Една со прстен на сред ресторан, букет ружи и во присуство на моите родители и брат ми. Изненадување ми спремал , сите знаеја, јас НЕ, нормално.
Другарка ми ме бара за жена во поќе наврати. Кога со прстен од хартија, кога од лајче за кафе, зависи.
официјална од мм само пред мм имав додворувач кој никако не се откажуваше од својата намера.Кога дозна дека се омажив ми се јави и ми рече остави го јас ќе те земам..биди моја жена На крај истиот зеде жена со мое име
Еден бивш на лист хартија ми напиша: Омажи се за мене, те сакам премногу, биди секогаш покрај мене. Нормално дека не го сфатив сериозно и не ни одговорив нешто на тоа. Се знае што е понуда за брак, со прстен. Е таква не сум имала досега, за среќа.
Оти ма директно со прстен? Ние си шепкавме година и нешто за брак, и си планиравме што ќе правиме, и како ќе ни биде, дали и колку деца ќе имаме, ако имаме како ќе се викаат.... итн итн.. И после, кога се договоривме дека е време за брак, отидовме заедно и си купивме прстени еден на друг. После, само си се договоривме, кога 'официјално' да ме 'побара', па после да кажеме на сите... Ако ми понуди некој на незборувано за брак, со прстен, па уште да ми клекне, па уште и да е на јавно место... како што е мода сега, нема шанса да му речам 'Да'!! Усвет ќе фатам некаде.. ... Како што е и примерот, со тој другиот, кој одлучи 'да ме земе', а мене, не ме ни праша дали сакам предходно, па се обиде да ме стави пред свршен чин и на сите да раскаже дека бил верен. Ама се зае*а гадно! Пошто не се плашам од 'етикети'....
Тоа да, понуда за брак онака како од ведро небо и јас не сакам. Не би ми било пријатно и да е јавно. Со мојов веќе си имаме дадено збор дека секогаш ќе си бидеме заедно, само сега уште сме млади за брак. И имиња за деца веќе имаме спомнато, ама уште не сме се договориле.
Две(со прстен) и со на сопругов ако ја рачунам вкупно се три и тоа во иста година само некој месец разлика И на сопругов понудата за брак беше исто со прстен и тоа ме побара за жена во манастир на терасата кај калуѓерките
Сите бивши мои по раскинувањето купиле прстен и сакале да ме бараат. Ни еден не се осмелил. Еден бивши до скоро уште ме бараше телефонски. Последниот пат ми рече дека ако уште еднаш го одбијам, имал девојка што се во врска еден месец, ќе ја барал нејзе. Му посакав среќа, може и се оженил (штом се смири). Следно од Шиме очекувам, на ова веднаш "да" ќе кажам.
Една. баш убаво ми дојде што прочитав дека има луѓе кои не паѓаат во несвест на изваден прстен или муабет за брак туку реално си согледале па можело да постоело и НЕ. Многу ми се бајати оние женски што само тоа чекаат а не гледаат дали го бива или не за неа дечкото.
Една и единствена понуда од мм, не ни имал некој друг шанса да ме побара затоа што од забавиште сме заедно. Дечковците пред него ми беа само за држење за раче.
Една единствена...само од мм. Се случи пред 6 год. на св.Пантелејмон во Охрид...ми кажа пред да излеземе и двајцата да се облечеме во бело...ни на крај памет не ми текна зошто тоа го бара...ама не го препрашав. Беше ноќе...немаше никој на Пантелејмон...клекна на колена...и извади прстен. Секогаш сонував некој на токов романтичен начин да ме побара за жена...мм без да знае...сонот ми го оствари на најубавиот романтичен начин. И уште 10 животи да имам...само на него би му кажала ДА.
За мене нема место во анкетава. Ниту една не сум имала, фала Богу, да не ставам никој во непријатна ситуација.
Една, од маж ми. Од бившиот скапав чекајќи, врска од скоро 8 години, планови и планови, една понуда од мене на која се изнасмеа, и после некое време кога сфатив дека не ни сака брак со мене му раскинав. А човекот кој не веруваше во брак, откако останав бремена побрза да го купи прстенот Џоа ќе му избегам со стомакот
Ниедна Мм јас го побарав т.е фино го однесов во златара и му кажав кој прстен си го сакам, па на кој датум сакам свадба да правиме и се понатаму. Ко да ќе ми избега, Бог да чува и да брани. Да не ви кажувам колку години имав
Само една понуда. Од мм. Всушност, не ме ни побара за жена. Не беше класично барање. Не сум таков тип.