Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви значи надворешниот изглед на партнерот?

Дискусија во 'Врски' започната од ozbilnazena, 28 март 2010.

  1. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Зависи. Ако е вложил тој во изглед ќе очекува и ти да вложиш. Али има и дискутабилни суштества (да не навредам со опис на личност) кои бараат жена змај до нив, и згодна и убава и плавуша. Јас сум премногу самокритична и оптеретена со изглед затоа што мојот маж изгледа убаво, сакам да му бидам рамна ако не можам подобра. Важен му е изглед, но не пресуден. И кога бев дебела, ужасна со акни не ми рече ништо, ама знам дека не беше задоволен од тој мој изглед.
    За да и пријде маж на жена треба прво физички да го привлече. А за во брак мислам дека не е од толкаво значење изгледот, ама ете знам дека маж ми имаше ми замерено кога носев партали по дома извалкани и со несредена коса. Ме праша само до кога ќе сум така. Се навредив, тогаш бев неколку месеци породена и не бев запуштена, редовно се средував, ама ете имаше неколку дена по ред кога бев катастрофа, без енергија, желба за живот и општо било што, па затоа сум останала несредена.. значи сепак приметуваат..
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.926
    Допаѓања:
    177.502
    Пол:
    Женски
    @DarkStormm тие можат да приметуваат до утре, ама не смееш да дозволиш момент “маж ми не беше задоволен од мојот изглед” да ти биде идеологија во твојот живот. Нема тој што да е задоволен. Тој треба да ти биде поддршка и мотивација, а не да те прашува до кога планираш така.
    По дома сакам да сум во нај комфорно и не планирам дома ко за на свадба да изгледам за чувај боже маж ми да е задоволен.
    После тежок втор пораѓај, уште потешко опоравување, хормони мрднати, психа попуштена, две презахтевни деца, нозе не стасав 6 месеци да издепилирам во каков хаос бев. За воља на вистината не ни имам влакна, се бркаат овде онде некое, ама пак. Да ми речеше маж ми нешто, крај ќе беше. Во која и да сум била ситуација, а по вториов пораѓај двајца психолози ме оправаа и имав изузетно лоши месеци, маж ми секогаш ми кажуваше дека сум му најубава и дека го палам.

    Те читам неколку пати последниве месеци колку си оптоварена со изгледот. И искрено ти кажувам без да знам воопшто која си, верувам дека си препичка и дека плениш и многу ама многу повеќе од она што самата го гледаш во огледало. Маж ти е тој, поради кој осеќаш притисок и кој ти убива самодоверба, а и ти врши притисок очигледно со па и не толку суптилни коментари. Престани да се споредуваш со него. Работи на својата самодоверба, оти на крајот на денот, самодовербата е најдоброто парче што можеме да го ставиме на нас, облеката нема улога колку тоа како ќе си ги распоредиш мислите во главата и каков став за себе и за твојот живот самата ти ќе заземеш. А со маж ти да расчистиш до кај смее да тера. Извини што ти се избацив вака, слободно пријави го коментаров откако ќе го прочиташ.
     
    На oblace1, sparklie, Mnik и 12 други им се допаѓа ова.
  3. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Јас од секогаш сум ваква. Бев препичка пред пораѓај, па со целосни купачи одев на плажа ради стомачето од два прста. Сега сум тотално упропастена. Не е крив маж ми, сама си набивам се. Мојата самодоверба од секогаш е ниска, прениска. Сега плаќам прескапи третмани за целулит, вежбам, се трудам она што можам да го потсредам.
     
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.089
    Допаѓања:
    21.664
    Пол:
    Женски
    Ова ти е предобар коментар!
     
    На oblace1, M&M и Yowannty им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.926
    Допаѓања:
    177.502
    Пол:
    Женски
    Можеш да си била и да си таква. Нема оправдување за погрешната улога на маж ти во моментите кога си била најранлива. Нема зошто целата вина да ја преземеш, јасно е дека тој доста ти отежнува, особено самото тоа што ти веруваш дека чим тој вложува во изглед нормално е да очекува и од тебе да му парираш. Не, не се реални такви очекувања.

    Како и да е, пристапот кон себе си ти е погрешен. Место толку потсредување физички, пробај потсреди си ја самодовербата, па ќе видиш како тогаш магично и физички ќе се потсредат многу работи. Пробај, дај си шанса да се доживуваш себе си поинаку. :)

    Поздрав.
     
    На oblace1, MinnieM, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Не се работи само за да му парирам. Тој си има своја самодоверба. Јас немам, единствен начин да ја подигнам е баш да се средам физички. Имам приметено, кога изгледам поубаво се чувствувам поубаво. Јас не сум од "обичните" луѓе на кои стриите им се светост најголема, ниту пак промовирам self love, свесна за своите недостатоци сум. И со психијатар имам многу разговарано на темава. Тој вели дека мојата дијагноза е страв од преценување, а одбрамбениот механизам ми е себе деградирање со цел да се заштитам од разочарувањето кое доаѓа од преценувањето. Изгледа психијатарот бил само добар дијагностичар, не најдовме начин да го поправиме тоа кај мене.
    Да не бегам од темата, темата е идеален брак. Мене не ми смета ако реално ми биде кажано било што од сопругот. Не се лутам, само малку се навредувам. Сепак тоа е негов карактер, не ми прави лице, не ме лаже, а и да се навредам бар знам што мисли и што да преземам.
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.693
    Допаѓања:
    11.202
    Пол:
    Женски
    Друшка вака би рекла.
    Изглед е скроз релативна состојба, крајно променлива.
    Дали постои идеал, кој е тој идеал за убавина?
    Какви се тие жени Змај?
    Ок, разбирам, високи, згодни, дали само тие се дефиниција за сексапил и женска убавина? Не.

    Јас претпочитам да сум шармантна наместо идеално убава. Не сум филмски убава, не сум ни грда, некоја нормала. Можеби некој шарм кој си го имам. Маж ми не ме форсира да бидам да трчам по некој замислен изглед. Пообични сме двајцата , ама си одговараме.
    Кога го запознав, не ми беше некој од прво гледање да ми се допадне, ама имаше нешто во него што ме привлекува. Висок, со убаво тело, културен, некоја позитива оддаваше. Баш како тебе што ти запнале за око тие типови.
    Исто и јас нему не му бев нешто аау зашто не бев. Ама се привлекобме.
    Јас сум пониска од него, дури и на почетокот на врската, ми рече еднаш онака демек да беше плус пет сантиметри... Малце ме пецна, и сѐ уште си мислам дали повисоки женски му се пример за жена, дали му се пококетни.. И да сакал таква, да било тоа приоритет, ќе барал таква. Ама не е желбомат. А не му е тоа пресудно, повеќе беше нашата компатибилност и уживање заемно еден со друг.
    Не знам ете висината ми остана како желба, како некој комплекс, иако постојат штикли... затоа си реков ќе работам на телото, тука можам да влијаам.

    Знам дека сакаш да си тип топ, и јас исто.
    Сакам во мене да гледа и убавина и женственост и пред сѐ партнер за оние сите работи во животот, сопатник.

    Убаво е да се средуваш, убаво е што сакаш да му си рамна на него, но освен физикус, сигурно сте се зближиле со други карактеристики , со некои ваши црти. Ако во основа е само физички изглед, и да му си убава цело време, која е нишката на бракот тука?
    Тој се средува, ама ти како жена мајка не можеш секогаш да си во секси издание или да цветаш, не е можно. Хормоните нѝ лудуваат, секој ден сме различни.
    И тој притисок да си средена е преголем. Кажи ми дали ако маж ти не беше толку фокусиран на изгледот, дали ти ќе беше полабава?
    Да, на почеток се наоѓаме физички, за потоа да си ја продлабочиме врската на емотивен и духовен начин.
    Затоа и не верувам во идеална убавина, ами во шарм. А шарм е нешто и кога стрчи, некој дел од лице, тело , а така симпатично, различно изгледа.

    Да работиме на себеси, точно, самодовербата дел доаѓа и со самодопаѓање, ама не се туркај само ради него. Подобро, работете на нештата со кои имате недоразбирања и трзалици.
     
    На IRBBB, MinnieM, M&M и 6 други им се допаѓа ова.
  8. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Јас не се сметам за жена змај. Јас не верувам во стандарди за убавина. Знаеме сите денес се сестри близначки, со напумпани усни, русокоси, тенки половини, големи задници. Некако тоа се смета за убавина. Мене не ми е тоа убаво, ама на маживе мислам дека да. Еве отвори ги старлетиве и види колку лајкови ставаат твои и мои машки познаници.

    Околу висината... јас сум многу пониска од маж ми. И тој некогаш кога ќе застанам до него да го гушнам ми вика "џуџе". Сигурно повеќе од 20 цм сум пониска, затоа што ни со штикли не го стигнувам. Ама мене тоа ми е слатко па. Секогаш сум сакала доста повисок да најдам од мене. И не ми пречи ни џуџе кога ќе ми рече. Слатко ми е. Шарм не знам дали имам. Физички не знам, не сум со лош изглед. Ама не сум ни прелепотица. Ете
    тој порано ми се обраќаше со "маченце" и сл. мили зборови. Сеа или по име ме вика или по прекар што си извадивме дома. Нема да го кажам зборчето, така си се обраќаме еден на друг, па и на детето.

    кога се запознавме веројатно физички го имам привлечено. Така ми рече тогаш кога бевме кратко во врска. Цитирам: "не ме привлече сигурно тоа што имаш добра душа, дојдов да те запознаам бидејќи физичкиот изглед ми се допадна" потоа кликнавме ептен.

    Е сега не знам како ќе ме сфатиш, ама јас верувам во карма и претходни животи. И мислам дека ние сме сродни души. Мислам дека сите сме сродни души со брачните партнери, па дури и оние чиј брак не успеал. Затоа што веројатно во овој живот требало да се сретнат и да разрешат кармички долгови. Јас уште кога бевме на почеток од врска почувствував, почувствува и тој. Имаше нешто магично, нешто над наша контрола. Имавме многу нешта различни, а сепак се претопивме како по план да беше. Нешто над нашите можности за перцепција. И сите проблеми што ги преживеавме и надминавме мислам дека ни беа лекција. Сеа ќе речеш вака се тешам, ама не. Верувам и чувствувам дека сме заедно за да надминеме и научиме нешто. Нашите души се знаат од некаде.
     
    На *Amethyst*, Cvekarka и elenaklasik им се допаѓа ова.
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.693
    Допаѓања:
    11.202
    Пол:
    Женски
    Убавина и нагонско привлекување се две различни работи.
    Мислиш ако мажите кои им лајкуваат им се убави тие жени?
    Воопшто.
    Со тоа што кажа дека личат една на друга како патетични копии, е знак дека се излитени, досадни и би рекла далеку од убави.
    Им лајкуваат како афирмација дека би ја ..... А не дека им се убави и дека за жена би ги зеле.

    И мажите знаат која е за кандидат за брак, кои типови на жена, ама има некои сељачишта, и ќе формираат брак и деца, и пак по такви лигли се ѕвераѕ. Мене тоа ми е грдо. Ем таквите не ги женат, ем ги гледаат.

    За висината, па слатко е. Ја сум 30 цм мањак маж ми, па мене ми е симпа.
    И јас сакав некој висок да се стопам во него, кога ме гушка, да се поткревам. И добив.
    Ама ете тој збор не го заборавам што ми го рече. Можеби не се ни свесни дека сме понежни за зборови поврзани со изглед.

    Некогаш сме многу строги и критични кон себеси. А поминува животот, младоста, потоа ќе ни е криво, ќе си речеме на старост здравје Боже, ех сум била убава, не сум знаела да се ценам.
    Ајде да ги рушиме овие стереотипи за женска убавина, да бидеме сигурни во себе, да им се избациме на маживе со самодоверба.
    Убава си ти, иако не те знам девојко. Убава сум и јас.
    Дај да си се ценеме а секако дозволено е да си работиме на изгледот ама да знаеме дека и за нас зборот убава постои.

    И јас имам чувство дека сме предодредени со маж ми да сме заедно. Она што го имав зацртано да го најдам во идниот маж, тоа и го добив. Тој во мене исто така, минус пет цм ]:) :rofl:
    Како што реков, прво не знаев да дефинирам дали ми е убав, ама сега ми е најубав, ми буди веселост , стрелец во хороскоп тоа е.

    По изгледот, доаѓаат поважните компоненти за една врска, она што рече да си кликнете.
    Да си се средиш како сакаш ама не заборавај и да си се сакаш и почитуваш и ако треба да и со него зборни си онака на овие теми.
     
    На MinnieM, *Amethyst*, Cvekarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Па добро не реков дека некој се вљубува и останува со личност која само физички му е привлечна или убава. и тоа што викаш им лајкуваат како афирмација дека би ги ебеле. Точно тоа е. Чим би ја ебел значи добро изгледа според него.

    Маж ми имал неколку врски со такви девојки , една што ја знам ја знаете сите, силикони е цела. Секако не ја гледал како wife material ама нејзиниот изглед му бил важен и сигурно филм му се правело. Еден период кога таа му беше клиент јас покажував голема љубомора. Не знам. Не си ги бира тој клиентите, работодавецот.. не може да рече нема да оди на работа она кога доаѓа. Ама ете мислев дека она сака да го заведе, оди поради него баш таму. И мислев дека и тој ќе биде заведен од неа успешно бидејќи сепак му е бивша. Ваљда се осеќав загрозено поради тоа што јас изгледав како вреќа компири во тој период.

    Имаме зборувано многу. И него му пречи мојата ниска самодоверба. И во таа конкретна ситуација кога му правев љубоморни сцени заради клиентката (бившата девојка со силикони) он ми велеше дека немам причина за љубомора. И стварно е смешно сега ама тогаш не ми беше. И он вика дека жени од тој калибар видел многу. Едноставно сите знаеме дека тие не се вредни за растурање фамилија. Ама ај кога си дебела, со акни, со проретчена коса оди поверувај во тој муабет. Не можев, не бев на чисто со себе.
     
    На elenaklasik, *Amethyst* и Cvekarka им се допаѓа ова.
  11. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    675
    Пол:
    Женски
    Не се замарај силиконите се пролази работа тие не се жени за околу куќа а не па за внатре.Мажите тоа го знаат ич не се секирај.Јас не сум љубоморна ама некогаш знам да покажам.Дури маж ми ми вика да ти кажам искрено убаво ми е на душата кога имаш вакви испади:inlove:.За разлика од него он многу почесто покажува дури некогаш и за банални работи.Ама тоа до некаде и ми прија искрено се само да биде со граница.А за тоа дали сум дебела,слаба незнам со мрсна коса,нефарбана него тоа не му претставува никаков проблем искрено.Знам да поткачам некое килце повеќе ама ни тоа не му пречи за него е подобро (да имал што да фати човекот хаха)знае да ми даде добар или лош коментар за нешто што го носам ама на крај останува онаа реченицата што повекето жени ја САКАМЕ МЕНЕ СИ МИ НАЈУБАВА.Доволно е тоа така да мислам тоа е љубовта
     
    На Erika.greeneyes и Anyshka им се допаѓа ова.
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.902
    Veruvaj ne znaci deka mu e ubava ako ja e..maz ko maz poinaku gledaat na toa, uporna zenska malce alkohol i znaat da legnat so nekoja sto ne im se ni dopaga. ( muabet i primeri od moja bliska okolina na maski drugari) ova zboram za slobodni mazi sekako..
     
    На Billy Idol, elenaklasik и Anyshka им се допаѓа ова.