Темава се отвори бидејќи една членка рече дека не би била со некој со порцелански заби. И јас пак ќе си го пишам мислењето што ми го тргнаа: Ако добро се направени, појма ќе немате дека се порцелански забите, освен човекот сам ако не ви каже. Исто и за пломби важи. Нехигиена е друга работа. Тој што не мие заби, смрди од далеку. Наслаги се гледаат на прв поглед. Ни јас не разбирам како луѓе поминуваат преку тоа, ама повеќе примери знам каде едниот партнер има одлична орална хигиена, а другиот не видел четка со очи, а не па да ја употреби. Нормално дека сум го гледала маж ми во заби кога сме се запознале, ама критериумот беше да ги одржува. Фактот дека малку му се криви воопшто не е битен, и мене ми биле ама сум носела протеза.
Се познава, (освен ако одиш на date вечерно време), поготово зошто татко ми е заболекар, многу добро сум информирана за забите Инаку не можам да сфатам како некои личности си дозволуваат да стругаат здрави заби за да стават вештачки
Ако очите ми се огледало на неговата душа, тогаш забите (многу сакам мажи кои се смеат и тие ми се веднаш најпривлечните) се огледало за неговото здравје. Негрижата кон оралното здравје е негрижа кон сопственото здравје.
Токму така, тоа важи и за тежината. Негрижата за тоа што јадеш е исто така негрижа за сопствено здравје.
А дали си се запрашала дека некој има проблем и мора да стругаат здрави заби бидејќи не сакаат да ставаат штрафови во уста?
Во најлош случај некој може ги изгубил забите во несреќа и морал да стави порцелански сакал или не, некои ставаат заради естетика бидејќи изгледаат совршено, а вакви коментари никој не би сакал да чуе... секој за себе нека си гледа, а ако не сакаш дечко со порцелански заби не сакај
Каков проблем? Па еве, дај боже да не осетиш, немаш заб помеѓу 6 и 7 мица и ќе ги стругаш за да имаш мост или 5ка заб немам јас ништо против тие што имаат имплант ама не секој може да дозволи 60.000 или колку и да е за штраф.
Аман, нивни проблем, ќе има кој да ги сака, ти не се секирај. И знаеш ли дека има луѓе што стругаат здрави заби за ништо?!
Јас сум стоматолог, по цел ден само во уста гледам, па од искуство ќе ти кажам дека постојат професионалци кои прават порцелански заби кои нема шанси да ги приметиш додека седиш спроти некого и си правиш муабет. Има и лошо направени заби кои воопшто не мора да имаш познавање од стоматологија за да ги приметиш. Тоа не е битно, зависи од докторот кој ги прави и од тоа колку пари има човек да даде. Ама и најубави природни заби да има, побитно е да ги мие.
@Spidy мене ми се жалеле стоматолози дека народот оди на стоматолог ептен кога има мака, тоест кога ги боли заб, и затоа не се нешто задоволни стоматолозите од платите. Велат дека нема пациенти. Се уште е така?До пред некоја година знам стоматолог во внатрешноста кој земаше 16.000 денари плата. Сега сигурно земаат повеќе, но не е сјајно. Не е платено како што пациентот си мисли.
Од заби ми е битно да не му мириса здивот и мн нормално да одржува хигиена. А сега ако има вештачки заб, големото чудо. Бившиот има еден порцелански, додека не ми кажа не го приметив и воопшто не ми беше важно затоа што насмевката му сјаеше. Имав друг дечко што ми стана одбивен со текот на времето кога сфатив дека не мие заби, ми беше одвратно кога се пружеше да ме бакне и за брзо му раскинав, само ми беше незгодно да му кажам дека тоа е причината.