Моќта на Потсвеста Секој од нас има его, односно „јас“ кое му е потребно и кое се развива во овој материјален свет.Тоа „јас“ е безвременско и сеприсутно, тоа е божествениот дел во нас, кое би можеле да го наречеме дух или битие. Подсвеста е сфера или ниво на доживување, однесување, мислење и искуствен живот на единката, моментално недостапна на помнењето и свеста. Подсвеста на некој начин е складиште за социјално неприфатливи идеи, мечти или желби, трауматични спомени иболни емоции, кои најчесто се ставаат надвор од умот и се потиснуваат од механизмот на психолошка репресија.Да не се сфатиме погрешно, содржината не мора нужно да биде само негативното. Дури некогаш воопшто не сме ни свесни што се нашата потсвест може да регистрира, но до тие нејзини длабочини може да се стигне само по пат на хипноза. Подсвеста е еден дел од системот кој може да се спореди со РОМ меморијата- во неа се е запишано. Нашата будна свест би била РАМ меморија. Егото би ја содржело меморијата поделена на РАМ и РОМ дел помеѓу останатите делови на софтверот (нашиот карактер, уверувањата, ставовите...) кој се наоѓа во нашето тело т.е. хардверот. Значи, егото би било хардвер и софтвер, а нашата потсвест би била личноста која управува со тој компјутер Не ја користам јас подсвеста, таа ме користи мене.
Ја прочитав "Моќта на потсвеста" токму поради моето песимистичко размислување, бидејки една другарка ми раскажуваше колку оваа книга може да ти ги смени размислувањата.Во книгата се објаснува за тоа дека дека ако постојано размислуваш за лоши работи токму тоа ќе ти се случува. Оние кои многу длабоко веруваат (не површински туку длабоко со нивната потсвест) најчесто им се случуваат чудо.Книгата е прекрасна кој ја нема прочитано од срце му ја преорачувам посебно на песимистите.Има многу прекрасни поуки,еве оваа ми е една од омилените: -Исполнете го својот ум со мисли за хармонија,здравје,мир и за добра волја и чудата ќе почнат да се збиднуваат и во вашиот живот! Има некои случки како човек кој многу длабоко верувал дури се излечил од рак...но во оваа тешко ми е да поверувм.За тоа стварно немам коментар но од кај да знам може би е вистина бидејки навистина голема е моќта на потсвеста.Не ми е тешко да поверувам дека толку потсвеста управува со нас
Моќта на потсвеста пред неколку дена читав една книга од која еден мал дел ми остави голем впечаток стрелец со одлична вештина за стрелање,кога и да стрелал секогаш прецизно ја погодувал метата,коа стрелал за сребро веке чуствувал невоза и напнатост,трема,коа стрелал за злато ја изгубил вештината и и сам себе
podsvesta mn moze da vlijae na nas zatoa nie samite treba da ja kontrolirame.da ne i dozvolime taa da vladee so nas.ona sto go mislime toa i ni se slucuva zatoa sekogas bidete pozitivni omrazata,ljubomorata ,gordotsta...svedete gi na minimum bidejki tie ni ja kradat pozitivnata energija i ni gi praznat bateriite ,potoa vo nas preovladuva negativnata energija.
Мокта на потствеста е огромна свеста ја храни а таа возврака, баш како што садиш тоа жнеш.Срекни се тие што знаат да завртат грп на негативата и што го гледат светот малко по розаво. Во секој случај ние управуваме со неа(свеста) а не таа со нас.Таа е само сунгер што апсорбира информации и бес никаков одмор ги обработува.Затоа внимателно треба да знаеме што да и прилозиме
Одамна добив желба да ја прочитам „Мокта на потсвеста“ од Џозеф Марфи, ама мислам дека сеуште не сум спремна за такво нешто. Сигурна сум дека само ќе ме исплаши и на тоа ќе мислам со денови откако ќе ја прочитам. Кога имав десетина години, се сеќавам немавме уште мобилни, а јас немав ни аларм. Видов во програма дека има интересна комедија што почнува во 4 и 10 наутро и многу сакав да ја гледам. Ми беше криво што немам аларм за да го навијам и да ме разбуди. Од некоја чудна, досега непозната причина, се разбудив во сред ноќ и кога го погледнав часовникот видов дека е точно 4 и 10! Прво се исплашив, а потоа седнав пред телевизор и ја изгледав комедијата. Уште како мала тато ми ја тестираше потсвеста, со тоа што ми поставуваше прашања најчесто од типот: Кој е главен град на некоја држава. Во моментот мене не ми текнуваше, а тато тогаш започнуваше друга тема на разговор со мене. И одеднаш мене ми светнуваш одговорот на неговото прашање. Тоа ми го обајсни на следниов начин: Во моментот кога ти го поставив прашањето, твојата потсвест почна да работи, да ги отвара фиоките на мозокот. И додека ти свесно размислуваше за нешто сосема друго, твојата потсвест работеше и ја најде информацијата. А потоа и ја пренесе на твојата свест за да ми го кажеш одговорот. Уште од тогаш пробуваше да ми ја пренесе љубовта кон медицината
mnogu dobro kazano,jas mislam se doagja od nas samite no na nasite misli ima vlijanie i nadvoresniot svet i se okolu nas,no samite sme odgovorni za se bidejki ona sto go mislime i sakame da ni se sluci ni se slucuva navistina.
За потсвеста веќе го кажав своето мислење во неколку поста претходно,и само едно би додала: грешиме кога велиме дека потсвеста е второто јас, всушност потсвеста е првото јас. Морам малку да демантирам сметам дека потсвеста и егото, навидум изгледаат слични и поврзани,како што велиш ти хадвер и софтвер, но всушност ЕГОТО е друг правец (според мене). Егото (принципот на задоволството) е: свесноста, несвесноста и потсвест Егото е оној наш темел,нашето богатство,нашето најмило,нашиот корен,оноа што никој не смее т.е. не дозволуваме да ни го повредат.Бидејќи тогаш веќе не преовладува свеста-не работиме свесно,не ја прашуваме потсвеста, тука работи несвесноста, работи духот на одбрана(кога се чувствуваме загрозено,кога сме нападнати) Егото е всушност,нашиот лик кој го градиме, и никогаш не дозолуваме да биде повреден. Значи се што правиме,свесно или несвесно,тоа е наш начин на изразување,говор на телото,со тоа ја градиме својата личност (за другите тоа претставува наша личност, но всушност тоа е нашето его) *П.С. многу е лошо ако сопственото его си го потцениме,или пак прецениме.За егото најубава е златната средина.Или пак да знаеме да си се носиме со него какво и да е. Не многу коментирав за егото,се надевам не ја нарушив темата,но сепак морав да го кажам своето мислење.
AnaKarenina про4итај ја без страв,ке ти го подобри зивотот,ти ја препорацувам од искуство јас ја имам 4итано 2-пати...
Ќе ја копирам мојата прва тема тука зашо беше посочено дека е слична на оваа. ама прво Лош наслов-да прашуваш колкава е моќта на потсвеста е исто како да прашуваш каков е миризот на говното Ај прво еден welcome дел може?! Јас сум Dinamickid никот е таков поради тоа што животот ми е нешто слично на берза горе доле...динамика .По трети пат правам профил на форумов после неуспешен „обид за пробивање стекнување на форумска слава и тн.превземање на друг форум со мојте квази глупи теми“. Првиот пат беше стрикно поради импресии од типка од форумов што ја читав едно 5-6 месеца (од мојот крај) и реков да го одкрие идентитетот..(неуспешно...женски памет) во случајот ќе бевме ненормален тандем.И предпоследниот пат беше поради барање на совет за страшен проблем и пак бев исплукан и обележан како тн.премногу амбициозно дете со неговите„јаки“новинарски колумни ... ај сеа темата Читав психологија дежа ву тука нешто пак на форумов.И сватив дека колку подолго читаш толку повеќе си опседнат со срањето а тоа е лошо.... остај тоа ..Долго време размислувам за подсвеста која можеш да ја контролираш верувајќи во работи што се одредени факти.(Ако цело време викаш дека НЕМАШ ПАРИ и веруваш дека немаш пари а незнаеш од кој џеб да извадиш ќеш нормално дека ќе немаш)финтата е во само-убедувањето на спротивно лошата ситуација од таа поволна во која се наоѓаш.Што значи дека ако веруваш дека нема да си најдеш дечко никогаш нормално-ќе умреш невина -. Книгата која ме натера да мислам на таа тема се вика „Moc Podsvesti“.(Не ви пропагирам Србска пропаганда не сакам и знам дека им е доста на Македонците по милион и први пат да бидат асимилирани од страна на србите)-. Сте помислиле ли некогаш за менување на вашата околина со помош на вашата подсвест?!.Дали размислувате во каква соба сакате да се разбудите?! Операциона сала можеби (вие емовци) се зезам,не делам етикети! Колку сте убедени во вашите желби дека ќе бидат остварени?! Дали размислувате за вашите желби?!Мислите ли на нив редовно секој ден?!?!?!?
Пред неколку години ја читав „Моќта на потсвеста“ не се сеќавам од кој писател беше, ама навистина книгата е одлична. Извлеков некои пасоси од таа книга и ги повторував неколкупати во текот на денот. Ни самата не бев свесна какви позитивни резултати ми донесоа. Прочитајте ја, нема да згрешите. Мозокот чуда може да направи, за него има една посебна обемна наука како тој функционира Така да со сигурност може да кажам дека потсвеста игра голема улога кај луѓето.
Често пати се соочувам со проблемот на хаос на мислите и чувствата... мн е лошо тоа едноставно мислиш дека нема излез од тој зачаран круг . Откако ја прочитав моќта на потсвеста увидов дека работите ми тргнаа по нагорна линија. Но , сакам да прашам дали од оваа иста книга има повеќе продолженија и ако има каде можам да ги најдам ? И ако знае некој .. дали има нешто за љубов ... како да се постигне посакуваната цел . Однапред благодарам
Моќта на потсвеста До пред година две моќта на потсвеста не ми значеше ама баш ништо но откако се заразив(ако може така да се каже) со психолошките книги а посебно со книгата моќта на потсвеста сватив дека моќта на потсвеста има многу големо влијание.Безразлика колку и да ти се мали шансите во нешто треба да размислуваш позитивно и да бидеш длабоко убеден дека можеш д аго сториш тоа и тогаш ќе забележиш колку моќта на потсвеста има голеа улога во нашите животи
Можеби имам одговорено тука, па да докажам уште нешто да, моќта на потсвеста е голема, но до толку што најверојатно ги има одговорите на сите филозофски прашања за животот, дури и на тие на кои не можеме да им најдеме одговор.
Моќта на потсвеста е огромна. Енергијата на мислата е многу силна. Човековиот ум работи на тој начин што, кога размислува позитивно се случуваат позитивни работи, а лошите мисли привлекуваат лоши настани. Законот за привлекување е најмоќниот закон во Универзумот, тој е неутрален закон кој што поддеднакво делува на сите луѓе. Кога не ми беа јасни овие работи, многу ми помогнаа книгите на Џозеф Марфи, Робин Шрма и Тајната од Ронда Берн, и еден куп документарци. Во тој период кога бев песимист, со намалена самодоверба и не верував во себе, ме освестија и разбудија, и од најголемиот песимист на светот направија оптимист. Е направив грешка што купив милион книги од овие автори, Ошо , и такви слични прирачници за самопомош , бидејќи подоцна сфатив дека се едно исто се врти, сите го опишуваат Законот за привлекување (The Law of Attraction), се е натрупано и нафрлано. Делуваат позитивно и мотивирачки, и навистина многу ми помогнаа да излезам од тој кризен период, но сите тие книги се чиста комерцијала според мене. Верувам во моќта на потсвеста, секогаш се трудам да размислувам позитивно и многу работи ми се сменија на подобро откако подобро се запознав со моќта на позитивното размислување.
Направи си еден експеримент, пред спиење помисли дека мораш да станеш ете на пример во 07 ч, повтори го тоа пред да заспиеш во полу сон, наредниот ден ќе се разбудиш точно тогаш... ако имаш некој проблем и мислиш на него пред да заспиеш, ќе сонуваш сон кој има скриено значење и во него се состои одговорот на проблемот.. ако е ова малку за моќта на подсвеста ти препорачувам да ја прочиташ книгата