Ќе излажам ако речам дека не значи и бла бла да се правам светица како карактерот е битен најпрво па после се друго! Кој го кажува тоа??? Хммм 70 годишна баба која бара партнер за заедно да го доживеат својот самотњјачки живот! Факт е дека прво, сите ние паѓаме на изглед, па после доаѓа карактерот! Е сега потенцијалниот партнер не мора да е Бред Пит, може и нешто поскромно не се жалам , ама да не биде ко жаба во својата постава!....Како јас знам да се дотерам и да игледам слатко, убаво така си барам соодветен партнер, среден и убав!
Јас цел живот си зјапам во момци со оделце, кошулче, а секогаш завршувам со дечко кој си има кежуал стилче. Сакам високи момци, згодни, само не го очекувам Kристијано Rоналдо де Ама како и да е да внимава на себе колку толку. И да секогаш има прво физичка па после психичка привлечност, кој што сака може да каже
Искрено зборено, ми значи, да. Колку? Па доволно за пресудам дали ќе бидам со него или не. Не ми значи целосно, не ми е најбитен, ама да не се лажеме, не би била со некој кој физички воопшто не ме привлекува, туку само карактерно ќе се привлекуваме. Е сега лепота е индивидуална ствар, јебига, ретко кој на сите ќе им биде привлечен подеднакво. Сите имаме различна дефиниција за тоа што е лепота. Башка што се дешава еволуција во ова дефинирањево лепота, ќе тргнам од себе, во основно ми се допаѓаа момчиња со долга коса, и вошки нека има, ако има долга коса убав е. Во средно сум имала некој безвезален извитоперен стил, судејќи по изгледот на бившиот. Но откако почна црпкава да ми созрева почнав да се затрескувам во сосема поразлични момци. Еве и Петко физички невероватно многу ме привлекува, а вака за други кои воопшто не го познаваат делува ужасно препотентно и арогантно. Но сепак очигледно има нешто и во тоа што многу ме привлече, а потоа и карактерно ми се допадна. И тоа беше тоа, знаев.
Не можам да кажам: сакам ваков и ваков маж. Едноставно, треба да ме привлечи и ништо повеќе од тоа. Самата негова појава да ме фасцинира, да ме шармира, да ме освои. Да биде искапен, испеглан, среден. Да го има `она` нешто во него. Нели, има типови за кои би рекле: Леле, јас со овој не би се ни бакнала. Е, не дека тој е грд. За некоја е убав, ама јас не можам да се замислам со таков, не е мој тип. Не буди ништо кај мене.
Па ми значи нормално надворешниот изглед не мора да е нешто посебно ама барем да е симпатичен колку толку Инаку однесувањето и размислувањето повеќе ми значат.
Секако дека ми е битен,но не е пресуден дали ќе останам со некого Сигурно нема да ми привлече дечко што не поседува нешто што ќе ме тресне од земја,а на челото му пишува дека е добар Но ,тоа е битно само за првиот впечаток и за да го заприметам.Џабе ми е он да изгледа како Вилијам Леви,а во главата да нема ни 2 грама мозок
Харизма ако има и од нелепотан ќе ти се прибендисуе..Со ова мажево увек ме смее. Е така некои грди батки си фатиле јаки цури- и обратно.Не ми е најважен, ама па и апла грд да ти е срам да се покажиш до него. Е сега вкус како вкус, овде викаат - вкусот е како задникот-поделен(буквален превод ама тоа е ) т.е не е дискутабилен. Така да, со среќа со своите избраници.Било убави, било неубави, било поубави.
Многу.Ако карактерот задржува,тогаш надворешниот изглед ми е многу важен за да посакам да му го дознаам карактерот. Во спротивно,се извинувам што не сум го забележала тој фин дечко со добар карактер ама често неизбањат,со несредена коса,и не многу педантни алишта на себе!!! Дечко ми е секогаш добро облечен,има вкус,а бога ми и стас па колку време и да сме заедно секогаш едвај чекам да го видам кога треба да излегуваме,или да се видиме,и секогаш сум пријатно изненадена од неговиот изглед ко да не сум го видела никогаш порано И важно ми е,многу!
Не многу.Секако убаво е да изгледа убаво однадвор,но повеќе ја ценам внатрешната убавина на човекот. Има убави машки но или карактерот им е за никаде,или гледаат да те измамат,или се преценуваат. Не за џабе викаат дека изгледот лаже.
Многу малце. Мојот не е некој лепотан којзнае каков. Убав си е, не е лош, ЗА МЕНЕ Е НАЈУБАВ! Внатрешноста е битна. И најголемиот орев, најцврстиот, не е вреден ако внатре е шуплив.
Ми значеше повеќе на почетокот само.. До сега нема некои физички промени кај него, можеби само нешто минимално. Нели изгледот привлекува,а карактерот задржува Епа изгледот си го заврши своето, сепак како што реков нема промени ни кај мене ни кај него, но во секој случај карактерот повеќе доминира
на почеток неми беше многу важно,а потоа се влјубив и пак не..али сега кога повеке се влјубив мислам малце може да ослабне,,некој 8кг не ке е лошо
Ова ме потсетува на еден филм кој многу одамна го гледав.... Да, изгледот значи, ама тој е битен само при иницијалното поврзување. Потоа...потоа е битна душата...И ок пукајте по мене, знам дека ова беше лигаво, ама барем е искрено ...
Да, ми значи надворешниот изглед. Сакам да видам дека се грижи за себе, убаво да се облекува, да биде среден. Секако дека и карактерот е битен ама мислам дека надворешниот изглед влијае и тоа многу
На почетокот повеќе ми значеше неговиот надворешен изглед. Денеска не, бидејќи и тој самиот си знае што е добро за него, вежба и трча редовно и гледам дека самиот се труди да изгледа подобро
Па 50/50. Бидејќи може да е најубав на свет а карактерно да е НУЛА или од друга страна да е најпаметен и со најдобри карактерни особини но да не ве привлекува. Се сложувам и со тоа дека убавината секој ја проценува различно и дека сите не привлекуваат различни личности па затоа и не можеме да кажаме дека повисоките/пониските или послабите/подебелите или црните/плавите се поубави... Личности кои велат дека изгледот не им е битен лажат или се лажат себеси. На сите ни е битен и според мене секој што ќе си посвети внимание на изгледот може да изгледа прилично добро. Не барам кај партнерот да има назнам какво тело или секој ден да стои 2 часа пред огледало но мислам дека пред излегување треба да се среди и да се погледне што комбинација направил. Крај на крај па ако јас трошам време за вежбање и средување пред излегување може малку и тој. Значи многу го ценам тоа што тој се труди да изгледа добро. И да обично во оние ТОП момци кои се доста забележани кај девојките немам многу доверба бидејќи имам забележано дека се свесни за привлечноста која ја поседуваат па тоа го користат само за да сменат што повеќе партнерки.
Дали да се занемари надворешноста покрај внатрешноста? Имам дечко веќе долго време. Меѓутоа секојдневно се соочувам со еден ист проблем. Неговиот надворешен изглед. Всушност, поконкретно неговата висина. Дечкото е исто висок колку мене што ми ја уништува онаа претстава која ја има секоја млада девојка за тоа како би изгледала со својот совршен дечко(надворешно и внатрешно). Велам совршен бидејќи негавата внатрешност е навистина совршена. Мисијата е половично извршена. Имам дечко со кој немаме никакви проблем. Навистина се сложуваме во се. Тој е културно,воспитано и амбициозно момче кое многу ме почитува и цени. Верувам дека животот поминат со него ќе се сведе на проблеми кои нема да се засноваат на меѓусебни карактерни конфликти и обострани не сфаќања. Барем од тоа што досега го доживеав во врската. Но што со мојата замисла дека јас со мојот парнер ке изгледаме како убава двојка, дека дечкото ке биде повисок од мене и кога ке носам штикли? Она за кое и пишувам е тоа што јас покрај него не можам да облечам штикли како секоја девојка бидејќи веднаш се чувтсвувам доминатна. А реално, постојат прилики кога едноставно штиклите се неизбежни за една девојка. Едноставно не можам да се помирам со тоа дека треба или да одам на ниски кондурчиња или да бидам повисока од него. Што мислите вие? Дали во животот битен е физичкиот изглед на партнерот или едноставно за добар соживот карактерот е приоритет?
Не е битно дали во туѓите животи е битен физичкиот изглед, во случајов е најважно колку тебе ти е битен. Ако едноставно не можеш да преминеш преку тоа, џабе е колку дечкото е фин и се друго, кога на крај тоа нешто ќе те копка, ќе се прашуваш дали си можела да најдеш некој кој ќе ти ги исполнува критериумите и за физичкиот изглед. Арно ама, од друга страна мораш да размислиш убаво дали не можеш да преминеш преку тоа. Не е малку денеска да најдеш дечко со кој имате взаемна почит и разбирање. Па на крај краева и воопшто не е страшна работата со висината, ама е важно ти тоа да го прифатиш. Кога ќе го прифатиш тоа и ти самата ќе немаш проблем со тоа, врската ќе ти биде многу поубава. Премери си ги работите, види дали за една таква, еве јас ќе ја наречам ситница, вреди да си жртвуваш една убава врска(според твојот опис на истата). Каква и да е одлуката, ќе биде твоја и треба да живееш со неа.
Кој ќе каже дека надворешниот изглед не е важен лаже.Мене искрено ми е важен надворешниот изглед затоа што пред се партнерот треба да ме привлекува ,па потоа да изразам желба да ги запознаам неговите карактерни особини и да посакам да започнам врска со него .Мене лично не ме привлекуваат ниски и слаби момци и секогаш ги избегнувам можеби се совршени во карактер но џабе кога не ме привлекуваат и сметам дека такви момци не ми прилегаат знам како посакувам да изгледа мојот партнер и кои карактерни особини треба да ги поседува и тоа го барам во момците не барам совршен затоа што и јас не сум но не сакам да бидам со некој чисто ради реда колку да имам врска .
Се сложувам со тебе во целост. Дополнителна причина за тоа ми е лично искуство со предходен дечко со кој осетив што значи да се справуваш со тежок карактер-невозможно. Веројатно прво треба да се изгориш за повеќе да го цениш она што е добро. Баш затоа и не можам лесно да речам: ќе најдам друг. Школки ги има многу, но бисерна е една меѓу нив.