Не знам зошто ама многу често прашувам луѓе што носат наочари/леќи колку не гледаат. Јас леќи не носам, ама наочарите ми се лево -1.75, десно -1.25. Еднаш се жалев колку лошо гледам и другарка ми со -3,-4 ме погледна вака. Вам колку ви е?
0,75 и 1 И мене често ме прашуваат кој диоптер али сметам дека е доста некултурно прашање и ми смета кога ќе ми го постават.
Кога не сум носела наочари не сум прашала никогаш, ама сега од кога носам, не сите, ама некои знам да ги прашам. Штом и јас имам иста мака, не сметам дека е некултурно
I see I'm leading for now. -3.5 левото и -3.25 десното. Ама носам леќи така да ретко кој ми ја знае маката
Девојки јас имам - 1,25 цилиндар. И сакав леќи но докторката му рече дека не ми препорачува поради цилиндарот. Ваши искуства за ова?
Мене наочарите ми се со цилиндар а леќите без, ама мал ми е цилиндарот -0,5, а си имаш и посебни леќи за астигматизам. Инаку левото ми е -1,5 а десното -2,00 и јас спаѓам во поќорите.
-2,50 двете. Се ми е матно без помагало. Не ми пречи кога ме прашуваат за диоптер, а и јас си прашувам, не ми изгледа на некултурно прашање
Јас имам -0.5 цилиндар и носам мека леќа на тоа око со -0.25 појак диоптер. Како што ми кажаа за поголем цилиндар соодветно е тврда леќа.