Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колкава плата имате?

Дискусија во 'На работното место' започната од littleflower, 2 септември 2014.

?

Колкави се вашите месечни примања?

  1. До 10.000 денари

    46 глас(а)
    3,5%
  2. Од 11.000 до 20.000 денари

    286 глас(а)
    21,7%
  3. Од 21.000 до 30.000 денари

    371 глас(а)
    28,1%
  4. Над 30.000 денари

    391 глас(а)
    29,7%
  5. Над 40.000 денари

    81 глас(а)
    6,1%
  6. Над 50.000 денари

    91 глас(а)
    6,9%
  7. Над 60.000 денари

    52 глас(а)
    3,9%
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Data Analyst и Data Science се тотално различни позиции, со тотално различни потребни квалификации.
    Имаш редовно вебинари за Data Science во Македонија кој што можеш да се запознаеш и со луѓе што го работат тоа, и со чудата што ги прават.
     
    На FAnn, drugarka и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  2. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    А за фронтенд не треба програмски јазик? :?:
    Точно е дека е потребно програмирање доколку се работи автоматско тестирање. За мануелно тестирање не ти е потребно воопшто програмирање, само добро око, критичко размислување и одлично познавање на бизнис доменот.
    Што секако, не значи дека ни едното, ни другото се лесно заработени пари.
     
    На raww и DAngel им се допаѓа ова.
  3. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    На ML и Data Science според мене вреди да се посветиш само ако не се гледаш во Македонија на долг рок. Точно е дека стануваат позастапени и побарани и таму, ама уште долго време ќе помине дур да стигнат (ако стигнат) до тој степен да ти ја нудат флексибилноста во кариера која би ја имала со, да речеме, web development.
    И мене најмногу ме влечеше машинско учење дур студирав, ама кога почнував да работам сепак избрав нешто што ми изгледаше е поперспективно на долг рок. Бар досега се покажа како добра одлука.
     
    На eliesaab, MarijaMi90 и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Се е тоа во ред, ама на крај за девелопмент сѐ што ти треба е желба да научиш и критичко размислување. А јазик се или, ама секој јазик се учи. Знам куп девелопери со курсеви што се концентрирате на една технологија или јазик и не ги бидува за кхм... Ништо...
    Затоа обично стои дека девелоперите барем формално се пензионираат после 35, после преминуваат во други позиции. Барем за најголем дел важи тоа.
    Ај тема за ИТ да отвориме, да се дружиме таму. Верувам има што да оговараме по цел ден :D плус може и по некој совет ќе си дадеме.
     
    На x-MajaEsposito-x, Elichka и Ivanna23. им се допаѓа ова.
  5. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    За човек без никакво преднаење подобро е да почне со фронт енд технологии одколку со тестирање тоа е мое мислење. Барем започнуваш со јава скрипт и добиваш некоја слика што значи програмирање :) Вака како што слушам тестирањето го мислат мачкина кашлица
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Исто и јас сакав да дадам идеа да отвориме тема за ИТ (y)(y)
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А фронтенд мачкина кашлица е?
     
  8. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Не е, но е најдобро да се започне со тоа, сепак е мое мислење :D
    Инаку фронт енд програмери и бек енд се еднакво важни и имаат своја тежина, ама овде зборуваме за некој што не знае буквално ништо од програмирање, баш пред некој ден видов смешка каде на почетник гледа колку барана е React и тој демек гугла како да научам React без јава скрипт и тоа ме потсети баш на ова и викаат леле колку е лесно ајде тоа ќе го учиме и се залетуваат, а уствари во право си за manual testing не треба програмирање :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    Точно, ама и критичкото размислување не е баш нешто што се учи. За тоа или те бива, или не те бива. А такви што не ги бива за кхм.. ги има и со факултетска диплома. И тоа се баш тие што мислеле дека е доволно само да седнеш и да учиш. Учењето технологии и програмски јазици ќе те направи кодер, ама не и девелопер. А да, и јас не се гледам долгорочно во програмирање. И тоа е според мене нормален и природен тек на настаните. Како што стекнуваш искуство, се помалку да бидеш посветен на програмерскиот дел, а се повеќе на менаџирање на процесот, на учество во целиот lifecycle, на менторирање на нови луѓе и слично. Ретки се тие што и после 10-15 години како девелопери, се уште им е предизвик програмирањето. Пошто да бидеме реални, се менуваат технологии, нонстоп се е во движење, треба да учиш и да се усовршуваш, ама длабоко под сето тоа и не правиш нешто којзнае колку поразлично од пред 5 години, само користиш различни алатки.
    Ако не го мрзи некој за тема нека отвори и нека не' преселат сосе мислења. Верувам ќе биде корисна за споделување совети. За оговарање, дур бев во Македонија имав материјал за цела книга, сега не толку. :lol:
    Види, се сложувам сосема дека за повеќето луѓе при навлегување во програмирање многу полесно е да почнат со фронтенд, пред се затоа што е поопиплива материја од бекендот. Куцаш код и гледаш на екран што си направил (И мислиш дека си направил нешто уау првпат кога ќе успееш да направиш форма со разни инпути стилизирана со бутстрап :$).
    Меѓутоа не секој сака да се насочи кон програмирање. И тоа е сосема во ред. Ако некој истражил и заклучил дека повеќе му лежи тестирање и повеќе го бива за тоа, само напред.
    А тие со мачкината кашлица, и со тестирање да почнат затоа што мислат дека е „мачкина кашлица“, и со фронтенд да почнат затоа што мислат дека е „мачкина кашлица“, нема да постигнат многу. Не е тоа до самото тестирање, фронтенд или бекенд. До мајндсетот е.
     
    На Mikha4, x-MajaEsposito-x, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
  11. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    19.952
    Пол:
    Женски
    Така е. И мене ми е несфатливо како е можно доктор со повеќе од 20 години искуство, специјалист, да зема пониска плата отколку просечен програмер. За искусен програмер веќе да не правиме муабет.И не само програмерите, конкретно знам за вработени во странски фирми за маркетинг, што не студирале тоа, не завршиле курс за тоа, само имале контакти и одлично владееле странски јазик, што за кратко време земаат околу 1500 евра. Стварно не е во ред некој што вложил во себеси деценија во учење да е исто или полошо платен од некој што имал само обука од неколку месеци.

    Другово не ти го реплицирам тебе, зошто знам дека сосема ти е јасно како функционира системот, туку само гласно си размислувам што е причината за тоа и кој е изговорот за оваа ситуација во Мкд.

    Знаеме дека сепак пазарот е тој што ги диктира платите. И ако на пазарот се бара ИТ или добра Инфлуенсерка на Инстаграм, тоа ќе биде подобро платено колку и да е несфатливо, фер, нефер. Уствари, воопшто не се подобро платени ит од докторите генерално, на светско ниво, само кај нас разликите се големи зошто едните се платени од странски фирми, а другите од македонски буџет.

    Во последно време гледам дека има и значително покачување во Мкд на платата на специјалистите и веројатно засега толку и може да биде. Нереално е да ги споредуваме овие плати зошто доаѓаат од сосема различни извори.

    Фрустрира, но тоа е само одраз на државата во којашто живееме. Од друга страна пак, добрите плати на младите кои се во ИТ ја подобруваат генерално и економијата во Мкд. Накрај се трошат тука.

    И сосема за крај, сметам дека секој што е професионалец во својата струка заслужува и сосема оправдано е да е одлично платен. Одличен програмер некогаш ќе заврши мн поголема работа отколку просечен доктор.
     
    Последна измена: 30 јуни 2021
    На Alex.T, Annora, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Во државен сектор докторите земаат ниски плати, оти државата 'толку можела'
    А за програмери, пазарот е глобален и оооогромен.
    Доправа ќе има потреба од ИТ кадар.
     
    На raww, elimkd, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    19.952
    Пол:
    Женски
    Па истото го пишав и јас, во објаснувањето подолу. Но доктор специјалист и во Мкд веќе зема околу 1500 евра плата. Барем тие со повеќе искуство. 100%.

    И јас мислам дека потребата за ИТ нема да згасне. Иако мн тврдат дека сите се насочуваат натаму, ќе се засити пазарот, не верувам дека тоа ќе се случи во догледно време. Зошто се се дигитализира, оди натака, не гледам начин да се засити. И ги поддржувам сите што сакаат да се прешалтаат. Подобро уште некоја година учење отколку цел живот ниска плата и фрустрации.

    Но, треба да им е јасно дека тоа има смисла само ако имаш сенс и желба за тоа. И дека не е доволен курс од 6 месеци, напротив, треба сериозно да се вложи човек во тоа и да е спремен да почне од почеток, со платата што на почеток се нуди.
     
    На Alex.T и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Се' што е на државно кај нас е повуци-потегни.
    Од дрпање не остана пари за покачување на платите на оние од кои животот ни зависи.

    Да работиш секој ден, со дежурства, па да не смееш одмор да земиш дека пандемија... да не прајме муабет дека животи зависат од твојата работа, башка претходно се образоваш 10 години...

    Јас лично го сметам за потценување.
     
    На mira.mira, raww, fana и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Не сите, имаш доктори специјалисти кои имаат чат- пат по неколку пациенти месечно и специјалисти во одредени гранки кај кои се редат купишта пациенти ( голем дел препратени од помалите градови од специјалисти таму кои не се толку едуцирани или обучени да користат опрема или ја немаат али ради позиција и стаж зимаат пата и дупло поголема од оние кај кои ги препраќаат) и зимаат слична плата независно од трудот кој го вложуваат на месечно ниво.Така да тие што немаат работа толку, а зимаат како оние кои се кршат од работа али ради баланс у плати тоа е што е, не им е ниска, незаслужена им е.
    Кога некад ќе се регулира платата да зависи од тоа колку пружаш и нудиш како услуга, како финален пакет и при тоа да имаат награда тие што се растураат од работа, а не сите да имат исто друго би било.
    Има многу нерегуларности и во тоа државното, една од најчестите причини колку и да е стабилна таа работа зошто често е напуштана и си одат на приватно. Е таму е друга песна, има огромна плата ама и запотен газ да се заслужи.
     
    На MarijaMi90 и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Многу има за зборување за здравството... да не отворам 'уста', оти темата не е за тоа.
    ... а и не знам од кај да почнам...
     
    На MarijaMi90 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  17. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    На место си е муабетот и темата, мене лично ми нема смисла и економска оправданост на некој специјалист кој има минимум пациенти месечно и на некој кај кој крцаат термини до последно преполнети да зима пример 1500 евра месечно, ама Венко не размислува вака:D После зошто е така, епа затоа е вака, постручните избегаа на приватно, а од младите повеќето знаеме каде се или целат за натаму, поинаку да се вреднуваше трудот и финансиски и секако поинаква сликата би била, ама тоа е што е.
     
    Последна измена: 1 јули 2021
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Абе за доктор не е 1500евра многу.

    Па ако е некој ултра способен и 5000 да му плаќаат не би било многу.

    Работата е што кај нас за се' е така на државно.
    Оти цел систем ни е сјебан и ништо не функционира како што треба.
    Никој не пријавува неправилности, никој не се грижи за набавки, се' се прави најмалку што е можно.

    Сте виделе некаде иновативност или иницијатива за оптимизација да преземи некој во државна фирма?
     
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Е, за многу што имаат минимум пациенти па и особено за тие што прикажуваат дека работат нешто, а секој ''втор'' ден се возат у брза помош како пратиљи на пациентите кои ги пуштаат кај поискусните ама мизерно платени колеги, и а да и за тоа добиваат на плата за придружувањето плус:cash:
    Дај отвори некоја/ некои нови теми на раат да си пишуваш за нерегуларности во здр. ќе знаeш од кај да почнeш, а и ова последново прашање би била добра нова тема:D
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Епа затоа викам никој не пријавува неправилности, никој не води евиденција за ситуацијата на терен, на ниеден вработен не му е гајле како функционира институцијата...
    Сите гледаат да поминат со што помалку обврски.

    Во тој контекст ми беше муабетот за иницирање промени.
    Ни еден државен работник-никогаш не рекол: Ај да го оптимизираме процесот.

    Сите гледаат само да им заврши работното време и месецот плата да земат.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.