1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колешките на вашиот партнер

Дискусија во 'Брак' започната од girl.23, 21 февруари 2012.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Овде може да пишуваме за колешките на вашиот партнер (од на работа, факултет и сл.).

    Дали ги има и колку е близок со нив?
    Дали честопати му се јавува на мобилен поради работата?
    Колку време поминуваат заедно на работа? Работаат ли во иста канцеларија?
    Дали можеби одат заедно со превоз на работа?
    Ви доаѓа ли дома?
    Ви пречат ли нешто или гледате на нив само професионално?

    Да почнам јас. :$
    Иако зборувам за минато време :wasntme: , партнерот имаше колешка-манекенка, со која работеа во иста канцеларија, само тие двајца. Поради далечината на работното место одеа заедно. Таа беше една од познатите богати фамилии, и секогаш беше на висока пета, дотерана и средена со најскапите парчиња на неа. Кај нас доаѓаше поретко, и тоа секогаш со ултра кратки незавидливи миничи. :tmi: :$ Никогаш не му правев проблеми на партнерот, затоа што таа секогаш бркаше некои фраери, а овој и` беше под ниво. :P Иако не ми беше сеедно, кога јас одев на работа со автобус во еден правец, а тие двајца заедно на друг.
     
  2. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    :tmi: уф ! навистина ТЕ жалам и тебе и сличните како тебе .Сакале или не ке ве ,,јаде црвот на љубомората ,, :rofl: Јас има срека мм немат колешки сам си работит ама во неговата работа имат контакт со многу г-ги :rofl: на кој најчесто дома им одит !!! таква му е работата сервисни услуги за по дома ! :rofl:
    П.С. Јас не сум љубоморна ! :tmi:
     
  3. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    Морее што има една КОКОШКА од гг аиии косата ми иде да и ја откорнам значи типкава е толку завидлива што на се што ке земам јас не е убаво аи се што кажам не сум во право леле бе типката е к*рва не видена значи една врска уништи на колега на маж ми ама во бракот нема да и дозволам да ми се вмеша... а јас таква по брблива ја отерав у пм оти сеа како што сум бремена нервоза ме фака па и неа ко ја видам косата ми се крева типката сака да го вози маж ми ама овој пак не се замра она збори појма нема што збори али типката е келнерка со мозок на врапче кој како сака си ја легнува.ако се пронајде и посакувам што побргу да оди на лечење мислам ако има проф на оваа страна оти к*рвите како неа прават проф кај што може да најдат СПОНЗОРИ ја мразам ж :rofl: елка фаца
     
  4. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    На почетокот на врската, СЕ ни беше така лаганооо, не се замарав. Јас си бев ОК, со моите колеги од спротивниот пол,на фах. И сега за жал мислев дека и машково мое го има истиот однос, ама очигледноо Нееееее :@ . На неколку наши излегувња, му врти извесна колешка(која веројатно одвај чекала да му се пикне во кревет :devil: :@ ) , ама тиопов мој некако се менува, и брзо прекратува разговор правејќи фации!!! Приметив нешто,ама ајдееееееееее.........
    И по еден период дознав дека машково мое си имало афери со неаа!!! Вааааа, косава ми се крена, цела се превртев, се шокирав!!!!!!! Беше што беше се смиривне некакоо, сега се е ОК. Ама сега и се е сменето, нема колешки мн, мн во негово опкружување, само 2 девојчиња со кои и јас стојам мн добро!!
     
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Воопшто однапред не се нервирам за некои работи кои можеби никогаш нема да се случат.Имам самопочит и самодоверба и својата енергија ја преусмерувам кон нешто покреативно од замарањето дали тој во моментов легнал некоја на копир-машината или таа го погледнала заводнички.Во животот за се треба двајца; така што ако партнерот е склон на флертување и неверство, тогаш и тој е подеднакво виновен, како и потенцијалниот непријател-колешката.
    Неговите колешки ги сметам за дел од инвентарот на работното место, за луѓе со кои се има чист деловен однос и воопшто и не би сакала да ги замислувам во поинакви ситуации. Ако ги видам во канцеларијата дека се смејат, не значи дека има нешто меѓу нив, едноставно можеби си кажале некој виц.
    Е сега, доколку сопругот поинаку се однесува дома, доколку намерно подолго се задржува на работното место и измислува состаноци и службени патувања, доколку разговорите по телефон со колешката се во непристојно време, доколку тој не ја вади од уста 24/7 и мене ме става во подредена позиција, тогаш би било време да се активира алармот.
    А дотогаш, за мене тие ќе бидат само колешки и ништо повеќе.
     
    На Neytiri, eli25, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ах да се само колешките! А таа кокона што му го продава кафето на железничка секое сабајле он уште не стигнал на работа. Па онаа во сендвичарата што му го прави и продава сендвичот на ручек пауза секој ден, па другата во продавницата дека оди по весник...на сите страни - жени! |(
    Не знам колку колешки има, какви се, кои се, мене глава ме боли од моите колешки па и уште неговите ми фалат да ги мислам. :lol:
     
    На tessie, Neytiri, eli25 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Уф, болна тема. Маж ми што има една колешка,како збори за неа со воодушевување како ова правела,она правела,мене ми доаѓа од кожа да си излезам,а јас тоа што сум правела и го правам за него и семејството не го ни забележува.Ме мачат мисли дека посакува нешто повеќе со неа и тоа не ми дава мир.Инаку еднаш ја запознав,беше онака спотски облечена и ненашминкана,а потоа кога искоментирав дека не е убава,мм вика кога ќе се нашминка и дотера била ок :@ Знам што е женска убавина,ама ова вистина е нешто под просек,ама кога би ја видела со неговите очи можеби и не би било така :(
     
    На Тина -Стрелец му/ѝ се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    има колешки и никогаш за нив не сум помислила ништо, прво супер се и се дружиме сите а другите постарите не ги ни регистрирам.

    за мм јас сум најубава најзгодна и најпаметна :D

    нормално често се зезаме за колешките вака и онака но никогаш не сум се почуствувала љубоморна, збори за нив во одредена мера и ништо повеќе.

    искрено до сега не сум се почуствувала загрозена од ниту една жена верувам дека тоа е заради вниманието и почитта што ја има спрема мене и му благодарам. а друга приказна е тоа што нема да најде како мене :D
     
    На tina-63, srcekrsacka и Abeja им се допаѓа ова.
  9. eleni23

    eleni23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    21
    :D како ме погодивте со темава, баш вчера зборевме со дечкото за неговите колешки. Мојот дечко е асистент на факултет, а денешниве деца само на секс мислат (читај како да напредуваат со помош на секс) и ми кажуваше како го викале на кафе. За нова година имаа елка на работа и студентките си пушувале за него на елката како сакат да бидат со него. Во град кога ќе го видат трчаат се лигават уффф, еднаш збезнав искрено, ме нервираше сетаме у рамстор пред Нова Година и на секој 5 мин по некоја лигла го застанува муабет му праи и му викам вака не иде отсега само здраво, за муабет си имаат термин за консултации. Башка бившата му е колешка на работа и живее во неговата зграда, али се трудам да не се замарам и да си уживам во убавото време со него. Да сакал некоја друга ќе бил со неа, а он е со мене така да :) со замарање нема ништо да постигнам и се трудам да ги игнорирам...
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.253
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се замарала со колешките на мојот партнер. Затоа што јас сум во околина каде имам многу колеги. И знам колку би ме иритирало тоа да ми пререкува и да си филма за мојот однос со нив. Така да што сака нека прави нека му е него на совест. Јас не се замарам многу многу.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Лелелеле на една би и ја откорнала косата!

    На почетокот му се јавуваше на дечко ми на секоја фудбалска утакмица, демек ааа виде ли голот, виде ли фудбалерот, бел ден да не види! Кога дечко ми еден ден ми кажува дека нон стоп гу буцкала за мене, како он имал и поубави девојки, јас не сум била убава, само косата ми била убава, висока сум била за него...дрн дрн. Таа не се погледнала каква е ниска, дебела, со наочари, плавуша со црни корења. Кепец невиден, од што е клета не можела да порасне. :envy:

    Ама дефинитивно ја прелеала чашата еден ден му рекла пред сите колеги, абе појма немаш девојка ти е стварно грда. И овој и рекол уште еднаш ако кажеш нешто лошо за девојка ми, ке те фрлам по скалите надолу (имаат скали во канцеларијата) :lol: И оттогаш (пу, пу) му нема вртено, и муабет не му правела. Ама таа таква си е гомнојадачка, само шири негативна енергија околу себе, сите колеги ја мразат, никој не ја поднесува, ама тоа е клати врата, земај плата.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Мојот има само колеги. Ама секојдневно е во допир со пуфли кои одат на кафе таму кај што работи, ама не сум љубоморна, има толку работа што неможе да оди во веце, не пак друго да прави. :) Мислам дека тој е пољубоморен на моите колеги на факултет, ама навистина нема потреба од тоа бидејки да бидам искрена со никој не правам муабет освен едно здраво, сите се удрени со мокар чорап. Има само 2-3 фини дечки со кои правиме бош муабет од кои едниот учеше со мене до 4 година гимназија па нема навистина потреба од љубоморни испади. :)
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Мојот дечко има само колеги.
    Да имаше колешки, познавајќи го него, немаше да ми биде воопшто гајле.
    Да имаше нападни колешки, познавајќи го него - пак немаше да ми биде гајле, но сепак, жена си е жена, ќе засукам ракави, ќе направам ванилици со малку лаксатив и ќе и' пратам да си апне неколку, поздрав од мене до неа.
    :hai:

    А безвезе е тоа префрлање за колешки, без никаква причина, само да се најде некаква рачка.
    Познавам многу такви девојки, оток. |(
    Замислувам како мене ми префрла во иднина, во однос на моите колеги на пример, и си крои некакви непостоечки теории на заговор.
    Укажува само на несигурност, недоверба и љубомора.
    Лошо.
     
    На okcenzi, Shelea, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Повеќето колешки се повозрасни жени. Само една има помлада. И постојано се со неа. На состаноци, на патувања, на семинари, на работа во иста канцеларија. На гости нема дојдено, но имаме одено заедно на кафе со неа и нејзиниот вереник. Праќа поклони за малиот понекогаш. Многу често знам да го закачам за неа, ама чисто онака да се најдеме нешто да се препираме :) Знам како е да си со колега/шка постојано, нормално е и дома да ја споменува. Се додека е во граници на нормалата, нема зошто да правам будала од себе и да имам љубоморни испади. Знам дека жена кога сака нешто е спремна на се за да го добие саканото, но :!: му верувам на мојот сопруг.

    Го повикувам маж ми да се изјасни во темава, бидејќи јас имам само 2 колешки, а 60 млади колеги :lol: :lol: :lol:
     
    На ana-banana и imelda им се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Колешките на мојот партнер кој се во мал едноцифрен број и сакаат да пијат кафе со мене :D :D :D
    Не се замарам јас воопшто со тоа и не пијам кафе со нив. А што да каже тој каде што работам јас има 28 мажи и само јас жена :wasntme:
    Жени има на сите страни па ако сака нешто да направи ќе направи и во првата продавница од која купува компири :lol:
     
    На srcekrsacka, Alesii и Gea им се допаѓа ова.
  16. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Мојот сопруг има само колеги ама затоа имаат шефица :D . Збори по дома за неа чат - пат, го закачам јас му викам, абе смувај ја шефицата да ти качи плата :rofl: Јас на работа имав само колеги, па никогаш не сме имале проблем, па мислам дека и он да е со колешки, ако е се коректно не би имало проблем, ако не :punch: :rofl:
     
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Има колешки но сите се постари од него, некои можат и мајки да му бидат.
    Да бидам искрена да имаше некоја млада на дваесет и нешто год. би била малку љубоморна.. :tmi: хах иако многу му верувам некогаш знаам да го буцнам така за некоја од помладите колешки :lol:
     
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Мојот сопруг има 2 до 3 млади практикантки на работа , и натрагично он им е шеф :^)
    Едната од нив му пишуваше на Фб , малце ме нервираше .... Се додека не го седнав и му реков дека ми пречи . Се имам и запознато со Нив , и не ми претставуваат некоја закана за бракот . Затоашто имаме разбирање и секако доверба . Не се замарам премногу со нив . ;)
     
    На Anarchy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.657
    Пол:
    Женски
    Само оние кои се несигурни во себе и не си веруваат ни себеси, а камоли на партнерот, гледаат закана во неговите колешки. Кај мојот сопруг во фирмата тука во Мк, а и на глобално ниво, повеќе од половината се жени, и тоа на возраст од 20-30 години, и повеќето сингл. А како што мажот ми често службено патува, контактите со нив се неизбежни. И сега јас поради тоа да не спијам - нема шанса. А закана за нашиот брак сме само ние двајца, ако свесно решиме да не ги почитуваме заветите.

    Има една изрека, „каде што го вадиш лебот, не го вади к****“, и има вистина во тоа. А наше е колку ќе се придржуваме до тоа. Точно е дека најголем број афери се случуваат на работното место, бидејќи поголемиот дел од денот се поминува токму на работа. Ама тоа им се случува на оние што го сакаат тоа - и двете страни мора да бидат согласни, никој со сила не може да го натера другиот да направи нешто што не сака. Ако сака некоја, може и гола да му се соблече, нема ништо да постигне. Не пали тоа кај мажот ми. Од таа гледна точка, мирна сум. Освен тоа, и се дружам со колешките на мажот ми од неговиот тим, но и други, кои не се во тимот, а се во истата фирма, поточно фамилијарно се дружиме :)
     
    На Филотеа, Neytiri, BeLLaDona23 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. JenniferLove

    JenniferLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    71
    Мојот дечко работи во канцеларија со две млади колешки, ако кажам дека ми е сеедно, не ми е, кога ќе помислам дека со нив поминува повеќе часа одколку со мене, полудувам, си викам барем и јас да работев нешто да излезам од дома, а не, се натаму ми е паметот. Му верувам на дечко ми, сам ми докажал дека јас му значам многу и дека не сака да ме изгуби, се трудам да не забележи дека сум љубоморна, а и јас не сакам да сум, сега мора да работи, па може и јас во иднина ќе бидам во слична ситуација како неговата.