Не ми е битен изгледот мислам дека тоа е за површни луѓе и за дечиња во душа, повеќе гледам внатрешни особини, пример што ќе ми е некој што ме изневерува или што ме краде ама важно е убав не оди тоа така.
Ама мора и физички да ти е привлечна личноста. Ако не ти е воопшто, тогаш нема да можеш да имаш секс со нејзе.
Не ми значи многу. Мислам сепак да ми е мене убав да има нешто привлечно во него. Но сепак карактер си е карактер.
Многу, секој маж пред да ми стане партер/муватор ват евер треба прво физички да ме привлече.Сакам убави и згодни машки
Само на прв поглед, откако запознаам личност подобро воопшто не ми значи. Никогаш изгледот не ме освојувал. Џабе му се коцки на стомак,ако е цигла во памет.
На прв поглед не дека не ми значел, така визуелно кога ќе видиш личност прво тоа паѓа во очи, особено ко тинејџерка, но сега важно ми е да ми е убав ко човек пред се. Сум запознала лепотани физички, а чим прозбори или го запознаеш ти се згадува особата и обратно. Некој така ако ми прирасне за срце, физички одма ми е поубав ко личност.
Смисла за хумор, харизма, лојалност и у глобала сум скромно идиотче. Од изглед да речеме само на "очи" сум слаб - али генерално, if it vibes, it vibes - изглед не ме интересира.
Ако зборуваме за класична убавина, не ми значи многу затоа што јас си имам свој критериум за тоа што мене ми е убаво. Инаку секако дека треба да постои и физичка привлечност за да се заинтересирам, но тоа не е единственото нешто. Некогаш едноставно постои хемија, некаков шарм што ме пленува, смисла за хумор и разбирање. Не можам добро да објаснам што е тоа... Но во никој случај привлечноста не ми е одредена само од физичкиот изглед.
Ептеен, без да ми се допаѓа физички, не доаѓа предвид. Битно е и да е убав, и племенит, т.е. добар, и паметен.
Не ми е битен на овие години веќе, пубертетски глупости се тоа, барам карактер и стабилен човек само.
На почеток ми е битно, ама ако не покаже карактер, почит и дека му е стало тешко дека ќе го засакам за долго. Доверба е многу битна кај мене
Ново прашање Дали мислите дека мажите се визуелни битија, т.е дали му придаваат значење на изгледот на жената или не е пресуден? Односно поточно прашано дали до толкава мера го премеруваат изгледот, линиите лице коса итн како што ние жените правиме? Бидејќи ние сме далеку покритички настроени кон себе и посензитивни на тема изглед отколку тие што се. Пример сум видела парови во кои типците се бонбона и во врска се пообична партнерка, не толку мазена или не толкава прчка, не знам како да се искажам да не звучи грубо. Можеби ние или јас еве сум подетално насочена, повеќе со комплекси и сметам дека мажите имаат високи приоритети за убавина а можеби сум грешела во тоа сфаќање. Еве и за висината кога станува збор, висок маж со пониска жена, зборувам за цела глава пониска. Што мислите?