3 понуди за брак. Првата беше прифатена ама остана само на веренички прстен и таму и се заврши, втората беше од дечко со кого бевме заедно неполн месец и последната од сегашниот сопруг.
4 понуди. Првата,воопшто не бевме долго заедно а тој запнал брак,па брак. На вториот му го џитнав прстенот кога дознав дека си контактира со бившата редовно,па и онака случајно нова година заедно славеле. Третиот,психопат не го прифатив,па тој откако преболе,истиот прстен и го даде на новата девојка. 4 беше понуда од маж ми. Убава класична веридба си направивме.
Немаш гајле! Да видиш јас што се' сум имала на 'репертоарот'. Ова ми е скроз прикладно за овде во моментов:
Вие без понуди, а во брак и вие со 4-5 а само една прифатена .. шу праите ? RUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUN !!!! RUUUUUUUUUUUUUUUUN !!!!
Две. Едната јас не ја сфатив сериозно и вака изгледаше. Понудата е од другар на мој бивши дечко и едно време ми беше десна рака за се од кога раскинавме. Си седиме на негов именден и јас ајде си станувам да си одам дома а тој со реченица ,, Остани си, тато вика убава снаа ќе им бидеш". Јас се насмејав и си појдов но сега кога ќе размислам можеби подобро ќе било.Но ете судбина. И втората од сегашниот ми сопруг. Се ни беше договорено дека е време да се земеме бидејќи знаевме дека сме еден за друг створени и воопшто не се каам за одлуката.
7-8 понуди и сите на 18 години. Некои беа од рандом стари ергени кои прв пат ги гледам. Една имав од типац со кој се имав видено 3-4 пати. Последната беше на инстаграм од еден џандар и содржеше закана дека ако не ја прифатам ќе си плаќам казни цел живот
Неколку, не сум ни размислувала на темава... ... Ама ова што се случи денес беше врвот. Бивши со кој не сум во контакт цели три години (со причина!), ми се појавува од никаде и ми кажува како не може без мене, како не успеал да ме преболи и никоја не е како мене, и едно време вика „Дали ќе се омажиш за мене, зашто јас НЕ МОЖАМ БЕЗ ТЕБЕ?!“ (кај е она :eek: емоџино коа ти треба!) WTF WTF WTFFFFFFFFFF!!!!! NO, DUDE. NO! И уште ме прашува зошто
2. Првата беше во средно. Цело време збореше дека ке ме земе да сум кажала на моите ке ме украл ова она бегалка ке сум ишла и го седнав со нив да им кажам дека сакал жена да му биднам и се вадеше дада ама прво школо да заврши па млади сме па ова она и ништо од зимачката. СРЕЌА. И втор пат долга врска зборувавме да се земеме за некое време и за два месеца се земавме
По прочитаниве коментари незгодно ме фати да пишам во темава. 7-8 Понуди, па и повеќе? Машала содржајни сте. Кај мене ниедна досега, а можам да се пофалам со квалитетен љубовен живот.
Првата не беше класична понуда туку типот ми купил прстен, демек promise ring. Бевме негде 2 год во врска и на крај си најде друга. Сега ко ќе се сетам колку бев залетана, фала му на Бога шо ме спаси од таков патолошки лажго. Втората без прстен ама ме пукна само за брак ми праеше муабет. Него годините му беа за то ама мене не, не го ни сакав. Нормално после то се ожени со таа шо го сакала колку да не е стар ерген и продолжи да ме замара како не можел да ме заборави сакал пак со мене, ако требало ќе се разведел. Третата од маже прифатив одма. Уште 10 животи да имам пак него би го одбрала Е толку, после ова немам друга понуда, доста се.
На 20 год одев со постара девојка,и тоа беше постара 8 год од мене,ме напна да сме се земале(а ја пустиот детенце,само диско ми беше во глава),имаше нејзина куќа сама живееше,после 2 дена и раскинав и избегав од нејзе со брзина на светлината