Последниот муабет му беше дека купил стан за нас двајца и нарачал фамилијарна пица... Раскинав и избегав со брзина на светлината.
Не ти го сфатив коментарот, што подразбираш под marriage material? Или саркастично беше? Истото мислење го делам за јавни запросувања, ама и да не е јавно стварно ми е незамисливо некој да те побара за жена без притоа да сте направиле муабет дали сте спремни за брак, какви планови имате.... Ајде порано што се мажеле/женеле на тепка, ке речам друго време било. Ама во денешно време туку така луѓе да ми нудат брак или нешто не е во ред со мојата околина или со мене
Две понуди за брак сум имала и една понуда од моја страна Љубениот ме запроси со прстен, јас него со саат. Equality in our case
Две понуди за брак..една кога бев 18 години а тој 20.беше сериозна понудата од личност која ме љубеше и ја љубев на начин и со таков интензитет кој не се повтори никогаш но јас млада и несериозна и сакав да го прошетам светот.Се прашував кај ке бев сега ако ја прифатев понудата..Втората понуда е од моето мажуле кое го обожувам
На 17 добив златен прстен и двајцата си дадовме збор. На мајка ми кога и кажав се скина од смеење. И јас бев као мамо ние се сакаме кога ќе завршиме со учења и студии ќе се земеме. Мајка ми со солзи се смееше и после некоја година сфатив зошто. После тоа на факултет првата година ,близок колега ми изјави јавно љубов и клекна на колено со прстен беше и пијан. Јас направив од тоа шега и искрено така и го сфатив. Со сопругот одевме 2 и пол години и знаев дека тој ќе ми биде маж. Незнам како, едноставно знаев. Ме запроси во домашна атмосфера и секако мојот одговор беше Да.
2 понуди. Првата ми беше со дечко од Србија, живеевме заедно, се вратив јас во мк, зада средам документи, он у меѓувреме си нашол друга, ја оплодил (за ова дознав од мајка му, он немаше м*да, да ми го каже тоа. После некое време ми се јавува, да сум дошла на крштевка на детето. Wtf?! А вторава, од мажето мое, после месец ипол врска и не се каам, две деца имаме.
Една официјална. Инаку имав една индиректна дечкото пробуваше. Ми кажа како он имал фирма со татко му, и како ако сме оделе во неговиот роден град, ќе сме живееле со свеки и свеко, и они се ќе праеле, ќе чистеле, готвеле, деца ќе чувале. Ја само да одам требаше и да уживам Демек ќе седиш дома со мама шо ќе ти фали ја ќе работам Секако дека последен пат ме виде.
2 Едната не успеа зошто неговите не ме сакаа пошо мајка ми се развела, шо фамилија сме биле ние. и Фала му на Бога за тоа.