леле дивине ме изнамсеа ама и ти си претерала,како ќе ти биде он вака да реагира.или уште полошо,не дај боже да се разболи некогаш и да мора да е ваков,тебе ќе ти се гади ли од него. машко е,косата ќе му порасне за 2 недели,а сега фино лепо јави му се да се видите и научи се дека треба да го сакаш каков и да е,зашто си е твој
Zнам да му се сневиди дека сум смотана ама така ми дојде да изреагирам , леле и денес сака да идам кај него и морам некако да ги навежбам мускулите на лицево правилно да изреагираат ,
Дивајн, јас те сфаќам целосно , и мене еднаш ми се случи истото Требаше да се видам со дечкото, кога одам што да видам Ужас! Исто беше лето и нели, дека му било жешко и господинот земал брич и не оставил ни едно влакно. Ама и тој не се бендисал па си носеше капа со него. И јас му реков што си направил со косата и уште повеќе го убедив друг пат да не прави вакви глупости и за скоро време му порасна. Уживај си, ќе помина, ама ме пресмеа кога ми текна за мојата случка одамна беше, а и јас исто како тебе реагирав. Тоа е нормална реакција, очекуваш да видиш еден човек- а пред тебе излегува друг
Леле Divine ме изнасмеа... Ова ме потсети на еден мој бивши дечко. Се враќам јас од училиште, со 5-6 другарки, и гледаме така подалеку од нас човек со зелена глава... И се смееме, коментираме кој е овој будалава што зелен се исфарбал... кога се приближивме, имаше што да видам... мај бојфренд... ме чекал да ме види... ко во земја да пропаднав, и од срам и од бес. Уште вечерта му раскинав
Е и ти сеа Иначе, на темата, како што кажа некој претходно, и јас се држам до онаа: „Надворешниот изгледа привлекува, но не задржува.“. Повеќе ми е важно да ја запознаам таа личност одвнатре, зашто тоа никогаш нема да се промени. Секогаш ќе си остане исто, за разлика од убавите нозе или цврстите ци.ки.
ми значи...ама по долго време врска .. не се ни приметува веќе тоа.... и ке го бациш и сакаш каков и да е
Секако дека ми значи надворечниот изгледа,сакам убаво да изгледа и да не биде запуштен.Фала богу неможам да се пожалам дечко ми секогаш внимава на својот изглед и секогаш е скоцкан.Можеби малку ми смета тоа што поретко го гледам во опуштена комбинација но што да се прави таква му е работата. Колку и да велам дека не ми е важен надворешниот изглед може да се лажам самата себе.Неможам да бидам со некој што воопшто не ми се допаѓа и не ме привлекува,мислам дека треба да постои обострана симпатија.
нормално дека за да бидеш со некој мора да ти се свиѓа како изгледа.но не е се во убавината.Точно дека таа привлекува но сепак карактерот задржува : - )
Се согласувам потполно со ова. Мене ми е битен надворешниот изглед и тоа можеби премногу, бидејќи на прв поглед секогаш гледам дали дечкото е згоден, а ако не ме привлекува многу многу можам да правам муабет ама нема да го гледам како потенцијален материјал за дечко . А потоа пак нормално се гледа и карактер, ако е некоја будала тогаш шут-карта и чао пријатно. Значи карактерот е најбитен, ама да се стигне до него треба бар малку да не заинтересира, нели? Е сега сите бараме лепотан и некој згоден со тело и мускулчиња а плус и да има карактер, а таквите тешко се наоѓаат ама јас ќе продолжам да си барам
Ми значи доволно, онолку колку што треба. Секако дека карактерот ќе ме задржи , ама ништо ако не изгледа добро, барем нормално. Понекогаш повеќе ми се допаѓа кога дечкото е просечно убав ама шармантен, отколку некој лепотан без смисла за хумор и осет за комуникација Фала Богу дека секоја девојка сака убав дечко, ама не убав глупак
Понекогаш повеќе ми се допаѓа кога дечкото е просечно убав ама шармантен, отколку некој лепотан без смисла за хумор и осет за комуникација Фала Богу дека секоја девојка сака убав дечко, ама не убав глупак [/quote] Се сложувам
Секако дека ми е битен , за да сакам некого да запознаам подобро треба да ме привлече неговиот изглед , шармот пред се .Но се паѓа во вода доколку дечкото е само надворешно убав , а не знае муабет да направи , или пак е тежок нарцис, мамин самобендисан син .Доколку не ми се допаѓа неговиот карактер , начинот на однесување, немаме заеднички теми за разговор се паѓа во вода ... ма ако сака и како Бред Пит нека изгледа Секако дека не барам совршенство (бидејќи тоа не постои), не сепак битно ми е да бидам со некој кој мене ми е симпатичен и шармантен.Сепак тоа е лик кој често ќе биде покрај мене .Но многу побитно ми е меѓусебното разбирање, начинот на кој се однесува со мене, неговите ставови и размислувања и на прво место дали сум среќна со него . Убавината не е секогаш пресудна , многу ликови кои не ми биле така симпатични ...откако ќе ги запознаам подобро прекрасно ми е во нивно друштво.За пријатели воопшто не ме интересира изгледот , но сепак кај партнерот и тоа ми е битно ... не е на прво место , но сепак ми е доста битно
Искрено, ама воопшто не ми значи. До душа важно ми е да има светли очи. Смешно е, ама така е. Паѓам на поглед. И тоа ми требаше мноооогу време да го сфатам тоа. Друго - ништо.
Секоја девојка сака убав дечко тоа е факт, но не ми треба најјубавиот ако нема карактер и е поглуп од трактор. Порано доста ја гледав убавината, не викам дека биле перфектни, но секој со свој вкус. Но, во последно време ги гледам сите мои другарки како потпагаат на убавите и како на крај доагаат со плачење и се тешат со алкохол. Не е се во убавината, мора човекот да има и други вештини за да те задржи покрај себе. Нормално гледам да е убав или шармантен, но карактерот ми е многу побитен. Не за џабе викаат: убавина привлекува, но карактер задржува
Не ми значи толку колку што ми значи тоа како се однесува со мене, дали имаме заеднички животни размислувања и принципи, дали е некој на кого можеш да се потпреш и некој кој ќе те почитува итн. Не сум совршена самата, и не можам да очекувам и партнерот да ми е совршен - зборувам за физичкиот изглед. Освен тоа, рака на срце па и не е баш бинго да имаш дечко кој е тип топ, најубав, најзгоден и кој привлекува погледи на сите страни, и од лично искуство таквите се доста свесни за тоа, и знаат да го искористат тоа многу добро што значи - амин останување само со вас Да, изгледот е тој кој привлекува, тоа е факт. Но како што кажа девојката над мене, карактерот и пред се однесувањето задржува. Не ми треба лепотанче на мама, кој знае и те како да се грижи за тоа дали кошулчето му одговара со патичињата, или дали брадата му е исправно израстена и што ти знам што, а да не знае да ти смени една сијалица по дома, или да биде покрај тебе кога ти е најпотребен. Јас лично паѓам на харизма, на внатрешен шарм, а тој избива на површина единствено откако типот ќе отвори уста. Дотогаш е ништо повеќе од обична слика за гледање, а таа како што знаеме фаќа прашина и не врши ама баш никаква друга функција освен тоа што естетски ја дополнува просторијата