нормално дека сите од прв поглед го гледаме надворешниот изглед како кај нас така и машкиот пол тоа прво го забележуваат јас имам приметено дека ете ке го запознаеш убав згоден а карактер нула неможеш два реда муабет да си направиш мојот дечко не е еден од оние лепотани ама мене ми е најубав намногу си го сакам поради тоа што има став има карактер ја има онаа внатрешна убавина која јас одамна ја барав и со тоа и ме освои.
Да, ама не е пресуден. Мојон е фин, просечен, ама прекрасен е одвнатре -затоа и ми е толку убав однадвор.
А бе убавината е релативна категорија.Што за мене е убаво за вас немора да значи дека ќе биде убаво.Најважно е мене да ми е убав т.е. да ме привлекува со нешто.Нормално дека несакам да биде некој акреп до мене-око да ми се уплаши!!!
Хммм..леле ама тешко прашање ..... На која не би и бил важен надворешниот изглед овдека ? Еве едни сирови претпоставки односно две крајности на ова... Која сакала да излегува со некој 155 цм висок,дебел ,со бубуљици на фаца, а да биде духовно "убав"? или пак која би сакала да излегува со најглупавиот дечко ,најгголемиот сељак што ни п од почит не ја користи во практика ,а да е најзгоден ,да биде совршенство за око.... Проблематиката во нашиот избор е како ние ги перцепираме машките за нивната физичка и таканаречената внатрешна убавина -онаа духовната (која не ја има секој во доволни дози) .... Јас би рекла ДА за физичка убавина,би рекла ДА и за "beautiful mind" ,не би била скромна кога би рекла дека сакам да биде и двете одденаш и дека сакам совршен ...(ама таа совршеност не е онаква како што ја рекламираат во Холивуд,Боливуд или било што што потсеќа на сцена,фотошоп ,епп или слично , туку совршеност како исполнуваљње на одредени критериуми кои ќе не прават задоволни и среќни од него секој пат кога ке го видеме или чуеме)...
Ќе излажам ако кажам дека убавината не ми е битна, само не толку убавината како што ми е битен шармот на една личност.Многу сакам и си најдов маж од кој зрачи харизма. Барав се додека не го видов, а кога навлажнив гаќа, знаев дека тој е вистинскиот за мене!
Дали би биле со некој непривлечен? Здраво повеќе пати имам размислувано за оваа тема и се прашувам, ако го најдам совршениот човек во планетата некој кој е ист со мене,но е за жал непривлечен дали би излегувала со него? Викаат дека книгата не се суди по корицата,но што ако корицата е навистина лоша? Јас да бидам искрена веројатно не би излегувала би можеле да бидеме пријатели,но сепак изгледот привлекува така да... Кое е вашето мислење? И дали сте се нашле во таква ситуација?
Дали би биле со некој непривлечен? искрено ... не постои непривлечен човек. Постојат различни вкусови. Можеби некој што е за мене најубав за тебе не е убав. Такви генерализации мразам ... убави грди жолти зелени високи ниски дебели полни слаби ... Луѓе се !!! И кој како сака така си се носи, средува, живее. Ако некој не ни чини нема што да се контактира со него. А сигурно дека ако некој ме привлекува и ме исполнува душевно и мислам дека за мене е совршен нема да го оттргнам затоа што има крив заб. Или зашто е подебел. Во животот не се знае. Денес си горе утре си доле. Тој непривлечен според тебе можеби утре ќе биде вистински убавец. А ти ќе посакаш да си апнеш од газот што си го пропуштила. Претежно вакви се девојките кои се преценети. Па ау не сакам јас ваков онаков. Овој има вакви дланки, овој има зелени очи, јас сакам плави, а овој сиромашен, а овој само точак знае да вози. Абе ајде. Мене ова ми се глупости на куп. Ако со некој ми е убаво, ако прави да се чувствувам убаво ... ќе излезам со него и не ми е гајле дали носи тегет чорапи или има пивско стомаче. На крај краева секој човек си има некој убав атрибут и секој човек си има своја мана. Гроги не постои во вистинскиот живот.
Дали би биле со некој непривлечен? Јас сум човек кој многу внимава на естетиката. Секогаш, однапред имам замислено што сакам и што барам. Можеби и затоа многу често ми се случува да се разочарам.... Секогаш тежнеам по висок, црн дечко, со специфичен поглед.....тоа се трите работи кои навистина ги забележувам. Но, ете ....некако се случи да се поврзам со дечко кој нема ни една од овие карактеристики (освен што е црн). Ете, после оваа случка, јас сфатив дека би можела да бидам со било кој, кој е интересен и кој добро се однесува спрема мене. Физичкиот изглед воопшто не е важен. Ако ти е убаво со некој, изгледот не игра никаква улога
Дали би биле со некој непривлечен? Па мислам дека не би можела. Мора да има нешто што ќе ме привлекува, што ќе ме тера да посакам да го видам, да имаме секс.Откаде би произлегла инаку страста?! Не барам да е манекен, ама мора да има барем едно нешто што ме излудува Ако е само добар, фин, културен не би можел да ми е повеќе од другар.За да започнам нешто со некого мора да ме привлекува, после ако се смени нешто би можела да се прилагодам, ако веќе се заљубам.
Никогаш не сум имала дечко заради неговата убавина. Првото што го забележувам кај машко, нормално тоа е неговиот изглед, но ако не ми е интересен тогаш не останувам во негово присуство повеќе од само неколку минути. Сакам со тој што ќе бидам да се ЗАБАВУВАМ, да си го живеам животот како секоја млада девојка која сака да се забавува, така да тука не се вклучува надворешниот изглед и убавина, туку карактерот. А сега веќе 2 години имам дечко кој не е совршен нормално, но знае да се забавува, знае да ме насмее, да ме разположи, секогаш е тука кога ми е тешко, кога имам некаков проблем или имам потреба од нешто и што е најважно ме сака. Исто така се облекува модерно и изгледа супер, многу девојки го посакувале но јас го добив. Мислам дека добив цел пакет па веќе беше редно по толку кретени. Затоа барајте личност со убав карактер, а не со надворешна убавина, така ќе бидете посреќни и можеби ќе добиете нешто +
Изгледот е најчесто она што од прва би ме привлекло, но тоа кога тогаш ќе помине, исто како и чувствата кон личноста. Затоа тоа ќе го оставам за мување, свиѓање...Карактерот е она што пред се би направило да се одлучам на одредени чекори.
Мене многу не ми значи надворешниот изглед... Подобро да имам некој што не е баш убав но ме сака, одколку да имам некој ЛЕПОТАН што само ке ме мавта како што сака, а јас да се фалам дека имам убав дечко... Според мене се е во внатрешната убавина
Koga go zapoznav decko mi ne mi se dopadna voopsto na izgled. Ne mi se dopagja nesto mnogu ni den denes ama nacinot na koj me gleda, pocituva, saka... nezamenlivo. Kako saka neka izgleda, ne mi e ic bitno.
Па најискрено и не обрнувам внимание на надворешниот изглед единствено што забележувам е насмевката (паѓам на убави насмевки) не ми е битен иозгледот битн ми е карактерот некој и да е мистер на светот доколку карактерот му е нула џабе му е изгледот кога нема ни да го забележам
Се помалку. Го сакам и станат од спиење, уште неизмиен, со пубертетското бркче и испотен од играње баскет. Му го сакам и кривото зубче и јаките трицепси Го сакам цел, од глава до пети. И на Шрек да личи пак ќе го сакам.
Не игра улога надворешнот изглед кај мене сите ми викаат дека се заљубувам во грди но што да правам такви ме привлекуваат Инаку јас сакам црни и по можност да не се слаби значи елегантно пополнети машки, па и таков е дечко ми а најмногу си го сакам кога ќе дојди од состанок облечен во смокинг ммм.......
Па ако кажам дека изгледот не ми е важен ќе ве излажам. Нормално дека на прв поглед првото нешто што го забележуваме е изгледот, па потоа карактерот и ред други работи. Но не велам дека карактерот не е важен далеку од тоа, за џабе не е кажено ИЗГЛЕДОТ ПРИВЛЕКУВА КАРАКТЕРОТ ЗАДРЖУВА.-едно без друго не оди
Јас НАЈИСКРЕНО да ви кажам воопшто не ми значи...Јас сум се заљубувала и во грди дечковци,јас секогаш барам да им нешто што ќе ме привлече ама тоа НИКОГАШ не е надворешниот изглед...ТАКВА СУМ ЈАС ЧУДНИЧКА ...
Најбитно ми е типот да знае да се понаша,а не некој мангуп да ми се праи..леле кој сум јас,ги мразам таквите.
Па сите прво во изгледот се загледуваме па потоа се заљубуваме сега да не биде некој одвратен да личи на човек но не е се во убавината ако нема основно однесување џабе му е убавината значи прво изгледот па карактерот интелегенцијата и успехот кај еден човек игра многу голема улога верувале или не. И тие што велат дека не сакат дечко според надворешниот изглед лажат според мене. Убавината ги заслепува луѓето