Во ред точно дека тоа е така.Но врската помеѓу маж и жена е едно а помеѓу дечко и девојка друго.Мажот и жената стануваат едно и се им е заедничко а дечкото и девојката имаат да кажам различни животи.Барем јас лично не би дозволила дечкото да ми плаќа за мои работи.Ајде ок е кафе,јадење сосема разбирливо и логично некогаш и јас можам да го почастам.Но да ми купува облека,да ме издржува на некој начин тоа за мене е тотален апсурд.
Никој никого не е должен да издржува на овој свет, дури ни родителите своите деца откако ќе престанат да бидат деца. Помагање еден со друг е друга ствар и нема ништо лошо у тоа, не зборам тука само за брачни другари туку општо за две особи кои се заедно. Нормално е оној кој подобро стои финансиски да го поткрева послабиот и нема ништо срамно тука. Сум помагала, ми помагале, сум купувала подароци и ми купувале. А во врска со делот кај што членката што ја поставила темава, вели дека жените не би биле подолгорочно со ' сиромашен ' маж.. Јас прашувам а зошто би била ? Под сиромашна особа подразбирам особа без идеја, без план, без амбиција за подобро утро, и која сака да биде со една таква преживувачка, од ден за ден, амеба ?
Jas lično za mene ne gledam takva razlika ,moži i deka počnavme da živejme zaedno mnogu rano. A i dvata bevme nezavisni finansiski od semejstvoto. Ne sum vo brak seušte,ama mislam deka dokolku ne možam vo vrska da se zamislam kako da sme edno ,deka brakot ke e samo nesto šo ke me prisili vo nesto so ne sum go sakala samostojno. Izvini,da ne misliš ti kontriram ,samo sakav da podebatiram na temata, so poiskusni lica i dolgogodisno partnerstvo . Iskreno ,ne iskomentirav dali nekoj moži ili ne moži da e so siromašen maž .. Sme vo period kaj šo se slučva preobrat vo vrska so feminizmot i posledično finansiskata nezavisnost. Rabotite se malku haotični . Sum bila i siromašna i bogata ,šo normalno e relativna rabota za sekoj .. Nekoj bogat e i so malku .. Ama ne mi e poentata da osudvam i kritikuvam ,nitu da ponižam odredeni osobi,tuku me interesiaat mislenja . Kaj mene na početok dečko mi beše premn stegnat finansiski ,šo duri ni kafe ne časteše . Ama so tek na vreme se opušti ,moži zaradi to šo vide deka ne mi se važni parite ,tuku gestot za takvi raboti ... Iskreno ni jas ne bi sakala mažot da mi kupva se i sešto ,ama ne bi sakala ni da e presebičen ( iako ima golema plata).
Не се хаотични работите, таман доаѓаат на свое место, како што и треба да е. Се извинувам ако погрешно сум те разбрала у мојот претходен цитат, поздрав.
Тоа што вие живеете заедно е сосема другот така сте се одлучиле и сосема е ок во овј случај да си помагате,јас ви посакувам се најдобро.Но целта која е ставив во муабетот ми беше за парови кои не ќивеат заедно излегуваат заедно,а девојката буквално се очекува од дечкото.
Дури и таму кај што живеат заедно а не се во брак, треба да постои некоја линија. Брак е брак..се што е стекнато во брак се дели на пола.. Врска си е врска.. И јас живеам кај него, па не можам да замислам да чекам на него за се.. Се е тоа во ред, но утре ако се разведеш од мажот, тоа што е стекнато во брак ќе си се подели. Ако раскинеш со дечкото од било која причина..толку е. Џабе си вложувал .. иако парите се само пари и се печалат.. Частење ручеци, вечери, некое парталче - не го сметам за финансиско издржување. Заедничкиот живот сам по себе си повлекува други трошоци кои не се ни малку наивни ... @newme
Во 15 години брак, само 3-4 сум работела. Тој заработува, а парите се наши. Убаво е да си финансиски независен, ама не е крај на светот ако си, под услов да си во солиден брак, каде нема пребројување кој-колку придонел во финансиите. И јас кога придонесував со плата, и кога зедов 20.000 евра од моите поклон, наши беа, не мои. п.с. јас сум циција, маж ми не е.
Не ме издржува напоротив е горд што тој печали заедно да ги трошиме парите... а уште по горд е кога ќе каже на некого дека жена му не работи туку го чува детето дома поради икс причини.