Баш пред некој ден зборев со другарка ми....Се прашував дали ако сега го сретнев дечко ми, би се заљубила во него?! Во долга врска сум и надворешниот изглед ми беше важен на почетокот, сакав сите да видат дека имам убав дечко, ама после толку години го сакам каков што е, а за долга врска е важен вашиот однос, а не изгледот!!!
За да го приметам и да ме привлече мора да има нешто кај него, не мора да биде Бред Пит, ама да ми биде мене убав. Понатаму да знае како да се однесува и да биде полн самодоверба. Се тоа придонесува за подобрување на надворешниот изглед т.е за впечатокот што ќе го остави кај мене. Е сега, за понатаму мора да биде интелигентен и речит, мразам кога некој едвај два збора може да сврзе. Ако сакам само да го гледам ќе си земам постер од некој манекен, а не дечко.
Првенствено се загледав во дечко ми баш поради неговиот физички изглед. Стварно е многу убав и згоден и ко блесава некоја се затрескав во него Арно ама со тек на времето сватив дека не е се во физичкиот изглед и како се заљубував во него од ден на ден се помалку важно ми беше како тој изгледа. Сега пред мене може да се појави во искината и ветва маица што ја носел во шесто оделение и пак ке ми биде нај нај нај убав на цел свет
Секако дека ми е важен и надворешниот изглед, но најмногу го ценам она што го има во себе, односно карактерот. Доколку некое момче нема карактер, џабе му е и фаца и тело, не му помага. Првенствено гледам карактер, а потоа тело, фаца, целосен изглед.
Секако дека е најважно она што човекот го има внатре,но сепак мене ми е важен и надворешниот изглед.Немора да е некој лепотан,ама да си одговараме...Не би можела да бидам со некој кој е цела глава понизок од мене или пак 3 глави повисок Многу ми е важно кога ке одам со партнерот да изгледаме убаво не е заџабе кажано дека секое тенџерче си има свое поклопче
Да зборувам отворено, за да ме привлече некој мора прво да ми се допадне физичкиот изглед. Немам одреден тип на мажи, едноставно да ми го привлече окото, колку повеќе се изделува од другите толку подобро. Тоа дека карактерот задржува е точно, битен е и тоа како, но џабе карактерот ако со тек на време го запоставува изгледот, т.е. лична хигиена, средување, грижење за себе. И двете ми се подеднакво битни.
Мислам дека физичкиот изглед е пресуден за првиот впечаток. За да се заинтересирам да го дознаам карактерот на некое момче нормално треба физички да ме привлече. Сепак насмевката ми е пресудна. Многу внимание обрнувам на тоа Но, после првиот разговор знам дали сакам да има и втор. Колку и да е убав дечкото, доколку не ме бендиса на муабет, џабе е баш се и насмевка и изглед и се...
за да сакаш да започниш нешто со некој мора прво физички да те привлечи, па после се останато, значи му го запознаваш карактерот, навиките и.т.н. и ќе дојдиш до заклучок дали е тој то шо ти треба
ако зборуваме за ПАРТНЕР ( тековен , не иден ) битни ми се колку надворешен толку и внатрешен изглед - секогаш битно ми е да е чист и среден , првенствено за себе, за мене , па за другите да не се лажеме, ако ви дојде партнерот прљав и несреден а вие сте со група на луѓе , нема да се чувствувате непријатно ?
Значи, за да забележиме некого пресуден е најпрвин неговиот НАДВОРЕШЕН изглед... Да, и тоа како е важен. Мене лично важно ми е дали дечкото ќе ми е убав, среден, чист , згоден. Меѓутоа не ми е НАЈВАЖНО. Најважен, секако, е карактерот и неговата душа. Најдобро е да се најде човек кој што ќе поседува и внатрешна и надворешна убавина. Мојот е баш таков... Со тоа ме тера да се заљубувам во него како првиот ден Значи, според мене , 40%- надворешниот изглед, а 60% е важен внатрешниот
^ Да, за прв впечаток е многу битен надворешниот изглед Порано мислев дека е пресуден, ама сеа гледам најбитен е карактерот... дечко ми има се што некогаш сум викала дека не сакам кај машко, а испадна со такво нешто да завршам и да го обожавам таков каков што е... на почетокот почнав со него од инат на тогашниот дечко и со тек на време како што го запознав му го засакав карактерот и не беше веќе битно каква коса има, и дали има бубуљици и дали е слаб или дали е висок или низок, сега и да му фали око, рака, нога, јас пак ќе го сакам и пак ќе бидам со него
сите до сеа ми биле убави, али карактерно не сме си одговарале никако. Сегашниот ми е и убав.. да не кажам најубав .. има и карактер .. Така да претпоставувам дека пресуден до сега ми бил изгледот .. али што знам ја со моиве 20 год. ?! полека полека сваќам како стојат работите .. и што треба да се цени
Изгледот е оној кој те привлекува, но карактерот е оној кој ќе влијае врз вашата иднина дали ќе продолжите заедно. А нормално ако се заљубиш и се ти е најубаво тогаш и за тебе твојот партнер ќе биде најубав
Јас многу грешев бидејќи отсекогаш сум трагала по убав, преставителен дечко. Порано постојано ја имав таа желба да бидам секаде видена и од сите сакана и почитувана и до мене како украс да стои прекрасен дечко и сите да ми завидуваат. Е да сум била со 2 такви. Едни плитки, глупави, незрели. Едноставно беа недораснати за мене, оти ме потценуваа и не ме почитуваа. Ех кога ќе ми текне колку сум плакала за нив. Јас се нервирам и очекувам нешто сериозно од нив, а на тие самобендисани гадови им беше само важна журката, другарите и лудувањето. Јас сум виновна, нив не ги обвинувам. Сега сум во врска со едно момче кое има просечен изглед, па добро помалку од просекот Но, тој има прекрасни квалитети, цели во животот и силна волја. Тој добро ме познава, знае да ме насмее и да ме пофали, тој се труди околу мене. И јас сум среќна. Ма за ниеден од оние манекени не го заменувам. Од грешките се учи, јас не ги повторувам. И сакам да ве советувам. Кога ќе се најдете во друштво никогаш не го подарувајте вашето внимание на најгласното и најубавото момче. Погледнете го другарот до него, кој седи мирно и посматра. Тој има квалитети.
До последнава врска барав партнерот да има идеален изглед и сите излегоја најголеми идиоти со ни грам мозок. Сеа сум во врска со дечко кој не изгледа како манакен но е премногу добар и спрема мене се однесува како кралица според мене не е се во надворешниот изглед најважен е карактерот. Како викаат убавината поминува но добрината останува
се сложувам со тебе иако сите велиме дека карактерот е пред се...мислам дека ретки се оние кои би ја забележале внатрешната убавина кај човек кој не ги привлекува...сепак мислам дека од голема важност е шармот и харизмата кои се ПРЕД убавиот изглед....
Има специфичен вкус - тој што ми е убав мене им е не така привлечен на другарките и обратно. Значи мора нешто да ме привлече кај дечкото. Од "лепотанчиња" се ежам зошто ем со девојка се излезени си шмекаат девојчиња кои им се воодушевуваат. За таков не фала. Јас си викам - сакам само мене да ми е привлечен и убав
Ми значи. Сè е важно. Што ако е убав, а те тепа? Или што ако е добар, те сака ако е прљав, смрди? -Во двата случаи нема да можеш да уживаш. Така да, подеднакво е важно, барем јас така мислам.
Важно ми е. Но, не да биде апла лепотан, ами да го има она што мене ќе ми прави да ме заскокотка стомакот кога ќе го видам. Е сега џабе ако е убав а глупав ко цреп, нема само да се гледаме нели Значи ваков може во секунда да ми се однеаубави (шо збор ќе беше ова ). А исто може и некој просечно убав откога ќе го запознаам повеќе да ми се разубави..Мислам ме сфаќате де п.с. Ама затоа маж ми е најубав п.п.с. Ова моето дојде..сакам речам, незнам кажам
Важно ми е мене да ми е убав. Не се сомневам во мојот вкус, иако понекогаш знаел да се покаже како малку необичен. Ама колку површно и да звучи, не би започнала врска со некој што не ме привлекува физички, од проста причина што ако нема хемија, би било дволично да го наведувам понатаму. Не дека карактерот не ми е важен, ама да не се лажеме, ако не ви е убав, нема да сакате да бидете во врска со него. А ако сакате, или сте очајни или премногу добродушни. Во второво се сомневам.