Имам сретнато не еден, повеќе вакви примери. Не е до гените. Хемијата од пастите и секаквите средства ги навикнува забите на тоа, а и миење не е гаранција дека забите ќе останат здрави. Така да, ми има логика дека не е само до гените. Од друга страна не можам да замислам дека не одржува никаква хигиена, не знам. За протези, имаше една на која постојано и правеа притисок да исправи еден заб ама таа ги реши нив со тоа што си кажа дека нејзини се забите, не сака заради тој заб да си ја расипе самодовербата и нема што другите да се мешаат кога тоа ја прави нејзе еден вид посебна. Што е и во право. Ја нема секој таа среќа да има добри заби. Џабе се сите миења и одржувања со секакви глупости кога влијаат многу фактори: ацидна плунка, лоша исхрана, стрес, услови на живот, средина во која живее (воздух, почва и сл), вода... Особено македонците, судење на оваа тема - не.
Ај замисли па оти имаш добра генетика,и убави заби,да ги миеш еднаш во денот,и да не се грижиш за нив со помислата ај секогаш ќе ми се такви,си треба и нега и хигиена,немаат сите таква среќа точно,и се друго си влијае плус,ама џабе е ако не посветуваш никакво внимание
Candy.D сигурно го прочита она што го напишав? Буквално го напишав истото што го напиша и ти. Гледам дека за нив функционира со тоа што имаат начини за чистење само без хемии, а имаат подобри заби од мене што ги тинтарам со сите можни глупости за заби што постојат, така да whatever works for them I guess. Инаку, за она „миење еднаш на ден“ не е ни препорачливо миење повеќе од 2 пати, а секако секој го нема тој луксуз да мие заби после секој оброк.
Каква врска имаат бемките со забите? Од авион се гледа заби кои не се одржувани, не зборувам за оние кои за жал имаат таква коска, па мораат да ставаат вештачки, порцелан и што уште не. Бемките мене па баш убаво ми изгледаат, било каде да се.Заправо и нежно ми делуваат на личноста, било машко или женско. Посебно кај некој на лице ако има.
Fun fact. Колку повеќе сингл луѓе, толку помала хигиена. Колку помалку сингл луѓе, толку повеќе хигиена. Кога луѓето се во врски повеќе се ангажираат околу својата лична хигиена.
Многу ми е важна хиегиената. Никој не е имун на убави, бели заби, ама не секој може да ги има и тоа е во ред. Јас цел живот на нешто најмногу што обрнувам внимание се забите и ми се далеку од совршени поради несовесни стоматолози, а имам многу убави заби т.е многу цврста коска и форма.
Зборуваме за елементарни работи. Мислам дека жените во тој поглед повеќе се трудат. Свесни дека млада конкуренција им виси на вратот, па повеќе обрнуваат внимание на изглед и хигиена.
Абе седии, уплашени од младата популација , дај не зафркавај... Какви жени има и на 45 +, богами баш да им позавидат тие во рани 20.. Реално средени, стегнати има многу во зрелите години, како што има запуштени во 20 тите. Е сега може на 60 години не скока како на 20, што знам, ама дека жените се плашат од помладите жени тотално неточно.
Дали се добри четките со ултра соник(мислам имаа ултра во ознаката)?Дали добро чистат од тие со обични влакна?Околу 2 до 4 илјадарки некаде коштаа.Имате искуство со овој тип на четки?Знам дека соничните четки убаво го расчепкуваат местото каде чистат,а не како стариве со обично влакно да ја "натапкаат" храната и да се направи поголем талог?
Не сум ги користела, но сите стоматолози што сум ги прашала ги препорачуваат класичните четки и тоа со меки влакна, за да не се оштетува непцето. Потоа може да се пројде со 3% хидроген.
Нема врска со годините и со некаква женска конкуренција. Жената или се тинтра или не, ама па сосема друго е дали има убавина или не. Жена која има 30 години и онака не бара дечко ученик во средно школо, така да која конкуренција и се помладите? Повеќето жени во моја околина бараат партнери до плус 5 години постари од нив, а и обратно ако гледаме маж од 35 години не би било логично да го погледнат или со него да се забавуваат девојчиња од 17-18-20 години, освен ако не е во прашање спонзорство. Има жени кои се плашат од стареење, ама па тоа не е поради кокуренција, туку поради тоа не сакаат да се гледаат себеси во огледало. Јас тој страв го немам, а има жени кои го имаат.
Fan fact. Млади девојки сакаат и гледаат постари мажи. Млади и постари мажи не сакаат постари жени. Со годините доаѓаат килограмите, опаѓа квалитетот на забите, косата не е толку бујна и убава ко на 25 годишна девојка. Се губи таа сексуална енергија. Биолошки процес на стареење.