А, мислев до совршенство ми е усовршен литературниот Спојлер Слушнав и јас мали им биле платите. Ако, сега тука повеќе е работа ама повеќе се и
Повеќето згодни и убави девојки имале фаза кога не можеле да се откачат од додворувачи. Арно ама не секој кој ти се додворува ти е убав и прифатлив, нели? Дури, имав една сосетка која беше екстремно неубава, и плус очајна да се мажи, и таа имаше еден дечко кој патем беше поубав од неа, и сакаше да биде со неа, и тоа со години не губеше надеж дека ќе бидат заедно, а не биднаа оти таа не сакаше. Па дури и кога забот ќе и пожолте на жената, и ќе и се појави брчка, на крајот побитно е дали има карактер, квалитети, самопочит, а вечно млади нема да бидеме, само што некои убаво ќе остарат, а некои не. Има убави жени кои и кога стареат тоа е некако со шарм и не „боде“ очи.
Битно ми е да ги има, па и немора баш сите, сега ако фали некоја 6ка или 5ка голема работа се прават. Дали биле прави или криви не ми игра улога. Дури некогаш и некое криво запче знае да предизвика некоја дополнителна симпатија кај мене. Незнам зошто i like it, it turns me on. Хигиена е друг муабет тоа не можам да го смислам. Освен ако е од здравствени причини, нема да ја оставам сигурно ако почнала да и мириса устата затоа што има проблем со желудникот. Други работни ми се побитни од забите.
Мене многу ми се битни забите кај партнерот, уживам во убава насмевка. Е сега, сметам дека е малку лицемерно да бараш убава насмевка ако и самиот не ја нудиш, затоа носев протеза. Јас имам бели и здрави заби, ама ми беа малку криви и сега сум задоволен со својата насмевка. Така да ако некој е во дилема - не се двоумете, протезата е МНОГУ добра одлука. Околу хигиената на забите не би ни требало да се дискутира во 21. век. За жал пустата мрза кај многу луѓе е појака.
Не ми се важни. xD Моите ми се важни. Се' дури има уредна хигиена и нема проблеми со здивот од расипани и никакви заби, ок е. Ако толку ситничариме забите какви му се, ноктите какви му се, дали е убаво зачешлан да не стрчи влакно, кај ќе ни е крајот. Кој е дотолку совршен?
Bitno e da odrzuva higiena, redovno da gi cetka i da odi na pregledi. Inace ne moze sekoj da ima sovrseni zabi toa ne zavisi samo od higienata, poznavam lugje sto ne vodat mnogu higiena a imaat mnogu ubavi zabi. Nekoi dedovci nikakva higiena pa na 70 god uste gi imaat site zabi. Genetika. Dodeka pak eve jas lichno cetka curaprox, konec za zabi, paradontax, listerin redivno cetkanje, pregledi ama ete pak ne sum zadovolna od zabive poradi lekarska greska bas prednite zabi mi se za nikade mi se iskrivi celata vilica zatoa sto doktorot mi zaboravil zelezo vnatre pa potekov pa mi vadea zivec i ostanav so mrtov zab koj normalno dvoi od drugite potemen e. Isto imam problem so nepcata i skraja da e da ne dojde samo do parodantoza toa e bolest koga zdravi zabi pocnuvaat da se klatat i pagjaat. Toa ne znaci deka ako nekoj nema sovrseni zabi deka ne odrzuva higiena, ne treba da se sudi. A i zabite ne treba da bidat presuden faktor. Ima mnogu pobitni raboti spored mene.