И мојов ја губи косата полека, и мислам дека ми станува сé посекси. Општо кај мажи сакам кратка и уредна коса. Поприфатливо ми е избричена глава, отколку долга коса, со "модерни" фризурчиња и кромид-пунџи. Не би да навредам никого со ова, едноставно кај маж си ценам класика фризура.
Битна е, и тоа како. Косата придонесува за целосниот изглед. Ова се однесува само на физичкиот изглед.
Ич не ми е битна, само да не е кец ишишан. Одбивно ми е! Пс. Преферирам машки со долга коса, во рок стил
Многу, ептен ми е секси, а сепак завршив со ќелав маж... П.с имав бивш и со долга рокерска коса до рамена. Не беше баш одржливо, бара мн нега, а некако он (зависи и до мажот) не беше посветен и тогаш ептен е лошо.
Знам. Ич не е секси замрсена коса у репче. сега мм е ќелав немам такви маки. Едит да не ме нападнат сега, и жените имаат мрсна коса у репче, ама пазиме пудра, сув шампон, меси бан, се снаоѓаме. Не изгледа лошо. Он не се замараше
Пунџа незалижана Иначе мене ми е битна. Кога бев помлада обожавав машки со репчиња сега сакам само коса да има
Зависи и од човекот На некои им стои поубаво кец, на некои повеќе коса Само да е чиста и средена.Каква сака нека ја носи