Glad you asked. Од тука надоле има во детали. Long story short ако на некој не му се читаат полемики, секој snooze делува како мини срцев удар на телото. Инстантно го качува притисокот и го забрзува срцебиењето. Не само што ништо не се добива преку него, туку активно се губи, особено ако се на поголемо растојание и во поголем број. Секоја дремка по првиот аларм не се брои како сон и има огромно влијание врз денот, расположението, имунитетот, импулсивни реакции итн. Фактот што вторпат ја рекламирам книгава во рандом теми ме прави ептен секташки да се осеќам.
Не знам дали е полошо тоа што веќе го знаев ова и некако претпоставував дека за тоа ќе биде книгата и и покрај тоа си го правам истото на себе или тоа што не знам како да го променам... Може книгата оди во детали и за решение па ќе треба да ја разгледам. Воопшто не те прави така тоа што сакаш да им помогнеш на другите Верувам дека многу вакви работи што ги правиме секој ден и не сме свесни за тоа, придонесуваат за и така лошата општа состојба на луѓето и индивидуално, а со тоа и колективно.
За будење ниеден, или спијам премногу ако немам работа, или не можам да спијам ради нешто што треба наутро. Ако фатам рутина прелесно се будам, и имам доста манична енергија, од отварање очи до фул муабет модус сум испод 2 секунди. Понекогаш е лошо, некој пат позитивно. Не дека имам избор. Потсетници од друга страна добро би ми дошле, освен на брат ми не помнам родендени и слично.
Еден во 06:00 секое сабајле од пон до петок, дури некогаш и 5мин пред аларм станувам. Викенд од навика, пак станувам рано иако сакам да поспијам