Читам по темиве, гледам на жени, дури и мажени, им се случувало да ги побара друг да се омажат за него, иако немале ништо со него. Па ме интересира: Колкумина, до сега, ви предложиле брак? Мене, никој освен сопругот. Додуша, и јас не сум посакала да бидам во брак со никој друг, ни пред, ни потоа... Иако сум имала врски од различен вид... И пред, и потоа А имам другарка, која, додека бевме млади, секој со кој одеше, и' имаше понудено брак... буквално, секој! Ениуан? п.с. Аууу.. сега ми текна... бившиот што беше насилник... и што одвај го откачив сакаше да се ожени со мене... скроз го заборавив.. @referentka , фала што ме потсети. п.п.с. Ако има ваква тема, или не е за овде, слободно префрлете ја или избришете ја.
Четири. Две прифатени. Една од старт. Една со резерва зашто незнаев дали ќе можам јас да прифатам брачен живот повторно,ама супер излезе. Останатите две......Господ бил со мене
Пред брак еден само маже и ете брак од 15год. Во брак бајаѓи,најмалју 7 на кои можам да се сетам и тоа ова се роднини на маже,колега,мои комшии мои школски другари кои им текна откако се омажив. Супер тема па и машалаа за анкетава
5 и ниту една неприфатена ! Не се каам вооопшто бидејки не е бракот за мене , освен за бившими за него ми е криво што лесно се откажа од мене
Зависи во која смисла. Со прстен предлог на брак само еден и тоа од сопругот, а такви кроз муабет , со еден кобајаги имав врска, се зезав со него детска работа, а тој почна да ми збори за брак и фитиљ фатив.... Друг , немав ни В од врска почна да ме прогања за брак и од него се сиктерисав..... За други не ми текнува, оти сум немала врски... А додека сум во брак не сум имала такви ситуации.
Значи три Не мора да се со прстен. И ние со мм, прво разговаравме за брак, прстенот дојде многу подоцна.. Понуда си е понуда, и со и без прстен
Маж ми беше многу романтичен и спонтано и неочекувано беше. Бевме во Охрид и нарачал вино и вечера во соба. Додека разговаравме ми пријде да ме бакне и наеднаш во устата ми се најде прстен. За момент ќе го голтнев, ама нејсе, битно се потрудил, важно немаше помпи , фешти и паѓање у несвес пред јавност.
Сум имала 2 долги, сериозни врски во кои се разговарало и за брак во иднина, но конкретна понуда не сум имала. Иако и од двајцата на подарок имам добиено прстен со камче, налик веренички Едит- Ставете 0 во анкетата, да можеме и ние непожелните да си гласаме
И јас само од вереникот, мада немав шанса да добијам друга логично, 10 год сме во врска од мои 15. Во текот на врската имало некои будали кои рекле јас тебе ќе те женам, ама не им обрнував внимание оти тоа ми е многу прост муабет да го кажеш на девојка со која немаш ништо.
2, со прстен. Првата ја одбив после 9 години врска, втората од радост одвај да реков, после 2 година заедно. Или само се онесвестив од среќа, не знам.
Две официјални со прстен,од кои еден пропаднат брак,од другата понуда ќе биде и брак но не се брзам, убаво ни е и вака две само предлог со збор,двата одбиени.
Две неофицијални. Тогаш имав некои 18/19 години и на крај памет тоа не ми паѓаше. И двајцата подоцна за неколку месеци навистина стапија во брак. На луѓето стварно им било до женење. Среќна јас без нив, среќни и тие без мене
Само една пред брак и ниедна во 10г брак . Зар фрчат брачни понуди и веќе кога е некој бо брак , јас сум изгледа од марс падната
Понуда со прстен officially само една од сопругот Инаку со предлози( неофицијално низ муабет ) од бившите 2 и еден даден promise ring од првиот дечко, кога ќе ми текне не знам дали да плачам или да се смеам ( кога се скаравме го вратив секако)
Две со прстен, првата одбиена затоа што доаѓаше од бивш дечко со кој раскинав поради премногу љубомора и една која ја прифатив после 7 години врска И една без прстен од еден колега кој рече цитирам: "со таков карактер тој твојот нема да те земе, туку мене и онака ми се свиѓаш а и можам да те трпам па да се земеме ние двајца да си живееме слободен живот" не ја прифатив
Во средно еднаш еден од класот го зеде прстено на другарка ми и клекна пред сите мртов сериозен и ме гледа. После сите ми кажваа колку е вреден и каква свекрва ќе имам. Смешно ми беше тогаш. Се рачуна ова? *гимназиските деној стварно убај беа