков и во прав шеќер и испаднаа многу убави
Ајдее јас зачестив на темава.... Денеска правев еклери па си викам да ги споделам со вас Спојлер Еве го и рецептот 1 канче(од кисело млеко) вода и 4 шољи за кафе зејтин се става убаво да зоврие,после се трга на страна и се додава 1 канче брашно и пола пециво,убаво се меша и се трга на страна да се излади скроз...после се додаваат 8 јајца едно по едно(значи се става едно јајце па се меси,па се става друго јајце па се меси и се така ) после се ставаат со мало лажиче во тава обложена со хартија за печење и се печат Фил: 1 кило млеко се става да се вари,додека е ладно млекото се зема од него 250мл и во него се раствара 200гр шеќер и 200гр брашно,се ова убаво се меша и откако ке зоврие млекото се става и се вари додека не се згусне. 1маргарин се мати со 2 кесички ванилин шеќер и се додава во изладениот фил после се филуваат еклерите со филот и се премачкуваат со стопено чоколадо
Баунти 300гр. кокос 1 маргарин Кристал 100мл. хопла 150гр. чоколадо за готвење 80гр. маргарин Се матат кокосот, маргаринот и хоплата. Смесата се става во правоаголно тавче обложено со хартија. Се лади во фрижидер 2 часа. Откако ќе се излади, се превртува на работната маса. Се отстранува хартијата. Се сечат парчиња. Маргаринот и чоколадото се топат. Парчињата се валкаат во растопеното чоколадо. Се ладат во фрижидер.