Јас најмногу од стресови, а од стресовите имав хормонален дисбаланс и плус работа на компјутер и сè се собра и си го уништив видот. Ама мислам најголем виновник за мојот уништен вид е стресот, за жал.
Од бебе имам страбизам, т.е левото око ми е мрзливо око Како мала ме носеа на вежби, ми го затвараа со завој и некои лепенки десното око, за да го вежбам левото, ама за жал немаше никакво подобрување во видот, освен што искривената црнка од окото ми се врати во нормала. Може не ми е голем диоптерот, ама јас навистина со левото око гледам многу малку, заборавив да спомнам дека диоптерот ми е на десното око, на левото немам, веќе не ми даваат а диоптерот ми е 0.75, и да не се подречам, ама досега супер терав и без наочари, добро ме служеше и ова едно око Од срам како мала, од тоа што ми вршеа булинг и ме исмеваа, не носев ич наочари, одев по приватни специјалисти и на државна болница, леќи сакав, ама ми рекоа нема да ми се ич од помош, за операција исто, тоа требало во рано детство, ама во тоа време никој не се замараше да ме упати на операција Од пред една година почнав да си носам наочари, и пак не ми доаѓа умот, не ги носам редовно, ама гледам да ги носам барем кога сум на мобилен или на компјутер...... Не знам колку и дали влијае стресот, ама јас искрено после толкав животен стрес низ кој поминав, не осеќам некои измени во видот
Исто и јас имам страбизам на лево око, за операција можеш и сега, нема врска возраста Барем мене така ми кажаа ама ми беше страв па не отидов
Операцијата на мои години не помага да се врати видот, помага само да се корегира естетски доколку имам потреба, а јас како што кажав немам веќе искривена црнка уште од мала кога бев. Бев во Скопје во приватна клиника а и во мојот град ми го кажаа истото, операција за страбизам најдоцна до 10 годишна возраст се правело, за жал... Инаку камо да можеше, веднаш би отишла, ама тоа е тоа...
-1,75 десно со цилиндар -1,50 лево со цилиндар Без наочари-тешко, повеќе проблем ми прави цилиндарот (зашеметеност, главоболка и вртоглавица)
-0.75 едното и -0.50 другото, но се зезам и не носам наочари и мислам ми е зголемен... Супер гледав, око соколово.. но по вториот пораѓај почнав матно на далеку да гледам и 5,6 месеци мислев од умор ми е така ... Дали на овој диоптер може леќи? Затоа што не можам да ги навикнам наочарите И дали сметаат леќите? Секој ден се вадат и ставаат? Ако се зезам и не носам наочари ке ми се дорасипува видот? Куп прашања
@mariz можеш леќи нема врска диоптерот мислам.Ќе си земеш од месечните, јас Air optix користам (најдобри се од леќите) сабајле ставаш навечер пред спиење вадиш, е сега подобро да си земеш и наочари за по дома (се продолжува траењето на леќите така до кај месец ипол можеш да тераш со еден пар) имаше и леќи што не се вадат уопште месечни исто ама не сум користела такви. На почеток малку ќе ти биде тешко ставање/вадење ама се навикнуваш за неколку дена (долги нокти никако, ќе се изнамачиш со процесот уште толку) Откога се ставени не треба да се осеќаат на око, ако нешто те пецка, чеша и сл. или имаш нешто закачено на леќата т.е во окото (ќе ја промиеш леќата со физиолошки раствор или со тој што се чуваат во него) или се за фрлање ако ги носиш подолго време.
Здраво Јас имам керка која има диоптер -6 на двете очи, веке има 18 години а и последната контрола бесе малку зголемен, ме интересира дали некој др. има вака да речам висок диоптер и кога да очекуваме да застани, без наочари или леки неможи да функционира. На сите контроли ни велат ке застани мегутоа еве дотука стигнавме и покрај редовни контроли менување постојано стакла. Поздрав
Немам диоптрија. Се' уште. Што ми е многу чудно, ако земам предвид дека пред компјутер поминувам можеби околу 12 часа на ден.
Здравооо, не знам дали е сооодветно прашањево за оваа тема, но бев на офталмолог и рече дека немам диоптер, ми ги проширија зениците и рекоа дека бил 1 на 2те очи но биле јаки очните мускулите и не се покажувал. Не ми даде очила, рече дека до 1 не се носеле поради тоа што не го сметале за диопттер, ми покажа неколку вежби со поенкало, што мислите, ако се прават редовнно (3 пати по 10) може да се намали? Знаете некој начин на кој може да се стопира иили намали диоптријата додека е мала!