значи ми значи но не е нај важен, секако мора да има барем нешто за да разбуди нежности во мене,кога ќе го погледнам да се растопам од неговите очи или поглед, меѓутоа овие работи ми се важни на почетокот подоцна се задржувам на неговата човечност,разбирање,трпеливост, грижата кон мене.. едноставно неговите внатрешни особини
Mи значи, но бидејќи во претходните врски најпрво го гледав надворешниот изглед и тој ме водеше во текот на целата врска, и ги игнорирав аномалиите од типот на КАРАКТЕР, што е НАЈБИТНО за една врска, во овој случај се поклопија и карактер и надворешен изглед. Пресреќна сум што можам да кажам дека мојот партнер е совршенство од човек иако тој негира дека е совршен, навистина е. Секако дека ме привлекува и надворешно, затоа што страста е доста важен дел од врската. Се на се, има се што ми треба, и повеќе од тоа
Подеднакво ми значат и надворешниот изглед и карактерот. Не бива да бидам со некој кој има ангелска душа а ѓаволски изглед,зар не? Важно ми е да ме привлекува, не мора да биде некој Мистер Универзум, мене да ми е убав и секси...
Секако дека ми е важен, до сега не сум се заљубила во карактер само, но не придавам главно значење на тоа... Ипак има многу други квалитети што треба да ги поседува, а убавината е поен плус.
Па значи.. иако најчесто на шарм паѓам Може да е совршен надворешно но ако нема искра во себе, нишо не праиме.. Значи сакам да е среден, симпатичен, со убава насмевка, шарм, секси глас и впечатливо движење (не ко претходно да си пукал во нога, секако)
Ми значи, да, мора да биде шармантен,привлечлив,симпатичен, убав но и да има разбирање, да знае да почитува, да сака секако
Најмалку ми е битен изгледот што ако е убава ако нема два грама мозок и култура? Што ако е преубава а е лоша личност која е подлежна на неверството. Мене изгледот ми е некаде на последо место прво да си се запознам со неа па да ја испитам како размислува и слично па потоа можеби да се потрудам да ја освојам
Да не се залазуваме сите знаеме дека и тоа како е вазен надворесниот изглед па не се заљубуваме во неговиот добар карактер кога го видиме сепак мора да биде привлечен,еве еден мој пример,има еден дечко кој сите мајки би посакале да им биде зет,вреден,сентиментален абе дечкото умира по мене,ме знае подобро од самата јас сто се познавам,ги знае сите мои мани нему му се симпатичнии сите мои глупости,ги знае моите зелби ме изучува веке 6 години (несто како другари сме),со татко ми праве муабет и замислете татко ми е заљубен во него.. после толку години тој собрал веке сили и ми изјавува љубов абе како на сапунските серии во стилот -нам ни е судбина да бидеме заедно,очајно те сакам ти си мојот сон..... Остај сто со неговите сонови морав да се соочам,мојот татко кој до вчера не сакасе да слусне или едноставно игнорирасе кога зборев дека сум во врска или било сто од таа болна тема,ми казува одеднас дека тој дечко е дефинитивно најдоброто за мене и дека не смеам да го повредам морам да бидам со него се убаво и сите предиспозиции да бидам срекна да.НО како ли да се надминам себе кога толку е естетски НЕграден,кога ми се доблизува се поти и тресе кога се поздравуваме некогас и образот ми го промасува од трема еднас ме баци на уво и ај да не сум сурова за изгледот ама навистина не е мој тип и самиот го признава тоа,привлечност никаква мислам дека мачката на комсијата повеке ме привлекува уфф многу е тоа,понекогас сум очајна сто велам сакам да си најдам некој добар сто ке ме сака но во молитвите заборавив да напоменам барем маааааааааалллку да личи на човек
изгледот не ми значи,ми значи она што го има во џебот,ако е богат и се ако ти угодува ке ти биде и убав хахха
Како можеш вака да размислуваш? Парите не се пресудни за нечиј карактер, а не па за изглед.. Мене секако дека ми беше сладок дечко ми на почеток, но се заљубив во неговиот начин на размислување, односот кон мене. Се заљубив во неговата внатрешност, не надворешност.
Важен ми е до некаде да!Мојот партнер најпрво ми остави впечаток со неговиот прекрасен изглед. Но не мора да биде којзнае каков за да бидам со него.Нека има средна убавина,но прекрасен карактер.Што ќе ми е мис универзум кога секојдневно ќе ме нервира доколку има грд карактер?Тогаш не ќе ми се види ни убавина ,ни ништо.Секако неможам да бидам со некој никаков,но сепак карактерот е тој што ми е пресуден. А мојот дечко ги има двете во едно
мене ми значи , сакам покрај мене да имам дечко кој ке ми одговара за срека мојот е таков . Но секако дека не е тоа пресуден фактор .
Ми значи! Особено висината! Јас сум повисочка и пред овој дечко имав еден колку мене во висина! Толку многу се искомплексирав со тоа што нон стоп посакував да бидам пониска, тоа ми беше најголем проблем иако морам да признам не беше лош, само висина му фалеше! После тоа, реков наредниот дечко што ќе го фатам ќе биде 2м...и така испадна! Истотака битно ми е да е среден, педантен, се да е под конец! Да има убава насмевка, очи и грб! мх мх Се на се, битен ми е надворешниот изглед на партнерот!
ако кажам не, ќе излажам. да ми значи надворешниот изглед, но повеќе внатрешниот карактер. џабе ако некој е убав а нема памет во глава, така да покрај убав надворешен изглед барам и убав внатрешен карактер- мојот дечко ги има двете и многу сум среќна
Е како не е битен бе ? и те како е битен ! Не викам да е некој манекен ама ипак не го бирам за другарче па ми е сеедно ... Треба да ме привлече , сепак тврдам дека шармот има клучна улога ... Најубаво би било да е убав и паметен и згоден , и да те сака , и да го сакаш , да те почитува ... И овие помеѓу себе никогаш да не се запознаат Се на се битен ми е !
Битно ми е да е среден, ама не ми е приоритет и клучна работа надворешниот изглед. Битен е да, да има харизма, да ме привлече, сепак прво не привлекуваат со изгледот па после ги запознаваме и карактерно, ама ако е некое сељачиште тогаш може колку сака да е убав, не е за мене
изглед како изглед никој не е совршен,а љубовта е минлива работа,и од љубов не се живее.Само пари и ништо др.Што ке ми е лепотан без пари ?
ми значи не сакам да имам покрај мене некој што не ми одговара закам да биде убав и нормално да биде добар а најмногу од се мора да биде висок бидејки јас сум и нескам покрај мене некој понизок од мене
Па првиот пат кога го видов дечко ми надворешниот изглед многу ми значеше но наваки како што оди времето не ми е толку битен надворешниот изглед повеќе ми е битен карактерот и неговото понашање спрема мене и спрема луѓето и работите што не опкружуваат . Не ми треба некој мис на свето ако карактерот му е никаков ,нека биди просечен во убавината (не некој премногу грд) ама нека има убав карактер тоа е важно