Инаку моите заби се здрави, немам ниту еден расипан, ама тоа се должи на генетиката. Мајка ми нема ниту еден расипан. А дека ми се идеално бели, не се, ама па пијам по 2 кафиња дневно, така да тие ги бојат малку забите.
Нема секој генетика за здрави заби ама секој може да биде среден, важни се забите мнооогу, хигиена и нормално да не се многу криви, а пак да фали некој заб никако. Дали природни или порцелански не е ни битно, битно да се убави, не знам зошто на некој би му сметало вештачки заби...а не им сметаат предолги,шарени нокти, филери на уста, вештачки трепки...
На мене на пример ми смета се што е вештачко, немам вештачки нокти, и не би ставила никогаш, е сега за филери можам да ставам кога ќе сум постара ако ми се изгуби формата на устата. А за мажи, исто така не сакам депилирани и со исчупани веѓи како на женско, но ова веќе е друга тема
Да , од Тетово сум . Мене како мала воопшто не ми беше страв , ама откако ми извадија заб предвремено на живо , без никаква потреба .. Млечен додуша , ама сепак , не му беше време да се менува , ама запна докторката - тогаш стажистка , на крај заврши со тоа што цел заб испука во клештите , и немаше веќе назад . Од тогаш си имам трауми големи . Убаво почнав кај др. Љубица и синот др. Живе , ама и кај нив е без термини па никако да се погодиме , или нема на кој деца да оставам , или на смена ги фаќам другите стоматолози . Ќе се распрашам за Дентал Лукс , сигурно знае мајка ми каде поточно е .
За некоја година многу компромиси ќе направиш во животот. Trust me. Многу членови од тука што се во филмот „сакам високи, плави, мускулести, бизнисмени“, во реалниот живот држат за рака и шетаат човек сосема спротивно од тоа што потсвесно го посакувале. Многу мои познанички сега лижат таму кај што порано плукале...
Битна ми е оралната хигиена, а не да има заби како глумец. Забите зависат од многу други работи, освен хигиена и далеку од неа. Гените, глеѓта да забот зависи коската, можи да се ронат и сл. Јас имав колега во живот не беше на стоматолог појден, ни пак беше по хигиена, а имаше заби бисери, гени. Сега и порцелански заби станаа хит, требало или не требало порцелан се става. Ако не се мие заби и не одржува хигиена шо сака нека стави. Битно ми е да мие заби и да оди на стоматолог.
Убави заби не подразбира и убава насмевка, сум приметила кај некои, имаат многу убава насмевка а не го исполнуваат оној стандарден критериум за убави заби и обратно...
Што е битно дали се природни или вештачки забите додека изгледаат уредно и се води хигиена? Ене го Роналдо се тресе пред луѓе ради бисерните импланти што ги има. И останатите илјадници познати личности. Какви површни "критериуми" имате, глупости.
Прво нешто што забележувам се заби потоа прсти на раце т.е дланки. оралната хигиена и те како е важна, не може во денешно време млад современ човек да се шета со наслаги на заби и со неисчистен камен. секој ама баш секој може да одвои пари баарем еднаш годишно да отиде на стоматолог да исчисти камен. пред се за неговото здравје се работи. не можам да го разберам тој менталитет среден човек без разлика маж или жена дотеран мириса на парфем а кога ке отовори уста мириса на лош здив. забен камен ако не се чисти редовно само штета прави може да се добие паратентоза, инфекција и ред др работи. јас сум пушач долги години и навистина имам преубави бели заби, но барем 2 пати годишно обавезно одам на стоматолог и посетувам баш внимание на забите пошто имам кисела пх што ми создава мн побрзо забен камен.
Ништо, сосем океј е да си имаш преференци. Мене ми е битно да има убави заби и некој крив да е, не е проблем дури ми е и cute да има некои фалинки. Ама, ептен катастрофа да му се-не. Едноставно не ми се допаѓа.