Официјално една, а такви симнувања на ѕвезди дека некој сака да ме жени еден куп... Среќа нивна шо не биле официјални
Две, едната е од сопругот Другата од бившиот ми дечко, незнам како ама насетив дека за некој ден ќе биде тоа па раскинав,не дека не сакав да се мажам, туку не сакав со него. Раскинувањето ми беше веќе планирано оти веќе не го сакав а и тој воопшто не се трудеше, така да тоа само ја убрза работата да пресечам инаку секако ќе се случеше.
Три со се таа од мм. Првата, Господ бил со мене кога сум ја одбила, сум се спасила. Втората, ја одбив со тешко срце. Третата, трета среќа прифатена.
Ве читам со понудиве за брак...Понуда за брак не е муабет жена ке ми бидеш, ке те земам, снаа, бегалка... Се знае, предлог за брак е прстен не муабети Така да овие што пишале 5, 6 рачунајте ниедна . Инаку една понуда за брак сум имала, одбиена. Од денешна перспектива исправна одлука.
Обележав поќе од 5. Другарка ми само колку пати ме има побарано. Преѓе еден на Твитер ми рече да го венчам и да му сум соулмејт. Симпатијата на три пати. Бившиот симпатија еднаш. Вереница сум и на @sweet-cherry. Нз. Изгледа сум ептен wife material. Спојлер Real feel: 0.
За маубети од типот ја тебе ќе те земам, ти мене жена ќе ми бидеш, се слагам, не се понуди за брак во никој случај. Ама сериозен муабет за иднината, каков што добив јас, без прстен, сметам дека сепак е... Јас си рачунам дека мм ми понудил брак кога го направивме муабетот а не кога ми даде прстен. За прстенот искрено се мислевме и двајцата дали да се земе. На крај добив прстен али зборот ми беше дека и без прстенот ќе бевме верени. Инаку една понуда за брак, од мм, немав ни желба со другите дечковци што ми биле.
Е ако де...во Нов Зеланд жените трчаат по мажите. А трендот се префрла и на стариот континент. Не е како нас со прстен, не зборам за така, туку во разговор.
Ништо тогаш ехее така ако броиме не можиме да доброиме ... муабетот беше за прстен таква брачна понуда а не уз муабет
Дали тука влегува муабет за живеење и чекање да завршам некои мои планови ? Или само прстен ? За да знам дали да се вмешам во темава
Официјална понуда за брак не сум добила, не сум стигнала до таа точка во врските , а неофицијална да не бројам .
Вие што имате по 5-6 понуди за брак, треба сериозно да се преиспитате со какви луѓе се гледате/дружите. Кој нормален предложува брак после неколку недели/месеци гледање без притоа да е направен посериозен муабет на таа тема со другиот партнер?? Ај со еден да се случи ок, ама со неколку....
Јас ако се прашувам, за мене е ноќна мора некој да ме запроси без направен муабет и договор Не сум спонтан човек и не ми се романтични изненадни запросувања, во смисла не на самиот чин, туку изненадни без претходно направен муабет. И не знам искрено како е да се планира таков чекор 5 пати. Сосема се согласувам со тебе. Спојлер Од јавни запросувања ми се ежи кожата.