Колку ви значи надворешниот изглед на партнерот?

Дискусија во 'Врски' започната од ozbilnazena, 28 март 2010.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.148
    Пол:
    Женски
    Kolku mnogu vi e vazen nadvoresniot izgled na partnerot,mnogu velat deka vnatresniot mnogu povece znaci i od nadvoresniot ,toa ne znaciu deka nadvoresniot ne e vazen neli ....Sto mislite na ovaa tema .
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.738
    Допаѓања:
    34.075
    Ахахаха еее не научи и Бојфромтаун :D
    Инаку мене изгледот ми е важен меѓутоа не преовладува. Ако е само за убавина, тогаш мување и чао пријатно. Инаку и карактерот е најважен, ако се планира заедничка иднина. Убавината ќе се потроши, ќе остане разбирањето.
     
    На tessie, DiPi и m.tr им се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Изгледот ми е важен при запознавање (по секако не му го знам карактерот, барем изгледот нека ме привлече). Ама како што кажа и Реинбоу, ако нема карактер, се само на мување се сведува.
    Не би имала што повеќе да додадам.
     
    На m.tr му/ѝ се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    za da mi se dopadne sekako deka mi e biten izgledot,za ponatamu i ne tolku,no sekako deka sakam da bidam pokraj sreden decko koga izleguvam,sum megju lugje i slicno.
     
  5. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.955
    ако кажам дека не ми е важен надворешниот изглед ќе излажам....нормално важен ми е и надворешниот и внатрешниот изглед...да речеме 40% надворешен и 60% внатрешен изглед :D
    е сега за забава и мување надворешен изглед преовладува, а за врска и посериозни работи внатрешниот ;)
     
    На m.tr му/ѝ се допаѓа ова.
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    476
    Изгледот привлекува, карактерот задржува. ;)
    That's all I have to say.
     
    На verica94, m.tr, Mini-Mouse и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    676
    Потполно се согласувам ;) ;) ;) ;)
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.460
    Не можам да кажам во проценти колку ми значи изгледот на партнерот. НО - да, ми значи! Сакам да е убав, а маните со тек на време во моите очи ќе исчезнат :)
     
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Кажано е се.Секако дека кога размислувам за мојов партнер,најпрво ме привлече неговиот изглед,ама за понатаму џабе ќе му беше ако немаше во главата и во душата.
     
    На m.tr му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    166
    :up: :clap:
     
    На DiPi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    9.185
    Допаѓања:
    10.792
    Пол:
    Женски
    Не ми значи многу надворешниот изглед на дечко ми. Поважен ми е неговиот карактер.
     
  12. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    89
    “изгледот привлекува, а карактерот задржува’’ да, точно е тоа, но не секогаш е така. Постојат личности кои што ги знаеме подолго време но никогаш не сме ги заприметувале затоа што не биле привлечни, ниту по наш вкус. Но се случува таа личност да почне да се истакнува со своите дела и да не привлече токму тоа и одеднаш после долго време сфаќаме дека таа личност има квалитети во себе, некогаш и се заљубуваме во некој за кој претходно не сме сакале ни да помислиме. Така да изгледот не е пресуден според мене. Со самата енергија што ја шири некој, со шармот и духот што ги носи во себе, го прави да биде убав човек, без разлика дали има физичка привлечна убавина или не.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    550
    Мислам дека ако кажам дека не ми е битен ќе излажам. Секако дека ми е битен се додека постојат луѓе кои ми се свиѓаат и сакам да сум со нив, и некои кои не ми се свиѓаат и бегам од нив..Значи ако некој не ми се допадне прво физички, не се трудам , не превземам ништо. Но, сепак не е секогаш се во изгледот. Еве убав е ама што ако ме малтретира, ме вара, ме лаже сигурно нема да останам со него. Лепотата е пролазна..сигурно нема да гооткачам ако некогаш стане не толку убав доколку ми е убаво со него.
     
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.894
    Секој човек е убав , посебен и е на некое поле најдобар .. на свој начин. Ти ако го сакаш дечко ти , најубав на свет ќе ти биде , ќе нема поубав од него за тебе .. Тоа е пролазна работа. Што ако денес откачиме некого зашо не ни бил убав , го гледаме после некое време .. и е преубав ,и се јадеме што сме стаиле крај на нешто.Се што е добро , толку е и лошо .. Поважен е карактерот ..
     
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    4.252
    Пол:
    Женски
    Убавината е релативна работа, тој што ми е мене убав на друга не и е. Значи под надворешен изглед подразбирам еден впечаток што го оддава личноста со држењето на телото, хигиената, облеката, манирите....сето тоа дава една слика за човекот, тоа е тоа што мене може да ме привлече.
     
  16. DarlingBaby

    DarlingBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ми значи .. Колку ?? Прилично :D Но џабе ти лепота,ако некој нема карактер..Али сепак,ако некој па не ти се допаѓа физички џабе шо има добар карактер .. Меѓутоа,се согласувам,карактерот е побитен..
     
  17. Eli-sweety

    Eli-sweety Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    Луѓето ги почитуваме заради нивните доблести и позитивности а ги сакаме заради нивните недостатоци. Сепак карактерот ми е поважен но важен ми е и изгледот.
     
  18. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.167
    Епа за жал или за среќа,ми значи.Не би можела никогаш да бидам со некој што надворешно,физички не ме привлекува.Можам да бидам пријателка на секаков,меѓутоа кога станува збор за нешто повеќе од тоа,не можам и точка.
    Не значи дека некој треба да биде манекен за да го забележам,но треба да задоволува барем некои мои критериуми или на некој начин да ми се допадне физички за да ми предизвика желба да посакам да го запознаам на едно подлабоко,интимно ниво. :)
    Точно е тоа дека карактерот е побитен,меѓутоа по мое мислење тоа се однесува на подолгорочен план,за да ти стане или остане партнер,а онака првично за да почнеш да го гледаш некој како потенцијален партнер,изгледот има пресудна улога.
     
  19. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    248
    ne mi znaci nadvoresniot izgled na partnerot, ne velam deka ne me privlekuvaat ubavite, no poveke mi znaci vnatresnata ubavina (karakterot) otkolku nadvoresnata ;)
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Искрено,речиси исто ми се важни.Не сакам да се мотам во целофан и да проповедам дека карактерот,душата,срцето,џигерот ми се поважни.Сакам убави нешта и луѓе,а мислам дека и сите останати се такви,нема човек на светов кој не би посакал убаво за себе и покрај себе.Важен ми е,сепак тоа е ликот покрај кој ќе треба да се будам,кој треба да го гледам и разговарам,но секако не сакам сува лепота,многу ми е важен и карактерот,премногу затоа што јас сум малце тешка личност па ми треба некој што ќе ми парира добро.Не мора да е Аполон,ама да ми задоволува минимум естетски критериуми(солидно убав),но сепак шармот е оној кој бутка од нозе. :D
     
    На tessie и A-j-a им се допаѓа ова.