levo -1 desno nemam diopter Inaku naocarite gi imam godina ipol i samo 3 pati dali gi imam staveno ne sakam da nosam ni naocari ni leki Ii ne se razbiram od dioptri jak li e -1 ?
Па онака. Јас на десното со -1.25 би можела да функционирам, проблем ми е левото со -1.75. Ама секако ти препорачувам да носиш помагала.
Читајќи ја темава, далеку сте вие од јак диоптер, ја го држам изгледа рекордот. -6.0 на двете очи, дури на едното -6.50 на апарат ми покажува, но кога читам од далеку, излегува дека со -6.0 сум океј, па ист диоптер леќи носам на 2 очи. Иако последниот пат кога бев на преглед кај офталмологот ми рече од учење сега ќе ти се покачи, веќе осеќам колку очите ми се заморени, а тек почнав да учам.. Слепа сум ептен. Што од не носење наочари ко мала, што од дремење пред екран, што од многу учење. Здравје еден ден ќе правам ласерска, носам леќи цело време и никој не ни знае дека толку многу не гледам... Без помагала ништо не гледам, загреота сум.
Во пубертет ти скокна диоптерот? Дали почна да се смирува растот на диоптерот со престанок на пубертетот и развојот? Прашувам бидејки керка ми на 13 има -4носи леќи,а ги поминавме сите доктори. останува да чекаме,па здравје ласер.
Извини што се вмешува во муабетот. Но да кажам искуство. Почнав со - 0,5 некаде на 12 години. Како растев, цел пубертет ми растеше диоптерот некаде на 18-19 години стигнав до -2.0 и -2,5 и тука остана, се до бременостите на триесет и некоја година. Стигнав до -3.00 и -3,5
Кај нас од 8 год.почна со -0,5 и сега со растот на телото ,раст на диоптерот стигнавме до -4,до каде ќе оди ќе видиме Само еден доктор препорача да се прави склеропластика со цел да се допре растот во Москва,ама сите други беа против,премногу ризик кај деца,и освен во Русија на друго место не се прави,во Европа не е дозволена таа операција,така да ни останува да се надеваме дека ке сопре.
Јас прво имав -1.50 на двете, па ми намалија на -1.25 и цилиндар. Јас сум скоро сигурна дека ми беше од јаки моментални стресови а со тоа и пореметување на шеќерот во крвта. Дали си проверила скриен шеќер, најчесто тоа е причинител. Нема врска учење, екран и сл. Сите учиме, по половина ден сме пред пц и тв, ама не е тоа причинителот.
Веќе 5-6г ист ми е диоптерот Бев тогаш мала, во пубертет, како растев ја, така и диоптерот и имав одбивност кон наочари, Ич не ги носев у рок од 2г ми се покачи многу. Откако ставив леќи у 8мо одделение, не ми порасна ич диоптерот и цело време со нив сум, може затоа..
За растење на диоптерот во пубертет, читав книга една сега што збореше дека не мора да се случи, дека тоа е многу поврзано на психичко ниво со промените кои се случуваат во телото. Дека често е последица на тинејџерските чувства и дека она лутост тинејџерска и чувството дека не сме разбрани го зголемува диоптерот (ова за кај жените). Извадок од книгата:
-2 и -1,75 - засега Ми беше прилично мал додека не почнав да работам пред компјутер и со букви, некаде 0,5, 0,75 се движев. Потоа за неколку години нагло ми скокна. Мој совет за тие со диоптер, обавезно блу филтер стакла (не штедете на нив), навлажнуважи за очи (не Прокулин и компанија туку солидни навлажнувачи), и одмор од телефони (ужасни за очите се) и компјутери колку што можете почесто. Само ова ми го стабилизираше диоптерот мене.