Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви е битна косата кај машките?

Дискусија во 'Коса' започната од Igor2, 19 мај 2015.

?

Колку ви е битна косата кај машките?

  1. Многу

    38 глас(а)
    20,2%
  2. Не ми е битна

    23 глас(а)
    12,2%
  3. Зависи од градбата и целокупниот изглед/стил

    127 глас(а)
    67,6%
  1. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Мене отсекогаш ми била многу битна. Уште од рани тинејџерски години ме привлекувале машки со долга коса, и иако генерално изгледот не ми е најважен, дечкото може да е црн, плав, висок, низок, многу слаб, дебел... ама косата ми е важна. Не е тоа бидејќи така сакам, туку едноставно така чувствувам. Ќелави мажи по дифолт не ми се допаѓаат. Бидејќи низ годините сум се дружела со доста машки, некои од нив ја губеле косата, и секогаш сум била за да ја расте онаква каква му е, отколку да се бричи ќелав. Освен нели ако е исклучок како Jason Statham што велиш. Е сега, кај машки што сепак одлучиле да се избричат, поприфатливи ми се со брадиче, или целосна брада потпорасната, или некава комбинација, како баланс на тоа дека нема коса. Немој да ми се лутиш, не те познавам, едноставно ти го кажувам моето мислење, кое можеби го делат, веројатно иако не многу, но и други девојки.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Igor2

    Igor2 Нов член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
    Најверојатно мислиш на вакво нешто ?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    1.jpg 3.jpg 4.jpg 5.jpg 6.jpg 7.jpg 8.jpg
    Па да. Имаш варијанти колку сакаш. Еве неколку како за пример. Aaron Lewis и Fred Durst носат капчиња, ама ќелави се.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе сакам мажи со коса, убаво потшишана и чиста. Не сум баш по ќелави.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто не ти делува маслото. Јас познавам машки што користат и си заприметуваат резултати. Ако ти е наследно паѓањето на косата, жал ми е, но не треба тоа да те обесхрабрува. Пробај повеќе време, неколку месеци користи некој препарат. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Igor2

    Igor2 Нов член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Наследна е и нема бегање од тоа освен пресадување кој има висок ризик да излезе смешно плус 20 000$ е цифра која ни под разно не би ја дал. 3000 е пресадувањето да, ама со тек на време мора да одиш пак да потполниш тоа што се проретчило за на крај да ти излезе ѓавол ипол.
    Друга опција е финастерид и други апчиња од кој има огромни шанси да се збогувам со плодноста, и не зборам за 1-2% туку за над 20% шанса, така да и тоа не е опција. На масла, шампони ( изгор скапи и квалитетни) миноксидили и витамини доволно долго фрлав пари за да видам дека нема фајде.
    Нема зошто да ти е жал, не сум останал без рака или нога, коса е :) Обесхрабрен-необесхрабрен, тоа ми е.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    јас сум строго за машки со долга коса, маж ми има подолга од мојата хаха, вчерА едвај ме натера да му ја скратам само 1 cm...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.443
    Допаѓања:
    96.543
    Ајде Игор уживај, како што рече здрав си и прав, на косата и се наоѓа чаре. Ако имаш под косата, таа и толку не ти треба:).
    За употребата на разни препарати и нивните ефекти и мене ми е познато колку не делуваат. Братучед ми се соочи со опаѓање на косата многу рано исто така, 20 год имаше ми се чини. Детето стана очајно, се опседна со проблемот. Шампони 1001, триење лук во коренот на влакното, чаеви од разни треви (кога и да отидев, тетка ми стално нешто вареше :D), па толку дена да отстои чајот, па волку дена да се мие главата со него и не знам уште што и нему пак продолжуваше да му се ретчи косата. Виде не виде, си купи машинка, избрича главата и мене ми е топ:).

    Опушти се, има многу други работи кои една права девојка ќе знае да ги препознае кај тебе доколку ги поседуваш.
     
    На Lolo5, crazylady, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    Jas mislam deka kosata kaj mazite voopsto ne e bitna dali ima dolga,kratka ili pak glavata e skroz izbricena...bas mislam deka pokul mi izgledaat onie maski.koi nemaat kosa ama zatoa imaat brada...mislam na brada onaka normalna a ne pustena do stomak:lol: a igor ti voopsto nemora da bides ocaen zosto sigurno imas uste mnogu raboti koi ke ja nadomestuvaat kosata...kosata ne go pravi covekot...ako si covek i so kosa i bez kosa site ke te sakaat a ako ne si sto sakas imaj pak nema da bide toa toa...
     
    На Lolo5, kjukli, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  10. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    @Igor2 штом ти е наследно опаѓањето на косата знаеш дека нема бегање од тоа :) за пресадување коса не ти се исплати ризикот и парите што ке ги дадеш а и годините што ке ги изгубиш :) сепак најпаметно ти е да си се ишишаш:) и ич да не му ја мислиш веќе на косата, осмех на лице и позитивно само и со здравје да си ја носиш новата фризура8) сигурно имаш други квалитети и не ти е косата најјака страна, жената што ке те сака ке те прифати и без коса :) фала богу еве гледаш жени еден куп, некоја сака коса некоја сака без коса, ништо страшно:) полесно е што си машко да се справиш со тој проблем...замисли како им е на жените кои страдаат од косопаст...несакам ни да помислам на тоа зошто според мене косата е поголем украс на женското лице од било кој накит:) поздравче и don't worry
     
    На Lolo5, Igor2 и Arthur им се допаѓа ова.
  11. Igor2

    Igor2 Нов член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Хах, интересна дебата се развива. Резултатите од анкетата тотално ме збунија, воопшто не го очекував тоа. Мислев кај мажите адут No.1 е косата ама според дебатава изгледа сум бил во заблуда (макар и само еден мал дел да се искрени).
    Мислев дека маж со малку коса/без коса па макар изгледал и добро/добар стил е "no no combination" кај жените.
    Сериозно ме подзамисливте, опасни сте :) :) :)
     
    На Lolo5, Winter Lady и Arthur им се допаѓа ова.
  12. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    Epa @Igor2 daj kazi so si napravil ili so ke napravis so frizot ne ne ostavaj vo misla...ako sega ne si smenil frizurka koga ke go naprais toa izvesti ne:P :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Igor2

    Igor2 Нов член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Деновиве сигурно ке биде нешто :))) нема криење веќе. Не очекувам катастрофа, ама ми беше страв да се одлучам на ваков чекор за да не добијам инстант црвен картон кај жените. Е сега ке се направи некоја комбинација со ОК изградено тело, малку брадичка, којзнае можеби пак ке ми се крене самодовербата и ке имам повеќе успех кај жените. Во чудесен свет живееме, се е можно.
     
    На Lolo5, mims-89, Elena69221 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    Ajde so sreka...jas mislam deka sega ke bides poatraktiven kaj devojkite ...:?:bar jas taka mislam:D
    P.S nema za sto da ti bide samodoverbata namalena...glavata samo gore i se ke bide OK pozz :)
     
    На Lolo5 и Igor2 им се допаѓа ова.
  15. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    download.jpg
    Ako si ko ovoj obrici se i ke dojdam zena ke ti bidam :*
    Zavisi do teloto facata i na koj kako mu stoi sepak najubavo e i ako znaes da ja nosis so stil .. znaci zavisi do covekot koj kako si ima stav takov ke si e , kaj sitee razlicno stoi nekoj go lici so dolga nekoj so kratka .. a ako te licelo do segaa so dolga ke te licii i so vakva :)
     
    На Lolo5, kjukli и Igor2 им се допаѓа ова.
  16. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    јас лично обожавам машки со подолга коса, затоа и на син ми му ја чувам... е сега кога се работи за косопад, е тогаш е нешто друго, ете и маж ми почна веќе да ја губи косата, и тоа само на еден дел, па тоа е тоа, и затоа се се шиша пократко... таа што ќе те сака, ќе те сака поради други работи, не секогаш е битен физичкиот изглед ;)
     
    На Lolo5 и Igor2 им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.532
    Допаѓања:
    106.105
    Пол:
    Женски
    Мене вooпштo не ми се дoпaѓaaт мaжи сo дoлги кoси , грoзнo ми изгледa , нехигиенски , се знaе прaв мaж требa дa имa крaткa кoсa , a не пa кoгa ќе видaм кoсa дo рaменa... :x
    Знaм декa некoи немa дa се сoглaсaт сo мене нo тoa е мoе мислење :nod:
     
    На mims-89 и Igor2 им се допаѓа ова.
  18. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Еее Игорче гледаш колку женски овдее обожаваат машки со кратка косаа , сите те охрабруваме па ај чекаме да ни се пофалиш со новата фризура поздрав :D
     
    На Lolo5, Igor2 и koritsaki им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.197
    @Igor2 не сум знаела дека има такви будалаштини се со цел косата да не ти падне. Па да си го ставиш потомството во прашање или да потрошиш толкава сума на пари само за косата да ти остане на глава мислам дека е и повеќе од апсурдно. Со оглед на тоа што косопастот е многу честа појава помеѓу машкиот род сме научиле да ве гледаме и прифаќаме како такви што веќе ни е нормално ако мажот е без коса, па не мислам дека имаш причина толку да се замараш и да му даваш значење.

    Инаку вака нешто што сум сфатила до сега, доста голем број мажи што сум ги приметила дека оќелавеле се со округла глава и им стои да се без коса. Додоека пак ќе го земам дечко ми за пример, он нема таков ген и никој кај него во фамилија не е без коса, а и подобро. Кога ќе се ишиша некогаш во лето на кец не можам да опишам колку е смешен. Не му одговара черепот за таква коса, ушите ко што му се малку зашиленки на страна па уште толку му доаѓаат до израз, како две различни особи е со +/- 1 см коса.
    Значи сепак си е индивидуално, а природата си има свои механизми. Генетски некои особини се поврзани и заедно се пренесуваат, така што не му ја мислете многу, се си има ред.
     
    На Lolo5 и Igor2 им се допаѓа ова.
  20. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Сега воопшто не обрнувам внимание на тоа. Кога бев помала повеќето што ми биле симпатични биле машки со шишана кец. А сега дечко ми е без коса, почнала да му паѓа и еве уште му паѓа... И заедно сме две ипол години. И супер ни е, освен кога ја претерувам со заебанциите на таа тема. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.