Две полу-понуди и една вистинска целосна на која кажав ДА. Поранешен дечко ми купи прстен, планираше да ме запросува, судејќи по муабетите, ама првиот пат се обесхрабри и рече прстенот е само подарок онака. Мислам дека од дома му сменија мислење. Потоа истиов дечко уште еден прстен ми извади ама имаше и другари со нас и пред нешто човеков да каже почнаа заебанции и пак се предомисли во последен момент Моја чиста среќа што беше така, на тој ум ќе кажев Да, па сега ќе ме читавте со триста проблеми ... А сопругот, јасно гласно и храбро си праша. Со прстен со замисла со се !