Хахах другарка ми прати слика коа и беа истружени , знам за што збориш , дефинитивно треба да се види. Уште дека немаат смислено таков филтер , пропуштаме дефинитивно
Jas imam ubava forma na zabite, no ne mi se bleskavo beli, jbg, bled mi e tenot i ne doagja beliloto na zabite do izraz, pa razgleduvam opcii da prezemam neshto. Onie so potemen ten generalno imaat mnogu beli zabi, sum zabelezhala, ili taka barem deluva poradi kontrast.
Битно ми е да посветува внимание на оралната хигиена . Е сега и мм има шугави коски и скоро секој месец заб крши на јадење , ама не ќе се разведуваме поради тоа . Во план си имаме да ставаме импланти и двајцата ( и моиве не се нешто најцврсти ) , само да собереме м**ата за да одиме ( ја си имам трауми од заболекари , се некои терсене ми се погодуваат , ја им викам едно тие си тераат по нивно , воопшто не ме слушаат како пациент , ниту ги интересира што сакам ја ) , и додека соберам храброст , ништо не правам . Ама кога ќе почнам има бисери да ги направам од еден до последен .
Можам, се познава, мислам ако ти е битно тоа ќе го гледаш во забите и ќе познаеш. И deal breaker е за мене, значи мајка ми и татко кои се над 60 год им стојат нивните природни заби, и за тоа јас неможам да замислам да бидам со млад човек со вештачки заби.
Има и тоа многу, и тоа млади луѓе, на работа имав еден таков, се гледаше дека има наслаги на забите и му смрдеше здивот…
Јас имав пломба напред кај двојката и ми се познаваше, другата двојка ми беше крива и си ставив метал керамика. Травелер91 да ми беше маж ќе ме оставеше. А јас толку мака и болки истрпев Дали се металкерамика, импланти или природни не ми е битно.
Многу ми се важни забите кај партнерката. Прв red flag ми се лоши заби, втор red flag пушење цигари итн... Инаку, кај нас повеќето од луѓето во Македонија имаат лоши заби и лоша орална хигиена. Плус, пушачка нација сме и тоа многу влијае на квалитетот на забите. Ехе, колку секојдневно среќавам девојки “дотерани“, а со каменец на заби и мирис на пепелник кога ти зборува. Машките се another level погоре во нехигиена. Пари за кафани и обложувалници има, ама за 6 заби со кариес нема... Настрана тоа, слабиот економски стандарт е уште еден многу важен фактор. Сеуште стоматологија кај нас е луксуз. Скапи и добро изработени импланти голо човечко око нема шанси да препознае, па затоа повеќето одат со многу евтини варијанти на вештачки заби.
Дека не водат сметка за забите, добро си знаат стоматолозите и тие немаат работа, со тоа земаат и мали плати, за што јас се чудев. Ова од нив сум го чула. Во право е @Abracadaver. Побитно им е да стават нокти, ама забите ако се скапани, со кариес, итн.
Темава многу сестранa. Орална хигиена очигледно е битна. И непушач.Не ми се свиѓа превише ова трендов избелени,вештачки. Како Рос За форма ова првпат слушам дека некој приметува, не знам, не сум приметила до сега да имам тип.Уствари ни моите незнам шо форма се,само знам ко на Наташа Беквалац се,ако има некој поупатен да ми пише да знам шо форма фурам.
Ако не грешам, од Тетово си. И мене сите забари ми биле такви погодени, што се случило и да трпам еднаш болка поради страв од забар. Би ти ги препорачала Дентал Лукс, кај болница горе, еднонасочната што се реновираше сеа брзо. Без термини е, тоа малку не ми се свиѓа хаха. Ама докторите се врв, се те слушаат. Ова ти кажува најголем плашливец што од кога почнав кај нив, редовна сум за се, дури и општа контрола си правам често, без да ме заболи заб или слично. Ако не сум за тука со мислењето, нека ме префрлат модераторите.
Важни се, но не само забите туку во целост со насмевката. Лично си паднав на добри заби. Многу сум инвестирала во своите - од чистење, белеење, редовни контроли и сл., па истото ме засегнува. Е сега за понатаму здравје, нека се дочуваат колку можат повеќе. Кај мене дедо ми имаше многу убави заби, на 70 и нешто умре и до последно сите му беа наредени. Вака кога ќе подразмислам скоро никој во фамилија и подалечна рода немал проблеми со забите. А тоа колку стандардот дозволува кај нас мислам дека не е оправдување. Ако редовно некој си ги пази, со редовни контроли, подобро и поевтино ќе помине отколку да чека. Стравот во денешно време не е оправдување за неодење на заболекар.