Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колешките на вашиот партнер

Дискусија во 'Брак' започната од girl.23, 21 февруари 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.154
    Му стануваш колешка и решен проблем...на пример.

    Никад сум немала проблем од овој тип,а право да ви кажам од дистанца,па не ми ни паднало на ум било кога. Освен...откако сфатив како постарите жени гледаат на младо мевце! Ама и тогаш не ми беше проблем, а веќе...па не ни има потреба да ми е.
    И да заокружам,проблем,нема проблем.
    И така,нема проблем,повели и друг пат!
     
    На tessie, Annath и Gea им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.827
    Пол:
    Женски
    На мојот се му се стари кокони. Ама и да беа млади никому ништо. Најмалку на мене. :)
    Никогаш не сум го мислела за работата, ниту пак за што и да е друго од овој тип.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    А што кога работата му е поврзана строго со жени и само жени?? :wasntme: Мислам жени во секаква функција, па во различна поза и секаква варијанта, облечена или полусоблечена и сл. :D Тогаш што треба, коси скубење и алкохолизирање?! Можеби дремење пред врата цело работно време?? Не дека не треба некогаш некој да се запраша и да помисли како е што прави и сл. но кога си несигурна и не се цениш и прифаќаш доволно, немаш свои интереси и најважно добра доза доверба, тогаш освен паметот таму кај него на др место нема да ти е.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.391
    Мојот има претежно колеги ама има и колешки.Две се така негова генерација ,другите исто се млади,омажени.Што е најбитно директорката му е женска :lol: ,има 30 год.Се случувало да му се јави навечер,да му пише пораки кога е во странство,нормално за работа.
    Значи факт е дека освен во работата секојдневно се среќава и тој и јас со машки и женски лица.Ако има доволно памет и љубов кон мене,нема да напраи ништо нити со колешка нити со клиентка .Ако не,тоа може да го стори со било која,не само на работа нели ;) Ние на работа сме само жени,па искрено ми фали машко колега.Кога сум била на факултет баш си ги сакав моите колеги,како другари нормално,си имавме убави муабети,кои сметам дека се малку поразлични од оние со другарките.
    Така и на работа,знам да го зафркавам некогаш,особено за директорицата зошто е слободна,а е тип што оди на секоја журка и секаде е главна,да не пишувам имиња и презимиња зошто сигурно некој ќе ја препознае :lol: ,го зезам да ја заведе да му покачи плата ;) Јас му верувам ,зошто ми ја докажал неговата љубов и доверба.Драми не правам,зошто ако почнам ќе почне и тој,а не сакам да биде така детски.Веќе сме зрели особи оддамна,и секој знае да ги разграничи работите.Не знам дали љубомората има врска со довербата во самите себе,обично љубомората да,е израз на нашата несигурност,ама тогаш кога немаме причина за неа.Ако имаме причина,тогаш колку сакаме да сме полни со самодоверба,таа сама по себе се наметнува,и ништо не може да го спречи него да те изневери нели.Зависи од случај до случај,од ситуација до ситуација.Сите не се исти.Сме имале сите во околината примери,каде дечкото,девојката е мирен како бубачка,никој ништо од него не очекува а тој со години изневерувал.Барем јас сум била сведок на многу такви.
    Да не бидам офф,се имам запознаено со сите негови колешки,Скопје е мало нели,па често знаат да ми пратат некој поздрав а што е најбитно нему му дале комплимент дека имал многу убава девојка :!: :lol:
    Па видете сега дали треба да сум љубоморна :wasntme: :P
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    во фирмата каде што работи има и колеги има и колешки(мажени)
    до сега немало некакви јавувања од нивна страна ниту љубоморни сцени од моја страна
    ретко споменува нешто од работа, особено некоја женска особа
    скоро го зафркавав малку да и се вовлече под кожа на шефицата за да му за зголеми платата :lol: ама тој не сака-повозрасна и дебела била, а имаат толку работа што нема време кутричок глава да крене
    му верувам на партнерот(ако почне некакви знаци да покажува, ке мислам тогаш, за сега е ок) :)
     
  6. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Мојот нема ниту една колешка, сите се мажи така да мирна глава :D
     
  7. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Овој мојот па што има една опасна к***а колешка, она сака под газе да му се пика,
    леле само ако ја сретнам некаде, сум и рекла да не ми се појави пред очи,
    оти за коса ке ја фатам........ :devil: :devil: поради неа бракот ми висеше на конец.

    тешко неа.. :@
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Абе ако не него му шетаат очите и му мрдка газето не само на работа секаде ќе му мрдка така да ич не се замарам ако тој сам не си е свесен и сам не знае да држи дистанца што можам јас да направам :) Битно плата зема :)
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.164
    Допаѓања:
    138.887
    Ние имавме една смешна ситуација пред некое време :D

    Муж ми играше фудбал со колеги, па одеа во кафана, ама таму се собираа повеќе, не само тие што играат, туку доаѓаа и колешки, и се заседнуваа. Едно сабајле влегувам во кола, и гледам женска шнола, и му викам дај и ја шнолата на колешка ти, и паднала, и он вика ок, и ја зема (знам дека има некоја блиску што живее кај нас, па ја враќал) и се заправивме нешто друго муабет...
    Ме остави на работа, и после неколку саати ми се јавува:
    Тој: Да не си лута нешто за шнолата?
    Јас: Не, зошто???
    Тој: Па не знам, да не си помисли нешто...
    Јас: Не си помислив де, а што ти текна па сега?
    Тој: А бе правевме муабет со колегите за фудбал и кафана. Некои кажувале дома дека одат само на фудбал, а не дека одат во кафана. Други кажувале и за кафана, ама не дека доаѓале колешки. Ја им кажав дека тебе се ти кажувам, дека ми најде и шнола сабајле, и ништо не ми рече, и колегиве ми рекоа дека или сум наебал, или не ти е гајле за мене :D

    Е после муабетот го умрев од зафркавање - следниот пат ваљда нема да најдам гаќи, и слично :D
     
    На Cka, eli25, Neytiri и 9 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.347
    Допаѓања:
    249.456
    Мојот има и колеги и колешки.
    И млади и стари, а плус работи со тинејџерки :wasntme: .
    Дали сум љубоморна? Апсолутно не.
    Не знам ни со кој е во смена, со која комуницира и слично.
    Негова работа.
    Ако сака да има афера, може и со мажи да работи и пак да ме изневери. Не со мажите де :D , надвор мислев :$ .

    Исто се однесува и тој. Јас работам со двајца мажи.
    Но нормално е ова и секој треба да прифати дека мора да постојат и колеги и колешки.
    Мене страшно антипатични и неподносливи ми се жените кои буквално ги демнат своите мажи, водејќи сметка и за колешките.
    Јас на таквите ќе им дадам двојче и бај бај :hai: .
     
  11. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    Пааа, јас во принцип сум љубоморна :( и ужасно го мразам тоа, и пробувам да намалам со такви мисли и правење филмови без потреба. Дечко ми, ме знае каква сум, и се ми кажува отворено, има само три колешки на работа, сите се млади, ама пред мажење. Btw, и јас се согласувам со тоа, дека ако сака да те изневери, тоа ќе го направи било каде и со било која. Доверба пред се! ;)
     
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Не можам да си дозволам да се замарам со колешките на мажот ми јас имам приватен бизнис ми доагаат и мене бившите колеги од телевизијата па не би имало логика да се прекоруваме
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Колешките на мојот партнер се 3 женички во климакс и јас најискрено сочуствувам со него,
    ама нема како да му помогнам :D !
    Си го имаат инаку муабетот, па уште сега се чуди како ќе ме истрпи и мене по 40-тата.
    И да , воопшто не сум љубоморна поради нив. Незнам зашто ;)
     
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Среќа мојот нема колешки, само мажи се на работа. Веројатно би била љубоморна, затоа што кај мене на работа гледам што се се случува меѓу “колеги“.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ни мојов мм нема колешки, само мажишта се на работа.
    Меѓутоа меѓу деловните соработници има и жени- бизнисменки. Се има случено да е на деловни состаноци и деловни ручеци со нив и искрено не ми ни паднало, сега за сега :!: , на памет дека нешто мути.
    Обично кога ќе дојде дома за време на ручек си го прераскажуваме денот кој како поминал и до сега не ми скрил ни каде бил, ни со кого итн. т.е. не сум открила дека ми скрил :D
    Не ми предизвикал сомнеж можеби затоа што секогаш е достапен или ако не ми крене тел. за брзо време ми се прејавува, никогаш немало сумљива позадина на гласови, молчења, тишини и сл.

    Но, очите ми се ширум отворени :geek: , не верувам слепо и си имам одвреме на време љубоморни испади кои секогаш се пропратени со доза хумор, сарказам или иронија (за да не ме зеза дека сум љубоморна и после намерно да ме провоцира :D )....во зависност од зачестеноста и исходот на состаноците. ;)
     
    На girl-miri, rici.aaaaa и eli25 им се допаѓа ова.
  16. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    И мојов нема колешки на работа се мажи се.. мислам и доколку би имал не би ми сметало.. му верувам ама понекогаш знам и да бидам љубоморна онака само малцее.. :)
     
  17. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    јас сум му колешка :) 24ч сме заедно :)
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Искрено премногу ги има,комуницира не со сите..има некои кои се поблиски,една има која и приватно ја знам,не ми пречи се додека е ваков каков штое-битно обврските дома си ги завршува па сега.......
    имам и јас колеги овде на работа ;) :rofl:
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Сеа не толку, отприлика 1:3, али таму кај шо работеше порано, само тој и чуварот беа мажи, другово све жени. Слободни, врзани, плави, црни, млади, стари, секакви. И не, воопшто не бев љубоморна, не видов повод за тоа. Откако ја напушти работата не ни контактира со нив, нити сум го осетила да ми е сумљив нешто...
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Јас по принцип не сум љубоморна, ама кога сум покажала такви знаци се докажало после дека сум била во право :D Знам некои од колешките на мм и се онака, фини девојчиња. Од претходната фирма кајшто работеше не можев 3 да смислам, од кои се докажа дека 2 му се нафрлаат, а третата сакала да му мести
    некоја нејзина другарка :lol: