Поствеста никој никогаш нема да ја испита. Кај секој човек е различна,таа не е некој циклус,не е нешто што е карактеристично за секого. ТИ можеш својата потсвест да ја испиташ,да не се повторувам..до тоа ниво стигнуваш кога ќе се соочиш сам со себе,кога ќе знаеш се за себе.
Психологијата почнав да ја проучувам за да научам нешто повеќе за себе,не толку од алтруистички порив да им помагам на др.околу мене,некогаш од најдобронамерна помош излегува поголема штета.Последно време често мислам на промените кои психички се случувале и се случуваат кај мене. Пак ќе се навратам на фројдовскиот поглед како цела наша сје*аност има корен во детството или сексуалните фрустрации.Јас не се согласувам со овој најширокоприфатен концепт,барем кај мене не дошло ни до некои големи трауми во детство нити имам сексуални фрустрации,па пак не сум останала имуна на психичко незадоволство. Јас и мојата психа имаме пакт да сме сурово искрени една кон друга,до невидена болка понекогаш.Тој е мој принцип на функционирање кој не е нималку лесен.Искрено да ги изанализираш своите постапки,мотивите за истите,без ни најмал дел да обоиш розевко,нити вината за сопствените потфрлања да ја бараш кај др.или да ја препишеш на виша сила-е макотрпна вештина,која тешко се гради-потребна е голема емотивна зрелост,која некој до крајот на своето постоење не ја стекнува.Да го извади човек пред себе целиот свој „валкан веш„ сите костури и сенки од минатото,да ги протолкува објективно,иако е до болка субјективно засегнат потребна е храброст,реална сила на психата да истрае.Потоа да се фрли поглед врз сопствената сегашност таква каква што е,со сите избори кои довеле до неа,па пак да се гледа најискрено е исто толку тешко,а не е ни полесно искрено да поставиме цели за иднина кои се во хармонија со нашата психа. Најголемите лузни на психата според мене ги оставаат емотивните повреди кои сме ги претрпеле (невозвратена љубов,не успевање од х-причини да останеш со саканата личност,изневерување во врската и сл.) и професионални фрустрации (лошиот избор на професија,неуспех за напредување,немозност да го работиш она што навистина сакаш и сл.).Мислам дека ова е најголемиот извор на фрустрации и болести кај луѓето, а психата ќе е посилна да се избори со нив ако и ги сервираме без додатоци,онака ладно пред фаца,а ако се извалкани со затскривање зад одбранбени механизми борбата ќе води кон пораз-неминовно.Јас се водам од девизата „најтезок пат е оној кој води кон нас самите„ ама мора храбро да чекориме напред по него,иако некогаш побезбедно ни изгледа да фаќаме кривини.Осудата на времето и постапките е незапирлива и мора да сме начисто со себе и со целата наша несовршеност секогаш и секаде,тоа не прави зрели луѓе способни да истраат во секакви искушенија.
Ненормално голема. И исто така се рефлектира врз нашето секојдневие, одлуките кои ги носиме, начините на кои постапуваме. Единствено не треба да и дозволиме таа да почне да не управува, односно да не направи играчката во приказната. Врз основа на потсвеста сониме многу сонови. Гледате, секаде околу нас е, и додека сме будни, и тогаш кога сме.. помалку будни. Ипак, не знам колку ме интересира потсвеста во споредба со свеста..
Неодамна читав една книга се вика Моќта на потсвеста од Џозеф Марфи , во таа книга е опишано како потсвеста влијае врз нашата психа. Кажано е дека ние всушност со нашето размислување , нашата потсвест го креираме она што сакаме да ни се случи во животот. Затоа мислете позитивно и бидете позитивни!
имам читано и слушано за моќта на потсвеста, искрено и верував и не верував, ноооо се уверив дека е многу важно човек да биде позитивен, еве јас знам од лично искуство, пред некој ден на 8 ми март излегов со родителите, пред да излеземе нешто почнав наеднаш да мислам дека нешто лошо ќе ни се случи и се таа мисла ме држеше и на враќање за малку избегнавме тешка сообраќајка , мислам Господ не чувал и тогаш сватив дека треба човек да не мисли на негативните работи. уште научно не е потврдено колкава моќ има потсвеста, но сепак луѓе мои бидете позитивни ако неможете барем бидете неутрални, но исфрлете ги сите негативни мисли, тие убиваат!.
чудно е тоа што се додека не прочитаме некаде или некој не ни каже не ни размислуваме за потсвеста јас скоро ја прочитав моќта на потсвеста и тајната (на исто се базирани уствари) и пробав дали делуваат со најбанални работи на пр. јас идам на факултет со двојче и додека идев накај автобуска си мислев сакам веднаш да ми дојде автобус и да си фатам единечно столче верувале или не ми успеа: се качив во полна двојка и застанав до едно столче на кое седеше жена, а жената стана и се симна на наредната станица и оп столче за мене можеби ви звучи глупаво ама пробајте се сеќавам еднаш одамна дека некаде прочитав when you want something, the whole universe conspires to help you и кога ќе размислиш зошто би било поинаку
Моќта на потсвеста е голема и клучна за најголем број на настаните кои ни се случуваат. Доколку размислуваш позитивно ќе ти се случуваат убави работи, доколку на се гледаш негативно, никогаш нема да си среќен и задоволен. Исто така потсвеста многу помага при лечењето на некои болести, доколку размислувате позитивно и сакате да оздравите, телото почнува да соработува и подобро се бори со болеста. Затоа...THINK POSITIVE
Јас мислам дека доколку за една работа размислуваме позитивно и силно сакаме да се случи, тогаш тоа така и ке биде. Верувам дека психата и потсвеста играт голема улога во остварувањето на нашите замисли и цели. Имав една школска во средно која во муабет рече дека прочитени и се сите книги Мокта на Потсвеста (3 дела се ми се чини) и почнала да се води по тоа дека ако размислува позитивно и цело време си вика дека ке се оствари тоа што го посакува тогаш тоа ке се случи. И даде пример повеке случки. И требало нов телефон и во теранова си најде, сакаше да студира на приватен факултет и доби стипендија, сакаше да оди за америка и само на неа од цело друштво и дадоа виза... Е сега, не знам колку е тоа случајност или не ама не ме кошта ништо да пробам
Потсвеста е архива на мозокот каде што се зачувани сите најситни мисли... таа е како досие каде е се добро зачувано... се што помислуваме остава трага во потсвеста... таа е нашето скриено и вистинско -јас-
Ми се случиле многу убави работи со помош на потсвеста Мислам дека книгата моќта на потсвеста ми го смени животот. Тоа всушност го пишува и на првата страница од книгата: Книгата што е пред вас прави чуда!! Вистина е !!!!
Ne e bas tocno deka se sto ni se slucuva e pod vlijanie na nasata potsvest, megutoa nie samite mozeme da si pomogneme so potsvesta.... CElta e da bides sekogas TUKA i SEGA!!! Da se koncentriras na segasnosta, da ne zivees vo minatoto i da ne ja cekas idninata, se e mozno vo nasite glavi!!!! Ako vie vo potsvesta si kazete jasno deka SAKATE NESTO DA NAPRAVITE i gi vidite posledicite koi bi ve iskacile na nekoe sledno nivo, togas samata potsvest ke bara od vas toa da go napravite!!! Taka dobivate sila i upornost za ona sto sledi!!!
Моќта на потсвеста Јас немам прочитано книга од оваа област , но го гледав овој филм-документарец и навистина ме наполни со позитивна енергија , почнав да размислувам подруго на работите и да ги ценам повеке.... итн Ви го препорачувам да го гледате http://www.youtube.com/watch?v=kPcPQBc5Ens
Jас немам прочитано книга од оваа област , но го гледав овој филм-документарец и навистина ме наполни со позитивна енергија , почнав да размислувам подруго на работите и да ги ценам повеке.... итн Ви го препорачувам да го гледате http://www.youtube.com/watch?v=kPcPQBc5Ens
јас ја имам прочитано книгата и потполно е иста како документарецот (до пола го гледав). Навистина се што е кажано има логика иако на почетокОт мислев деКа врска нема. Од кога ја прочитав книгата го сменив начинот на размислување, и ми се смемија многу работи, мОжеби глупо звучи дека книгава имА некакво влијание, ама мислам дЕка ствАрнО има. Вреди да сЕ прочита
Моќта на потсвеста е многу голема. Скоро секогаш кога мислам позитивно навистина ми се случуваат убави работи, и обратно кога сум убедена дека нешто лошо ќе ми се случи навистина тоа ми се случува. Се е во нашите глави, ако нешто навистина посакуваме да се оствари навистина се остварува.
Книгава лично ми го смени животот. Ја имам прочитано книгата а истата вечер и го гледав филмот. Ми го сменија животот од темели . Да не бидам оффтопик, моќта на потсвеста е второто најголемо нешто на земјата, после Него. Во книгата убаво е кажано: Ние сме магнети а нашите мисли се оние кои се спротивно наелектризирани од нас и се лепат за нас. Она што го размислуваме, на некој начин го повикуваме во животот. Свесно или несвесно.
Моќта на потсвеста Се сложувам прочитајте ја нема да зажалите, а откако ќе ја прочтате видетего и документарецот The secret. Отако ја причитав книгата и и го видов документарецот можам да кажам дека ми се сменија размислувањата на подобро. Се збори дека работите се такви какви што ги замислуваме во нашата глава. Доколку размислуваме позитивно и мислиме на убави работи ќе ни се случуваат убави работи, а доколку мислиме на лоши работи, лоши ќе ни се случуваат. Законот на привлечност, акција-реакција. Моќта на потсвеста е неверојатна работа доколку знаеме како да ја користиме. Еве го документарецот http://www.youtube.com/watch?v=_b1GKGWJbE8 Спојлер Интервјуа со водечки автори, филозофи, научници, со во-длабочината на дискусија за Законот на привлечност. Прикажано е како луѓето можат да учат и да ја користат "Тајната" во нивниот секојдневен живот.
Моќта на потсвеста Кога цврсто и силно веруваш во нешто ке ти се исполни. Ја имам прочитано книгата и можам да кажам дека ми го смени животот на подобро..едноставно почнав да гледам позитивно на работите, и да ми се случуваат убави работи. Најбитно од се е навечер да си легнувате со убава мисла и да станувате со убава мисла. Во негативните работи треба да го гледаме позитивното и да веруваме во убавиот живот. "Општа вистина е фактот дека се' што ке втиснете во потсвеста си го наоѓа својот материјален израз како искуство, слуќување или карактеристика" ..Многу е битно да знаете што сакате и која е вашата цел па силно и искрено да верувате во неа, секоја недоумица и доза на песимизам ке ви донесе само негативности. Јас тоа го пробав ви кажувам најискрено. Имавме некои финансиски проблеми еден период. Татко ми остана без работа итн итн. Секоја вечер заспивав со помислата како имаме пари и како татко ми пак е на работа..мислите ми беа сконцентрирани само таму..по една недела татко ми доби нова работи а ние се случи и нешто убаво што ни донесе дополнителни финансии. Тоа е мој пример..а во книгата ги има милиони кои ме натераа токму позитивно да гледам на животот и користејќи ја својата потсвест да одам кон поставената цел. Кој не ја прочитал ВЕДНАШ нека ја земе и нека ја прочита