Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви значи надворешниот изглед на партнерот?

Дискусија во 'Врски' започната од ozbilnazena, 28 март 2010.

  1. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Можеби сум првата што ќе каже дека надворешниот изглед не ми е важен и СТВАРНО ќе го мисли тоа..Да,секако не сакам гнаса некоја но, многу дефинитивно многу побитен ми е карактерот.Физички може некој само да ме привлече,ништо повеќе
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Верувале или не ама ИЧ не ми е битен надворешниот изглед. Она што ми е битно од надворешниот изглед е само да е пристојно и нормално облечен, да не ми глуми фенси нешто ниту пак да ми глупи лудило со некои парталави комбинации.
    Јас имам фобија од такви средени, пицнати момци повеќе дотерани од мене, незнам ми нема ништо мажествено во нив. Кога ќе ги видам со фризури, кремчиња, капчиња чуда, и многу мразам мажи кои се шаблонски демек многу убави и згодни и и се свиѓа на секоја втора во градов. Се испоставило дека таквите се тешко црепови, барем според мене.
    Сакам маж во вистинска смисла на зборот, со 100 кила. Развиен (не набилдан), нормално, класично облечен, а не овие педерчињава што ми шетаат со хипстерски наочари и карирани кошулчиња, а тинејџеркиве па и повозрасниве моми кубат коси по нив какви биле убави.

    Како да ви кажам ама и со 200 кила, на маицата кругови од пот (под услов да не мириса), неизбричен и со скинати боксерици пак ќе ми биде најубав на светот затоа што го сакам.
    За да ми се допадне да направам муабет секако мора прво да ме привлече физички НО, пристапот многу повеќе може да ми се допадне од него и шармот дури и физички воопшто да не ми се допадне и да е грд по моите критериуми.
    Паѓам на духовити, интелигенти и шармантни момци дури и ако му фали заб, има крив нос или е дебел.
    Не ми е гајле дали на околината им е убав или не, штом сум со него мене ми е најубав и најсакан.
     
    На EarthFire, ku4ence, Dust и 11 други им се допаѓа ова.
  3. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Не толку колку интелигенцијата. Дури ни внатрешноста не ми е битна ко ова. Како растам, се развива сапиосексуалецот во мене. :rofl:
     
    На kajl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Секако дека е важен но не и најважен. И двајцата дечковци досега ме привлекоа со внатрешноста, а не со надворешноста. А кога ќе се сетам со какви очи го гледав дечко ми пред да ми биде дечко и како го гледам сега, има голема разлика и можам да кажам дека - Ако некој го засакаш поради неговата личност, тогаш се кај него станува убаво.
     
  5. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    Многу ми значи, па нели коа и ние жените мастурбираме се палиме на тоа каков е типот, какво тело има, какви очи, какви раце и сл. сепак не можеме да свршиме на тоа каква душа има :D
     
  6. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    ако речам дека не ми е битен ќе излажам
    битен е но не и најбитниот квалитет кој го барам кај маж
     
  7. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    I jas se slozuvam deka izgledot privlekuva, a karakterot zadrzuva.

    Koga izlegov so edno momce, prosto me fati nervoza, ne mozev da zboruvam kolku bese zgoden (inace ne sum takva,ne sum sramezliva voopsto). Kako sto pominuvase vremeto izleze najgolemiot prostak koj nekogas sum go zapoznala, dzabe mu ubavina.

    Bivsiot vo koj bev do usi vljubena, mene mi izgledase kako da e najubaviot decko koj sum go videla nekogas. No, sega koga ke poglednam (bez rozevi ocila), toj imase mnogu nesovrsenosti. No, imase nekoj stav, samodoverba poradi koja nikoj ne obrnuvase vnimanie na toa.
    Zatoa spored mene, fizickiot izgled ne e presuden.
     
    На Gosh и Wahnsinn им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Mnogu. Faca, telo, sens za oblekuvanje (ne pomodar)... toa mi treba mene. Sekako deka samo izgledot ne e dovolen, neophodni se i drugi kvaliteti, pred se najvazhno e da ima hemija, ama bez dobar fizikus ne ni mozhe da mi se razvie hemija so nekoj.
    Rugobi ponastrana od mene.
     
    На xGrapefruitx му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Физичкиот изглед мами, и тоа е факт!
    Но проблемот е дали тој физички лик ќе те затлее понатаму и ќе ти го зграпчи срцето како никогаш досега.
    Тој е само еден сосема мал дел од мозаикот наречен љубов, а прашањето за опстанок на една врска е всушност огледалото на нашите души.

    И да, убаво ми е кога во мм ќе погледнам човек кој зрачи, не дека не, да не се лажеме.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marich

    marich Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2015
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Многу ми е важен надворешниот изглед :D, немора да е совршен но барем она малце симпатични црти кои би ме привлекувале, секако дека и внатрешниот изглед , но надворешниот привлекува :D:D
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас па се чудам како не ви е важен надворешниот изглед.
    Не сакам дечкото со кој се гледам да не води сметка за тоа како изгледа. Ако јас можам секој ден да се шминкам и да се трудам да изгледам добро за да се чувствувам добро, а моментално не ми е се розево, може и личност од машкиот пол да го прави истото.
    Ќе излажам ако речам дека не ми е важен. Физички ако ме привлечи некој голема е шансата да се заљубам, ама па ако не е доволно интлегентен и ако глуми лудило, а во исто време пробува да ве задржи тој би бил идеален глупак за да си играте играчки, ако ви е смачено од неговото однесување, а сакате да си мисли дека го сакате.
    Сите си имаме некои критериуми до кои се придржуваме кога избираме со кој ќе излезиме и би започнале нешто. Исто така би додала дека не сите што се убави се глупави, ама многу од убавите се глупави и се занесуваат. За тие таквите што летаат во облаци и се глупави не да ги оставите веднаш, туку да му набиете рогови и комплекси па да се спуштат на земја.
     
    На xGrapefruitx му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    iskacanje-so-devojka.jpg
     
    На stetoskop, ku4ence, Dadusicka и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Да многу ми значи
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Babybabygirl

    Babybabygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ми значи многу,и индирекно му го кажувам тоа.Но не дека он не се дрижи туку му кажувам дека можеби дел од парите што ги заработува е паметно да ги потроши на гардероба за да не се жали дека нема(инаку нон стоп се жали дека му фалат блузи и фармерки).Може секој месец од плата да издвои по 3000 ден за нешто што му треба.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  15. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    каков физички изглед зарем на рамка ке го ставам да ми виси како икона,најважно ми духовитост,интелигенција и комуникација кај спротивниот пол.
     
  16. Ruby13

    Ruby13 Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Нормално дека прво на око паѓа изгледот на личноста што ќе ни се бендиса,но не е се во убавината.Ѓабе ако не е океј у карактер.
     
    На emotivnadevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Надворешна убавина 1 %
    Внатрешна убавина над 100 %
     
  18. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    На секоја девојка и значи изгледот и тоа многу. Кога е многу згоден некој тој може да прави секакви глупости и на крај се тоа да е ок за неа
     
  19. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Ми значи да ама не ми е пресуден.Сепак повеќе обрнувам внимание на карактерните особини бидејќи скап изглед на евтин карактер не одговара.
     
    На TheGirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Зависи кој каква перцепија има за физички изглед. Јас отсекогаш сум имала специфичен вкус за машки,дури другарките ми се чуделе . Јас никогаш не би можела да бидам со низок тип,набилдан или спортски тип како и слаб дечко,прво не би одговарале физички,второ не ме привлекуваат во секоја смисла.
    Партнерите треба еден со друг да одговараат.
    Карактерот е најважен,тоа се знае но ако физички не те привлекува крај на приказната.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.