Да може да биде секси, убав пример си дал, мхм мхм А сепак да постиравме некоја слика? Хахаха Не мора од него може и од некој друг таков пример, Шала на страна, не ми била никогаш многу битна косата. Шо знам, ми се допаѓале и дечки со кафена, црна, со кратка коса, на времето со шишки, па дури и ќелавки, скоро ќелавки со кец, двојка фризури.. Не ми е некој фактор за тоа дали некој е секси или не. Најбитно е да му стои на дечкото каква и да е. Да редактирам, прочитав наследно ти е, не се грижи избричи ја и уживај, ретко која девојка има некој голем проблем со тоа, како што и сам приметуваш.
Кога бев помлада сакав машки со косичка да можам да си играм со прстите, но како стареам ме привлекуваат келавки со многу малку косичка. Всушност таквите ми се секси.
Машко со долга коса-Па и не баш,повеќе ми се допаѓаат оние со коса како на Хари Стајлс.(Ова е лично мислење). ПОЗЗ
Зависи од самиот човек, пример ми се допаѓаат машки и без коса, со пократка коса, и со подолга, и со сосем долга ама на пример ако тој со кратка ми е поубав така, не би ми се бендисвал ако истиот ја порасни или тој со долга ако ја сечи. Буквално сметам дека косата на машко е индивидуална и не гледам на машките дали имаат коса или немаат, едноставно гледам дали му е тоа што го имаат прикладно на лицето или не.
Многу. Работа на вкус е, многу јасно, ама според мене косата е еден украс, како кај жените, така и кај мажите, така што многу ми значи како надворешна карактеристика. Колку и да е убав и не знам каков, еден маж без коса мене не ми е доволно привлечен. Секако, тука не смеам да ги вбројам оние кои си имаат здравствени проблеми (потешки не ни спомнувам, ама еве „полесни“ како проќелавување или алопеција). Тоа си е веќе друга работа. Ама да има нормална коса и да се шиша нула - од мене едно НЕ. Порано си имав преференци - да биде со смеѓа коса, подолга, рокерска фризура, или воопшто да има подолга коса (од 2 cm), ама сега гледам и дечки со кратки коси кои убаво изгледаат. Очигледно ми се сменил вкусот. Единствено, најмалку ме привлекувале, од секогаш, плавуши.
Повеќе сакам мажи со густа црна коса, не долга да се разбереме , онака 2 ка истрижен е сега ,некогаш може да налетаме на тоа од што бегаме, не потценувам никој кој од здраствени причини останал без коса,само едноставно кажувам каков тип на маж ме привлекува, еден совет до машките со истрижена кратка коса или опадната , не очајувајте , има девојки на кои им се привлечни и машки без коса
Многу ми е секси кец шишана или двојка најмногу..И келавица ми се свиѓа ама не стои на секој..најодбивни ми се оние со фризуркине со шишчето на страна и малце гелосани..и од страните шишани двојка а горе пуштена со шишка на страна..онака,немој те молам..се само тоа не
Порано ми беше битна но сега не. Побитно е лицето. Не секој го личи со долга коса, полу долга, кратка или ќелав.
Па не ми е многу битна, но и таа игра улога во врска со физичкиот изглед. Најчесто ми се допаѓаат момчиња со бујна права и плава коса како Niall Horan таков стил обожавам најмногу
So Kosa Sredna ili Dolga Mislam deka veke tie frizurite na Kec Sto gi pravat santim ne se vike vo moda a i mene ne mi se privlecni mi licat kako luge bez karakter i stil So isklucok na tie sto imaat zdrastveni problemi i im paga kosa Inace Da Kosa Sredna i Dolga Moze Crna da e isto moze i kompinacija so brada mala
Е зошто без стил? Јас па сум ептен за потскратување на косата. Мојата во последно време ми е над рамената, а и уште планирам да ја потскратам. Супер си е пери-носи фазонот, сега не баш нуларица, ама кец за машки е во ред. Бојата мене повеќе ми игра улога. Црна коса пример и не ми е баш најпривлечна.
Се додека е кратка и нормално потскратена добро е. Дали 2ка 3ка, или малце повеќе сеедно. Нула не, тоа не ми се свиѓа баш, ама најодбивно нешто ми е оние што фураат Кристијано Роналдо стил, улижани во косите. Исто и со репчињава сега..оф леле мори мајко
Toa E Moe Mislenje Zatoa sto e najednostavna sepak covek treba da bide unikat ako me razbiras ne vikam deka e losa frizura samo takvite mi deluvaat mene barem kako licnosti sto ne bi mi stvorile tolkav interes Kako nekoj decko sto ima stil so podolga so bradice gi sakam razlicnostite
И келавко може да е секси на свој начин се зависи од градбата јас мислам во моите луди години ( 15 , 16 , 17 ) сакав онака комбинација кец и два ипол , ама сега како одминува времето , и како налагаат околностите , неможам мм да го гледам ако му подраснала косата малку повеке . Или јас сум остарела , или имам војнички свакања
Од секогаш сум сакала многу кратка коса. Да поминеш со прсти и да боцка. Е сега не е лошо некогаш и да има за скубнување. Да не ми здосади де