Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колкава е моќта на потсвеста?

Дискусија во 'Психологија' започната од s-love, 15 март 2010.

  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    да ја слушаме потсвеста, многу нешта не би ја надминале границата на нормалата :$
     
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    2.715
    Пол:
    Женски
    Апсолутно точно.Какви мисли имаш такви работи ќе привлекуваш!!!Лично мислам дека секогаш треба да се трудиме да се ,,наоружаме,, со позитивни мисли и позитивна енергија и кога тогаш ќе ни се случат убави работи а и полесно ќе поминуваме низ животот.Секогаш не е лесно да си позитивен ама мораме да се трудиме максимално!
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ја читав и сеуште ја читам чат пат книгата на Марфи - Моќта на потсвеста, и мислам дека во голем дел ми има помогнато да поминам низ тешки периоди во животот.
    Ме фасцинира идејата како навистина можеме самите да сме си господари на сопствената потсвест, да ја тренираме на некој начин. Ако ништо друго барем апсолутно верувам во тоа, дека ако се концентрираме на тоа да си вметнеме позитивни мисли - дека тоа и ќе се одрази на нашиот живот и можеме во голем процент на поарно да го промениме нашето битие.
    Не знам, за некои луѓе ова се можеби глупости, но јас пробав и видов резултати. Ако ништо друго барем чуството да се будиш со насмевка наместо со солзи вреди за да се пробаат некои од методите кои Марфи ги наведува во книгата.
     
  4. adorija

    adorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Дали сте ја читале книгата Тајната од Ронда Бурн...има и филм документарец, ама на англиски, не знам со превод дали може да се најде. Ама во секој случај одлична...ја препорачувам.
     
  5. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    2.715
    Пол:
    Женски
    Сум ја читала и таа и ја ина во Табернакул со Македонски превод.Ама повеке лично ми се допаѓа Моќта на подствеста.
     
  6. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Ја имам прочитано "Моќта на потсвеста" од Џозеф Марфи. Прекрасна книга и вреди да се прочита. Добри совети, примери... и на крајот од секоја тема има резиме... немам зборови.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Ти можеш да имаш колку сакаш позитивни мисли, и ќе си се тераш све нај нај оптимистички, ама како што подсвеста може да те за*бе, никојјјј!
    Не може да се контролира, освен со хипноза!
     
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Моќта на потсвеста + силна волја + желба = успех. И како за утеха, позитивните мисли имаат далеку повеќе влијание во однос на негативните.
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    да знаеш само колку работи ми се исполниле со моќта на потсвеста
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ni23

    ni23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    И јас ја имам читано моќта на потсвеста,и се трудам да мислам позитивно... но некогаш не сум толку силна и како да губам надеж дека може да ми се оствари тоа што го замислувам и правам слика за мене..како да ми останат мислите позитивни..Пример неможам да останам бремена мм има неплодност и како јас сето тоа го замислувам и посакувам но понекогаш се откажувам.,си велам колку време треба да и давам наредби на посвеста колку ноќи и дена да си правам слика за она што го посакувам поминуваат години.. :worried:
    Надежта ни останува до крајот на животот.
     
  11. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    108
    СЕКАКО дека да,но треба да знаеме до каде оди таа моќ и да научиме да ја контролираме!! Многу работи сум постигнала со употребата на моќта на потсвеста! И секој може само ако верува во тоа !
     
  12. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Моќта на потсвеста

    Јас моментално ја читам книгава и до сега многу ми се допадна.Добивам мотив и инспирација за многу работи,ми ја подига самодовербата...
    На тие што не ја прочитале ви препорачувам да почнете, нема да зажалите ;) :)
     
  13. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Што мислите за човековата потсвест? Дали е можеби најсилното човечко оружје? Колку може психата да го возвиши, или во обратен случај, уништи човекот. Што е тоа што го тера човекот да потпадне под влијание на таканаречената психа? Зошто кога ќе си ставиме нешто во глава, тешко излегува, па сакале/ или не, мислиме на тоа, иако СВЕСНО знаеме дека не е така, но сепак на потсвесно ниво сме вознемирени? Колку и како потсвеста би можела или го дефинира човекот и не прави тoa што всушност сме, ја прави нашата индивидуа...Дали можеби самодовербата игра улога во сето тоа и кои луѓе се најчести жртви да потпаднат под влијание на потсвест. И како за крај еве, дали е можно да ја контролираме сопствената потсвест?

    Забегав малце со прашањата :D али вакви работи ме фасцинираат, едноставно капацитетот на човечкиот мозок ме фасцинира!!!! Знам дека има доста членови кои што уживаат во вакви дискусии и мозокот им се интригира при вакви прашања и дебати, па ајде да слушнам различни мислења !!! ;)
     
    На Lux, TheCandy880 и beached им се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Човековата Потсвест

    Човековата психа е под влијание на три основни фактори-биолошкото наследство или генетичкиот материјал (значи она што доминантно или рецесивно го наследуваме од нашите родители),потоа средината т.е.надворешното опкрузување во кое сме се нашле и влијае со свои сопствени правила,навики,норми и др.на однесување и на крај,но не помалку битно :!: -самоактивноста или самоактуелизацијата на секој од нас како посебна единка чиј склоп и ментален и физички никогаш нема да се повтори повеќе и др.како ја разбираме и манифестираме својата личност.
    Потсвеста е дадена кај Фројд во неговата теорија на личноста која е склоп од 3 делови ид(биолошка структура),его(психолошка) и супер-его(социјална структура).Накратко идот ги развива сексуалните,агресивни и др.импулси,кои егото треба да ги замени со реални цели како „разумен слуга на неразумниот господар„,а супер-егото поставува општествено-посакуван образец на однесување и се стреми кон совршенство на личноста во рамките на општеството.
    Адлер смета дека во потсвеста се социјалните тенденции,Фром смета дека човекот е осамен и изолиран,бидејќи е одвоен од природата и др.луѓе и најсилна негова потреба е потребата за припаѓање,но притоа да не го изгуби сопствениот идентитет.
    Гешталтистите сметаат дека потсвеста е егоистички насочена и со секое наредно „зошто?„ прашање,на крај се доаѓа до одговор поврзан лично со нас,дури и кога сметаме дека правиме нешто за др.пак мотивите ни се себични,т.е.пак на крај задоволуваме некоја своја потреба.
    Ова беше научен осврт.Мое мислење е дека ние се бориме со сите сили да го очуваме својот идентитет и да ги оствариме нашите цели и потреби,па не вознемирува ако не сме успешни(целосно или делумно) во тоа,па сега дали свесно ќе ја очуваме и браниме нашата позиција на фронтот,или ќе ја потиснеме(ќе користиме некој од широката палета одбранбени механизми),за пак да избие,тоа е наш избор.Се‘ е до изборот кој го правиме.Треба самокритички да го испитуваме текот на своите мисли и трезвено да ги одбираме нашите постапки и кон себеси и кон др.луѓе.Колку сме посовесни и повнимателни,повеќе ќе сме во состојба на мир и хармонија со нашата психа.Тоа не е ни малку лесно,некои битки се губат,но борбата оди понатаму ;) .
     
    На maravillosa, TheCandy880, beached и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Човековата Потсвест

    Мистери,имам многу пати размислувано на оваа тема,размислувам и сега :)
    Уствари работам на проучување на самата себе.
    Бидејќи мозокот уствари е најголема енигма,ни еден научник неможе точно да каже како функционира мозкот.
    Секој ден,тој изненадува.
    А ние,не го користиме мозкот..само некој си 3%.
    И,мислам дека од тоа зависи човековата потсвест.Исто така мислам дека таа е најголемото човечко оружје. (Моќта на потсвеста).
    Незнам ова како да го сфатам потпаѓање под психа,туку мислам дека човекот е производ на својата психа.
    Колку тој умее да ја контролира неговата психа,зависи од потсвеста.
    Со мислите кои се во нашата потсвест ние уствари ги провоцираме нештата да се случат.
    Пример кога посакуваме нешто (мислам на посакување,да посакуваш нешто вистински,силно) ако не обземаат негативни мисли,мислам дека работите ќе тргнат по надолна линија.Тоа се случува и кога едно нешто тргне наопку,тогаш се оди надолу со него.
    А ако не обземаат позитивни мисли,ако ја шириме позитивната енергија и покрај сите стапици мислам дека ги предизвикуваме нештата да се случат како што посакуваме.
    Во нашата потсвест е ние да замислуваме работи (чесни,искрени) а тие ќе бидам подобри одколку што сме можеле да ги замислиме.
    Меѓута,со сила убавина небива.Нешто кога не иде,тоа треба да се прифати како такво..да се остане трезен,и да се продолжи понатаму..
    И за крај,мислам дека може да се контролира потсвеста откако ќе се запознаеме себе си,а тоа е долг процес :)
     
    На maravillosa и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  16. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Штом ги поставив прањашата еве и да дадам моја гледна точка ...

    Да мислам дека психата може да уништи а исто така може и да воздигне човек. Сметам дека зависи од карактерот на индивидуалецот и самиот тој како индивидуа. Сметам дека најверојатно почнува од домашно воспитување. Дете што е добро воспитано, што не претрпува трауми, што има среќно детство и расне безгрижно (колку што може тоа да е), има многу посмирена потсвест, многу поголема самодоверба, па со самото тоа и многу повеќе шанси да успее во животот без да потпадне под негативни потсвесни влијанија. Контра на тоа пак се оние деца кои што имаат трауми од детството, може и да не ги паметат но сепак се врежани во потсвеста, па може навечер да се будат од кошмари, може да се нервираат и да избувнуваат во одредени ситуации, т.е. немаат толку голема контрола врз самите себе. Колку индивидуалецот е поуспешен во животот, ги остварува целите кои што си ги има зацртано, толку повеќе има самодоверба, толку потешко е да се урне и да се сруши неговата индивидуа, па можам да кажам дека овој индивидуалец има контрола врз сопствената психа. Тука можам да споменам и дека има некаква поврзаност со тоа колку индивидуалецот е емотивен. Ако некој нема контрола врз своите емоции, без разлика какви и да се, мислам дека многу полесно ќе се предаде на психата, од колку некој што има цврсто јас, има дефиниран карактер, дефинирана личност, се има дефинирано самиот/та себеси како индивидуа, многу потешко можеш да продреш до таа личност на емотивно ниво. Можеме да забележиме како некои луѓе си имаат свое јас и како не подпаѓаат под туѓи влијанија...Мислам дека кај тие луѓе е поголема самоконтролата а со тоа можат и да ја контролираат сопствената психа. Дали овие личности го користат мозокот за нијанса повеќе? Да без намера да навредам некој, мислам дека овие личности имаат поголем степен на интелигенција и дека токму заради тој факт се способни да ги контролираат своите емоции...

    Како и да е, ова е нешто кое што ме фасцинира...Би можел за психологија и анализа на личности и карактери, кои се карактеристиките кои што прават и градат одреден индивидуалец да зборувам цел ден. Ова беше само дел од моето мислење ;)
     
    На baguf4e, Strumfeta93, NotInLove88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Воглавном децата кои растат во нормални услови,изразнуваат во здрави личности..а тие другите,кои имале семејни проблеми,имаат последици.
    Меѓутоа,тука се работи..кога ќе созрее детето?
    Викаат тоа што нема да те убие,поцврст ќе те направи.
    Имам многу познаници,кои знам дека поминале низ детство какво што никој не би посакал..од татко кој се занимава со проституција,до мајка која е психички пореметена.
    Тие истите деца,денес ниту пијат,ниту пушат,ниту се дрогираат.
    Ниту се единичари.Тие се страшно воспитани деца,самостојни,културни,фини.
    А богами,животов ги довел до различни искушение..да посегнат и по најлошото.
    А од друга страна,познавам и деца,кои цел живот биле разгалени..се по нивно,се што посакале добиле,цело внимание им било пружено и од беснило прават глупости.
    Муабетот ми е дека,многу битен фактор е семејството за тоа во каква личност ќе израснеш...но не е пресуден.
    Некои решиле да бидат обични,ги задоволуваат просечни работи,други сме се фрлиле на истражување,проучување,поставување прашања и изнаоѓање решенија..а други,тргнале по т.н лоши патишта.
    Но,како што пишува Херман Хесе "Животот на секој човек е пат кон самиот себе,показ на еден пат,навестување на една патека.Ни еден човек никогаш не бил целосно самиот тој.Но секој се стреми да стане тоа,некој подмолно,некој појасно,секој како што умее.Секој ги носи со себе до крајот на животот остатоците од своето раѓање,слузта и черупката на еден прсврт.Некој не станува човек никогаш,туку останува жаба,останува гуштер,останува мравка..."
    - извадок од "Демијан".
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Ако детето е изложено на критика, ќе критикува.
    Ако детето е пораснато во околина со непријатели, учи да се бори.
    Ако детето е изложено на потсмев, ќе стане срамежливо.
    Ако детето е омаловажувано со презир - ќе има чувство на вина.
    Ако детето е ислушувано со толеранција, ќе научи да биде трпеливо.
    Ако детето е охрабрувано, стекнува самодоверба
    Ако детето е пофалувано, учи да се цени.
    Ако детето е опкружено со праведност, учи на правда.
    Ако детето е заштитено, учи да има верба.
    Ако детето има подршка, учи да сака.
    Ако детето е опкружено со пријатели, ја распознава љубовта во светот.

    Уште од мали нозе, самите покрети, повишувања на гласот, гестикулации можат да предизвикаат детето да израсне во погрешен правец :)
     
    На BubeFeminka и blueeparadise им се допаѓа ова.
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Гледам дека многу има насочување на детството низ постовиве.Детството е битен,но не секогаш и пресуден фактор за развојот на личноста и нејзините карактеристики.Голем дел луѓе го паметат во глобала своето детство,има и такви како мене што се сеќаваат до деталји на нешта од раното детство.
    Меѓутоа ако детството било проблематично секој реагира различно некој станува бунтовник,некој се повлекува во себе,некој е во дефанзивен став,зависи.
    Мое мислење е дека тинејџерскиот период е покритичен за личноста тука доаѓа до првиот поголем судир на младиот човек со надворешниот свет и секој се соочува со безброј избори,а верувам дека ретко кој е во состојба секогаш да го избере правилното на таа возраст.Тука доаѓаат првите поголеми фрустрации,разочарувања,изневерени очекувања,стекнување и губење на другари и партнери,средба со алкохол,понекогаш и наркотици,потреба да се избере професија и цели за иднина.Мене ми се чини дека овој премин од безгризно дете во возрасен кој ќе има рутински,монотони,понекогаш и банални обврски е болен и нималку лесен за психата.И сите избори правилни и погрешни носат нов материјал во оној дел од нашите мозочиња каде се сместува искуството.Секој од нас со својот специфичен карактер,темперамент фрлен во околностите кои ќе ги сервира времето во кое се наоѓа,прави одредени избори.Често и погрешни пр.тешко е средношколец да одлучи со каква професија би се бавел,некои имаат одредени таленти кои недвосмислени им налагаат со што ќе се занимаваат,ама кај оние кои ги немаат често доаѓа и до неправилни избори-немаат правилна слика за тоа што сакаат да бидат или бираат нешто врз база на илузии и посакување,а подоцна губат интерес или согледуваат дека не е тоа вистинскиот избор за нив.
    Подзабегав,ама да не е постов километраски да скратам,од адолесценцијата натаму гледаме да ја поправиме штетата од изборите кои сме ги направиле како тинејџери,учиме да бидеме посамокритични кон себе и кон другите,повеќе да го контролираме својот темперамент,да го прифаќаме она што не сме во состојба да го промениме,да го менуваме она што имаме шанса да го промениме и мудрост да ја видиме разликата меѓу овие две опции.
     
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    па по мое мислење голема........... за жал потсвеста сеуште нее целосно испитана а со тоа не ја знаеме нејзината целосна мок