ако речам дека ич не ми е битен - ке ве излажам. ми има битно улога но не и најбитна запазете сепак лепотата е пролазна а разбирањето вечно , но да бидеме реални во денешно време е како ако не ти се допага корицата нема ни да ја земеш книгата ...
И двете ми се битни ама сепак не е битен само надворешниот ако нема душа џабе му е се и убавина и се налет...
Побитен е карактерот но исто така важен и надворешниот изглед...сепак треба нешто да те привлечи... Не е џабе кажано "изгледот привлекува,карактерот задржува"
Битен е карактерот,ама битен е и надворешниот изглед. Сепак тоа е првото нешто што го гледаме кај некој и не привлекува,бидејќи пред да запознаеме некој сигурно не му го знаеме карактерот.
Убавите парфеми се спакувани во малечки шишенца,тоа е точно. Убавината ме привлекува до тој степен што губам ум,се додека не забележам дека одвнатре нема ништо.
воопшто не ми значи. хахаха..како се зафркаваме јас и он, му велам а бре ти постојано си прљав, флекан и со прашина на главата, мирисаш на дрво и масло, нема потреба да се секирам за швалерка- и да сакаш ти никоја нема да те погледне ваков. Ама..........како па ја го погледнав???? Да не се зафркнам па да се најде некоја будала ко ја???ахаххахахаха
Не ми значи, карактерот е најбитен. Булшит. Не ми е битно да има сикс пек стомачни, бицепси, трицепси, квадрицепси. Битно ми е да изегледа средено, не во метросексуален контекст, туку чисто, исперено, миризливо и едноставно скоцкан. Мажи со поголемо чувство и потресување по мода од мене- не сакам. Ама не сакам и некој што мисли дека нова блуза се купува ако и само ако се скине старата. Умереност сакам.
Битен е карактерот,ама битен е и надворешниот изглед. Сепак тоа е првото нешто што го гледаме кај некој и не привлекува,бидејќи пред да запознаеме некој сигурно не му го знаеме карактерот
^Па сега, зависи до кој степен, ете јас бев покрупна од поввеќето бифши децковци , па и од сегашниот дечко, па нема некој проблем, убав голем задник и големи гради,па и над 170-175 цм висина ако се природни, ретко одат, без меше и малку мевце поќе и на другите делови од телото. ДОбро , не знам ни дали спаѓам, во крупни, ама не сум ни манекенка. Ама , многу си се имам изнасмеано, кога ке видам парови, кога тој е дебел , а таа слаба и одма онај стереотип , дека тој е богат или премн паметен, исто кога и женското е подебело. Има парови каде што жената е постара и е во позрели години имала брак зад себе па сега и има деца, донекаде е поазбирливо да е покрупна, има и мажи постари што се од жените, па се подебели, кафната и кебапите и пивцето си го прават своето. ххахахахаха уште се сеќавам, ко бев мала , видов еден пар, таа беше колку 6 колку мене , а тој беше протуренко фармерките му висеа, таа лижеше сладолед, а кој јадеше семки. ама луѓето, па и јас , па и било кој друга ,друга, можи да донеси секаков заклучок и да помисли било што, сепак на крајот на краиштата мислењето, на околината и не е ни важно, најважно е тие да се сложуваат и да се среќни заедно и нормалнода си се сакаат. Меѓу другото, ако на мажите или на жените им сметал толку надворешниот изглед, пола од луѓето , што се повеќе од 20 -25 години во брак , до сега 10 пати требало да се разведат, ретко која жена не си качува, едно 10 кг откако ќе роди дете и ретко кој маж, нема пивско стомаче, стомак, кај кој како, кај секој различно. ЉУбовта и почитта меѓу партнерите се најважни.
Не ми значи премногу.Секако дека е битен надворешниот изглед, тоа е и првото нешто што го забележуваме, но не секогаш првото нешто што не привлекува.На пример, можам да речам за некој тип дека е ок - значи, има просечен изглед според мене, а ако има хемија меѓу нас, секако дека би му дала шанса.И од друга страна, ако знам дека некој има гаден карактер или едноставно, ми е одбивен, не би му дала шанса дури ни да изгледа како Бред Пит Изгледот е важен, ама не е пресуден...
Meне лично надворешниот изглед не ми значи многу,можам да речам воопшто.Човек кога се заљубува во некој се заљубува во она што личноста Е,а не поради убавиот изглед.Изгледот е битен единствено за некого да заприметиш,но не и да засакаш...
За авантура битен е само надворешен изглед а за озбилна врска карактер. Ама кога се почнува врска не се мисли што и како ќе се дешава за година две. Битен е надворешен изглед ама пресуден е карактерот. Ако е идиот што ми вреди ако е убав? Ама па што ако е добар кога оди несреден и ми е срам да излезам во јавност со него? И те како ми е битно како изгледа во смисла да е среден, педантен, уреден, а околу градбата на телото не обрнувам внимание тоа со годините се менува така да доволно ми е да се убаво смее, да има убави усни (ќе почнам да опишувам ) и да е добар со фин карактер.
карактер има, лепота нема Веќе некој пероид се допишувам со еден дечко. Ми се свиѓа нековиот карактер,начинот на кој размислува, имаме многу заеднички теми и се тоа, НО не е мој тип на изглед или пак едноставно грд ми е. На вас што ви е побитно, како ви изгледаат паровите кои се физички различни. Ако едниот од партнерите е грд???
карактер има, лепота нема Веќе некој пероид се допишувам со еден дечко. Ми се свиѓа нековиот карактер,начинот на кој размислува, имаме многу заеднички теми и се тоа, НО не е мој тип на изглед или пак едноставно грд ми е. На вас што ви е побитно, како ви изгледаат паровите кои се физички различни. Ако едниот од партнерите е грд???[/quote] Мислам дека уште ти е прерано да се замараш за такви работи. Ете 16 ипол години сум и немам сеуште дечко па супер ми е не се жалам во врска со темата зависи од твоја гледна точка.Сметам дека убавината е минлива, а карактерот е тој што се цени.Но, сепак ти си знаеш.
карактер има, лепота нема Битен е карактерот. Убавината е минлива работа. Е сега, дечкото треба да биде барем малку симпатичен. За вкусови не се дискутира. Некому си му убав, а некому грд. Имам сретнато многу парови каде што едниот партнер е поубав од другиот. Штом убавиот е заедно со другиот, значи дека другиот има добар карактер.
карактер има, лепота нема Ако не ти се допаѓа, поточно, ако тебе ти е грд џабе е. Не се сите женски со манекени, ниту пак сите машки со манекенки. Битно е тебе да ти го привлече вниманието. Ама ако ни малку физички не те привлекува, а ви оди муабетот бидете си пријатели.
Несакам да е ептен грозен, онака симпатичен нормален е ок ... а секако е важно и да ни е многу убаво, да се сакаме почитуваме е тогаш е супер...
Mi znaci. Ako ne mi znaci zosto koga ke go vidam ubavo i pedantno sreden imam pogolema potreba da mu se zalepam? Jes da mi e djabe izgledot ako karakterite ne ni se trpat ama itekako mi e biten i izgledot na partnerot. Imal karakter ama nemal ubavina..Ne postoi covek bez karakter.Samo zavisi dali toj karakter nam ni odgovara. Znaci isto e i so ednoto i so drugoto. Ili karakterot i izgledot se za nas privlecni ili ne se.