Страшно има влијание врз нашиот живот !!! Признавам дека многу пати знам да бидам голем песимист, но последно сакам да мислам дека нештата (желбите) ке ми исполнат, односно ке се дел од мојата реалност. И кога имам вакви мисли полесно ми е да продолжам и да се борам за она што го сакам.
Голема, но во комбинација со свеста. Апсурно ми е хиперболизирањето на потсвеста во денешно време, а-у. Па како не, покрај оние квази книжулиња од типот на Моќта на потсвеста и Калуѓерот што го продаде своето ферари. Верувам дека ќе ми биде полесно ако длабоко во себе верувам дека ќе успеам, ми дава поттик, но ќе успеам зошто ќе работам, зошто ќе се потрудам, ќе се вложам себе во тоа што го правам а не зошто верувам во тоа и единствено верувам. Асоцијација на тоа ми е да чекам да добијам на лотарија а не сум уплатила ливче. Нема да ви падне Ауди во двор ако длабоко, потсвесно верувате во тоа ниту ќе ви стигнат карти за Америка по пошта. Едноставно нема. Книжулињата споменати погоре успеале да се популаризираат зошто на народот му треба надеж за подобро утре. Ако им помага тоа, нека. Само мене ми е апсурдно. Не дека јас не ја почитувам потсвеста и не дека нема удел во личниот успех, само денешната слика е сосема извитоперена.
Моќта на потсвеста? Сите сме слушнале па дури некои и прочитале за силното влијание на позитивните мисли врз нас.Дали мислите доколку постојано ја храниме нашата потсвест со позитивни мисли можеме да си го контролираме животот и да ги откриеме одговорите на некои поставени прашања во нашата глава?Сакам да споделам едно искуство поврзано со оваа па доколку ви се има случено нешто вакво споделете го и виее.Бев во врска со едно момче потоа се разделивме и изгубивме секаков контакт,го сакав и постојано ми се вртеше една мисла во глава која секој ден си ја повторував во врска со него,дека еден ден повторно ке го сретнам..Поминаа 1 год јас сеуште помислував на него но никогаш не се видовме ни слушнавме .Едно утро станав со некакво гадно пречувство,беше петок,имав чувство дека ке ми се случи нешто поврзано со него,по 1 год,таа вечер се сретнавме во еден кафиќ тој ми пријде и започнавме интересен разговор.Ми се случи тоа како и што посакував дали мислите дека оваа е некаква случајност?
Моќта на потсвеста? Дали е тоа случајност или не никој не може да објасни Потсвеста има големо влијание на свеста Тоа е опишано и во една мн интересна книга како и насловот на темата од Џозеф Марфи: МОЌТА НА ПОТСВЕСТА Краток опис - Вашата потсвест ги знае одговорите на сите ваши проблеми, желби; барајте од неа да ви одговори на сите ваши прашања; барајте од неа да ви ги исполни желбите. - Преку играта со својата потсвест многу отпишани болни се вратени во живот. Затоа што оваа помошна техника на терапија се користи на многу клиники во светот. - Заедничката тајна на сите великани, научници, уметници, е што умееле да ја користат моќта на својата потсвест. - Нашата потсвест е креатор и на духот и на телото. Доблест но и мана која ни задава многу главоболки во животот. Нашите зависности, стравови од кои со задоволство би се ослободиле. - Потсвеста е резиденција на вистината, на Господ, на космичка свест во нас, моќно оружје во вашите раце кога ќе научите со неа да управувате.
Моќта на потсвеста? Според мене огромна е моќта на потсвеста. Само работата е дали ќе те убие или ќе те оживее. Дај Боже се` почесто да е второво за сите на овој свет. Верувам во нејзината моќ, не за џабе тоа што е во главата е она што управува со целото наше тело. Умешност е да успееш да ја искористиш сопствената потсвест во своја полза.
Откога ја прочитав Моќта на потсвеста почнав да верувам во неа. Само треба да научиш како да ја раководиш и прилагодиш кон сопствените желби. Треба да ја препрочитам книгата. Сигурно има многу работи што сум заборавила како функционираат.
^ Исто така и јас ви ја препорачувам. Прочитајте ја книгата, тогаш ќе сватите колкава е моќта на потсвеста.
Секогаш ког амисалм позитивно се дешава обратното.Па затоа веќе си навикнав да си замислам све негативно што може да се деси за одередена ситуација и црвсто да верувам дека ќе биде негаивно и во 95 проценти од случаевите се дешавало позитивно.Незнам дали сум ја обратна повеќето луѓе мислат позитивно за да им се случи позитивно али мене вака ми се дешава....Незнам колкава е моќта на потсвеста ј аимам книгата п аќе с еобидам да ја процитам и сфатам
Се согласувам со тоа дека потсвеста влијае врз нашиот разум и всушност на еден начин е кормило на човекот, но некогаш се прашувам зошто и кога мислиме негативно, песимистички, еве да речеме дека никогаш не сме ни помислиле дека ќе ни се случи нешто убаво, на крајот ќе дојде нешто неочекувано, убаво и тогаш се чудиме од каде тоа, а цел живот сме размислувале негативно. Чуден е нашиот разум.
Се што мислиме со нашата свест се втиснува во нашата потсвест. Затоа треба да внимаваме на што мислиме затоа што потсвеста не знае дали тоа е лошо или добр, но засекогаш останува во неа. *Цитати од „Моќта на потсвеста“: „Можете да станете се што сакате“ „Ние сме она за што размислуваме по цел ден“ - Емерсон „Мораме да веруваме и да прифатиме дека се што ќе замислиме и ќе чувствуваме како реално, навистина и ќе се случи, сето она што му го пожелуваме на некој друг всушност си го пожелуваме себе си“ „Дури и ако нашата свест и нашата почит спрема ЈАС СУМ се само мала искра, разгорете ја со свежиот воздух на самодовербата и сигурноста. Мислете однатре, ЈАС СУМ и искрата ќе стане пламен - оган што гори во нас, и што ни го осветлува патот.“
Се сложувм со тоа дека се што мислиме со нашата свест се рефлектира во потсвеста. Пред скоро време ја прочитав книгата "Моќта на потсвеста" и мислам дека тоа што е напишано таму е точно. Сѐ она што мислиме, потсвесно го повикуваме и тоа ни се случува. Исто, пред скоро време по препорака на пријател гледав еден филм на YouTube "Тајна", кој е всушност искажување на рандом луѓе за тоа дека нешто потсвесно мислиме, тоа универзумот со цела сила се труди да ни го овозможи, без разлика дали е лошо или добро. Филмот е документарец направен според книгата "Тајна" (не се сеќавам на авторот). Интересен филм е, вреди да се гледа.
Искрено, не знам. Квантната физика е примамлива тема за зборување. Доста се информирав околу ова, книги, документарци, филмови... Ја разбирам целата тематика, ама за мене никако не функционира во реалниот живот. Па, изгледа не сум во ритам со универзумот
Способноста за користење на моќта на потсвеста не иде така лесно и брзо, треба време за да ја “свариме“ идејата. Прво настапува неверување, сомневање, страв, паника, бегање од одговорност... се додека не научиш " to let it go" и ќе сфатиш дека првото нешто што треба да направиш е да го најдеш внатрешниот мир, и да живееш во хармонија со своите мисли, без избрзување на работите и без страв, инаку јогата може многу да помогне да стапиме во контакт со нашата потсвест. Мене ми требаше мноогу време да сфатам и се уште не можам да кажам дека сум разбрала бидејќи учам секој ден. Секој ден си ги преиспитувам мислите и како тие се реализирале во материјалниот свет, бидејќи знам дека секој има удел во овој свет и сите сносиме одоговорност сакале или не. Скоро секогаш испаѓа дека само јас и никој друг не е крив за тоа што ми се случува мене и како им влијаам на луѓето. Но мислите не секогаш може да се контролираат, сите имаме успони и падови, така ако се чувстувам доле тогаш сакам да останам сама со своите мисли на одредено време се додека не ја пронајдам среќата повторно, се разбира ја наоѓам во малите нешта. Спојлер Мој совет: стапете во контакт со природата
Огромна! Не за џабе Пинокио го имаше штурчето,и секако нели е таа вечната борба да се послуша штурчето кое го носиме во себе,кое без престан ни зуи во главата,некогаш знае да биде и досадно и нападно да посакаш да си избегаш од своја кожа ама чим го послушаш знае за кратко да те остави на раат.До нареден пат
Моќта на потсвеста е голема доколку соодветствува со свеста. Вербата во нас ни дава поттик дека може да успееме доколку доволно се трудиме и знаеме дека тоа го правиме за себе.За нешто да постигнеме треба да вложиме максимално од себе без да се препуштиме тотално само на потсвеста и да се надеваме дека само позитивните мисли ќе ни бидат потпора за резултат.Ако умее правилно да ја насочиме моќта на потсвеста во своја полза,тогаш ќе ги сфатиме нејзината големина и значење во животот.
И "Моќта на потсвеста" и "Тајната" се многу добри книги и се си е супер објаснето-само ретко кој го сфаќа. На 90% повеќе им одговара да мислат дека ако визуализираш ќе ти падне од небо. Целата работа е во тоа да го програмираш мозокот за остварување на одредена цел,па така ќе почнеш да приметуваш шанси и прилики околу тебе што пред тоа си ги гледал,ама не си ги исперцепирал (ај така да се изјаснам). Нема тука ништо научно фантастично,чисто програмирање.Само го менуваш начинот на кој што ги гледаш работите.И да,можеш буквално се да добиеш и работите да си ги наредиш ти како што сакаш. Е сега,има некои работи што многу луѓе не ги прават,па поради тоа не им успева примената. Кога замислуваш одредена работа што сакаш да ти се случи,не е работата само да ја замислиш туку буквално да бидеш таму присутен,како тоа да ти се случува во моментот.Што ментално е остварливо,не ми е тешко да се замислам на некоја плажа сега,ама ај почувствувај го да те видам Се додека посакуваш нешто во иднина,ВО ИДНИНАТА И ОСТАНУВА.Тоа е главната парола. А и не заборавајте.Пред да посакувате одредени работи и да ги визуализирате,треба да бидете вистински од срце благодарни за тоа што веќе го имате. И кога веќе законот за привлечност е базиран на верба,треба и да верувате дека замислената желба ќе ви се оствари нели сепак.Нешто што е верно и веројатно за вас,а не да ви делува невозможно. Јас би ви препорачала,да направите експеримент прво,за одредена мала работа.