Да бидам искрена,многу ми е битен надворешниот изглед.Знам дека е грешка ама ете таква сум.Колку сака нека е добар,фин,ако не ме привлекува физички џабе...
Девојки ми треба помош.. Запознав еден тип кој не ми се свиѓа физички, но многу ме цени... Не знам дали да започнам врска со него, не знам дали ќе најдам друг што толку ќе ме почитува и сака а и не сакам да го повредам
Според мене изгледот и не е битен толку многу али сепак нека биде нормално.НЕли не мора да е мис.Карактерот е најбитен. Ако постои слога, разбирање , почит и љубов другото е небитно.Се се мења,не останува ништо вечно и убаво надворешно ама внатрешно и те како постои.
Изгледот е материјал на кој може да се работи, ако е само тоа причината воопшто немој да се мислиш може од грдо пајче да се претвори во лебед( посебно ако заврши со друга)
фала ангел4е бев во долга врска со еден "убав" и ништо добро не ми донесе... ќе размислам сериозно на оваа тема
на прво запознавање те привлекува изгледот. она хемија шо викаат мора да има. физичка привлечност. може тој да не е некој лепотан ама тебе те привлекло нешто кај него. со текот на запознавањето го откриваш неговиот карактер и доколку те освои , тоа е тоа ...
Секако дека е битен надворешниот изглед на партнерката но не е пресуден. За да ја гледам како материјал за врска и да ме задржи покрај неа мора да има многу повеќе од убаво лице и тело.
па да нема да негирам важен ми е изгледот но сепак поважно е она што е внатре во човекот бидејки она е тоа кој секој однас го одликува како личност
Важен ми е ама не и пресуден. Сепак една врска не се заснова само на физичкиот изглед. Имав дечко што беше буквално прототип на сето она што сум замислувала дека вистинскиот треба да биде ( и да изгледа). За жал и по пет месеци не успеав да се заљубам во него.
Па и ми е а и не ми е толку Најпрво што ќе ми е ако дечкото си е убав симпатичен а се понаша ко типичен уличар секако дека не би фатила врска со првиот на кој ќе наидам да е онака солидно убав ПОНАШАЊЕ и ОСЕТ веќе доста ми е од такви типови што немаат слушнато што е тоа понашање или осет
Ми е важен ама не е пресуден сепак мислам дека човек не треба и не смее да се цени според надворешниот изглед но кога би бирала би сакала да биде онака солидно убав
Да си кажам искрено, да важен ми е. Сепак изгледот е тој што привлекува, а ако некој не ми е убав, каков сака карактер нека има нема да бидам со него.
Vazen mi nadvoresniot izgled na prv pogled, no sepak vnatresnata ubavina e taa sto me privlekuva najmnogu
денешно време и то како е важен надворешнио изглед која сака нека кажи-мене нај важен ми е внатрешнио изглед не му вервам....некој грд ко пес да е а добра душа да има не ми се верва дека ке го фатиме за дечко за сопруг да не збораме Мене како личност многу мие важно каков е човечкио карактер ама па и мн. вавжно ми е и надворешнио изглед
Мнгоуууууууу ми беше додека не се запознав со сегашниот, не е грд убав е ама сум имала и поубави ... И сега сатив дека не се гледа и бара изглед како што правев јас, се бара карактер некој што ќе те сака и нема да те заебе...
Па битно ми е да ме привлекува, нормално. Не би можела да бидам во врска со некој абе каква сака душа нека има, ако не ми ја разгорува страста и не ме возбудува.
Надворешниот изглед е прв што не привлекува кон спротивниот пол. Важен е секако, но само на почеток на врската, а потоа се „реди’ се друго што е од суштинско значење за врската... Карактерот, заедничките интереси, сексуалната хемија... се тие што ќе ја оддржат, крунисаат со брак и дочекаат старост на врската.