Да ме прашавте ова прашање пред 6 месеци, би ви рекла дека воопшто не ми значи... али сега можам да кажам дека ми значи. Надворешниот изглед е тоа што те привлекува до партнерот. Секако дека внатрешната е најбитна ама и надворешниот изглед е важен.
Ми значи, но не многу. Не ми е на прво место. Други работи се многу поважни. Изгледот може само да ме привлече, на прв поглед. Тоа што задржува е карактерот. Ако сме сродни души, ако ми е убаво и уживам со него, не обрнувам толку внимание на тоа како изгледа.
Па реално и мажите нас не проценуваат според надворешниот изглед.... Да не беше така немаше да идеме на фризер, да се шминкаме, да се облакаме по последна мода и да му вршиме 300 тортури на телото (у Пила жртвите боље проаѓаат) ... Епа кога можат они можеме и ние... Многу ми значи изгледот, немора да е Бред Пит, ама да е доволно добар да можам гордо да шетам под рака со него.. А ако е и шармантен...добитна комбинација...
Залудно би кажале дека не ни е битен изгледот, кога на сите ни е... И се согласувам со повеќемина од погоре дека секако за мување изгледот е повеќе важен, но за сериозна врска секако дека без карактер не бива..
Пааа не дека ми е мноогу важен, но сепак важен ми е.. секако дека карактерот ми е многу поважен, но исто и убавината... ако е грд ко коњ, а предобар, нема да можам со него, исто ако е преубав но сељак нема да можам со него... така да би кажала 50-50
Според мене е субјективна ствар,некој сто мене ми се свига, на друга нема да и се свига,секој гледа со разлицни оЧи.Можам да кажам дека кога ке ни се засвига некој голема улога игра некоја енергија,хемија или како сакате нареЧете ја,отколку тоа дали има црни оЧи,дали е висок,низок итн,а дали после ова ке продолжиме со некој нормално зависи од каракерот.
Надворешниот изгелед привлекува,но карактерот задржува Јас на пример џабе му е изглед и све,ако карактерот му е катасторфа.А пошто сум строга во оценување на карактер...изгледот сум приморана мање више да го игнорирам
Важен е надворешниот изглед пред се зошто ако си со некој треба да те првлекува, а нормално многу поважен е карактерот зошто може само да ја зголеми привлечноста... значи мора да постои комбинација од двете
Девојки ајде сега малце помош на оваа тема, во врска сум малце повеќе од две години, ајде две ќе кажеме сеедно. Значи никогаш не ми бил важен изгледот на партнерот туку неговиот карактер. Покрај мене имам супер човек што буквално за се ме поддржува и добар е со мене, ме гледа како принцеза. НО, од пред некое време ме мачи неговиот изглед... Значи никој никогаш не рекол дека не е убав, дури некои рекле дека е симпатично момче, знам дека не е манекен, ама дефинитивно не е грд. Ама мене ми се уврте дека јас можам да имам поубав дечко кој што повеќе ќе ме привлекува. И сега??? Постојано ме мачи тоа, а толку е бедно од моја страна и свесна сум, ама ете тапкам во место. Ни одам напред ни назад. Не знам што да правам.... Се однесувам како тек сега да ме фатил пубертет...
Тогаш, размисли си за вашата врска, дали си сигурна дека сакаш да останеш со дечкото, штом ти тука велиш, дечко што повеќе ќе ме привлекува . Сама си го даваш и одговорот. Види, можно е искрено да ти е минлива некоја фаза, некој луд период, што ќе ти помине, но пак можеби и навистина да имаш потреба од промена едноставно, што е некако нормално во сите долги врски, независно колку долго траеле, но самата ти, тоа можеш да го разглобиш и решиш. Стави на кантар се’ што е плус, за да останеш со него, наспроти се’ што е минус, што ти недостига или што би го добила кај некој друг и така реши си, дај си време и себе си и на вашата врска, сепак ти најдобро знаеш колку човекот вреди, колку тоа што го имате вреди. Подобро реши дали сакаш да продолжиш, или да бараш друг, бидејќи пак и тие прашања речиси секогаш ја потресуваат врската, бидејќи несвесно твоето незадоволство си се одразува врз тоа што го имате, врз него, врз тебе, пак и верувам не би сакала да го повредиш.. во смисла да одиш да го бараш кај некој друг, тоа што не го добиваш со него. Најдобро знаеш самата.
Битен е надворешниот изглед, не велам не, ама карактерот, внатрешната убавина е побитна. Ако тебе ти е убав, ако те привлекува, имате страст, љубов, ако е добар со тебе, ако те подржува, почитува, исфрли ги тие мисли од твоето главче. Не барај совршенство не постои. Сепак од друга страна млада си, може и да најдеш попривлечен, ама дали ќе биде подобар во секој поглед од сегашниот, тоа никогаш не се знае. Да ти речам биди со него, а во исто време разгледувај и други опции, би било сурово за него...тој би мислел дека се е ОК, а уствари не е. Може и некоја паузичка да направите за да си ги средиш мислите и чувствата, не знам само како тој би го прифатил тоа. Викаат чашата ако се скрши, колку и да ја лепиш пак ќе биде скршена, пукната, лепена...сеедно. Размисли дали сакаш да го изгубиш тоа што го имаш со него. Како што кажав млада си и ако не си сигурна дека тој е тој со кој сакаш и понатаму да бидеш, прекини ја врската.
па секако дека ми значи надворешниот изглед ..знаете како велат руба краси -руба гнаси ... но не ми е поважен од неговата внатрешност ...
Битно ми е само да ми е довоно привлечен да сакам да го бакнам и да споделувам нежности, т.е да биде убав, ама до умерена граница.
premnoguuu ... s .. jas ne mozam da zamislam da sum pokraj nekoj grd :/ treba da ima i nekoi drugi kvaliteti no sepak izgledot pred se !
Важен, ама пресуден-не. Има од оние што мислат дека се убави, и никако не се поднесуваат. Е оние-ај чао. Мразам кога некој ќе рече-ме одби зш сум грд. Е добро бе, да беше лепотан, не ќе дојдеше кај мене, нели? -.- Ама има и од оние што имаат убавина, карактер и интелигенција. (не зборувам за себе) -.-
Тој што ќе речи дека надворешниот изглед не му е воопшто битен-лаже !! А сум слушнала вакви изјави...Чуда од луѓе !! Како го приметиле ако не им се допаднал надворешниот изглед прво ?? Можеби на нокти си видоа дека карактерот му е совршен. Битен е битен и тоа како !! Ако не ми е привлечен некој физички како ќе го бакнам ? Да не се сфатиме погрешно. Не сакам празни лепотани !! Секако дека треба да има карактер и тоа цврст за да бидам со некој ама дури да стигнеме до тоа треба нешто друго односно треба да ми биде привлечен физички.
Мене надворешниот негов изглед ме привлече, а ме задржа внатрешната убавина! Секако дека е битен и надворешниот изглед...сакам да ужувам да го гледам
не постои некој што е совршен.. најважно е да се пронајдиш со него , секој момент со него да ти претставува срека. убавината е минлива работа, а карактерот е она што е пресудно според мене да засакаш некој. Што ке ми е да е убав ако не знае да ме направи срекна и да ми пружи љубов . Има нешто мн поважно од убавината, не знам што е, но е многу длабоко и се чувствува со срцето, а не се гледа со очите..