Не се работи за домазетовци, туку се станати бааги спонзоруши. Сакаат жената да е добро ситуирана, да зема убава плата, да има и кола и станче по можност. Мислам не дека не треба жената да си има свое, туку забележувам колку апла се зинати по тие работи.
Материјално богати жени во Македонија се исклучително малку, а и тие што се богати, генерално се лепат за мажи на нивно ниво. Пара оди на пара. Освен ако не изгледаат очајно. Што е тешко веројатно.
Башка тоа, ама плус сакаат да е секогаш убава, средена, дотерана. Фул пакет шугар мами. Ама само жените се спонзоруши. Патријархат. Стигма. Болест. Знаеш, короната и Војната не се најнегативните работи кои ни се случија и ќе ни се случат. Баш заради ваквиот свет на ,,вистински вредности" и заслужуваме катарзично да не снема.
Тоа што тврдиш дека си сестран во однос на кругови на социјализација, а од друга страна тврдиш дека нема имоќни жени во Македонија е контрадикторно. Не познаваш жени со наследство по таткова линија? Кариерно остварени а сепак сингл или заглавени со 'папучари' aka спонзори? Живеам во Скопје со стан скоро до центарот на градот, дали сакаш да те прошетам низ комшилук да ти покажам бар 10 вакви примери.
Има, не дека не, али тие се исклучок, а не правило. Плус, има разлика од жена што наследила пари и жена што создала пари. Не се баш иста категорија и мајндсет. Може слободно. Немам ништо против. Интересна личност си.
Само жените се менуваат со текот на годините и стареат. На мажите годините ништо не им можат, па морат својата стара жена да ја заменат со млада конкуренција. А младите женски/жени само нив ги чекаат. Ај важи. Едит: на темава, нормално дека како и на сите оралната хигиена ми е важна. Самите заби, форма, простор меѓу нив и боја не толку. Да, може да ми се допадне или не, сепак не ми е пресудно. Лично со години имам проблематични заби. Од мала носев протеза за најразлични проблеми и си ги мразев забите. Во средно ги средив колку што имав можност. Сеуште не сум целосно задоволна, но имам далеку повеќе самодоверба и за зборивање и за насмевка.
Ете, на вам жените забите се многу битни кај партнерот, но треба да прифатите дека на мажите вашите заби не им се толкав приоритет колку вашите години. Fun fact.
По таа аналогија има и мажи што 'наследиле' и мажи што создале пари. Зошто секогаш линчот кон жената? Стварно ли во опкружување имаш толку жени кои се неспособни да направат сопствен кеш, да се бар средна класа, и да не зависат од машки пол?
@Abracadaver тоа вистината боли ти е толку патетично и бабски. Тие што ги боли вистината, попрво нема да јадат, ама ќе купуваат креми за брчки и ќе одат по салони, па после третман само ќе се погледнуваат во огледало да видат дали изгледаат подобро. Јас во таа категорија не спаѓам. Другите на форумот не знам. Ти за девојки кои не ги ни знаеш веднаш ги оцени дека вистината ги боли. Сам велиш дека подобро изгледаш од порано, тоест сам се фалиш. Еве јас почнав да се жалам дека со текот на годината сите ќе остариме, и колешка која е 5 години помлада од мене ми вели „види ја бе, има лице како стакло, и ми се жали“. Таа така рече, ама јас не се чувствувам дека сум некоја мис. Тие примери со Клуни и Аки, не нашле тие млади жени туку нивните пари и слава нашле млади жени. Што не најде татко ми на пример? Па нема пари. Сите ќе остариме, а убава жена не пропаѓа од денес до утре, освен ако немала некои големи стресови, болести. Сите еден ден ќе имаме брчки, некој повеќе, некој помалку. Погледни ја Лепа Брена, да немаше пари ќе беше позгужвана од многу македонски жени кои пак копаат на нива, ама се крпи со парите, и личи на мумија. Пред 15 години хармоника, а денес како бебешко газе е во ликот. Жените се средуваат пред се за себе, а не за конкуренција. Јас повеќе слушам коментари од жени кои озборуваат жени каква облека носела, дали смрдела, каква и била косата, какви и биле забите итн. По твојава логика ниту една жена на 30 години не треба да има маж, оти ќе им бидат конкуренција тие деца од 15 години што одат на школо, а мажите пак ќе бидат педофили, оти сакаат младо.
По твојата логика, никој не ме посекал досега - никогаш! Ко прво, отсекогаш сум дебела; ко второ, никогаш не сум имала здрави заби: ко трето, никогаш не сум имала бујна коса. Готово! Ќе умрев и немаше да знам дека сум го халуцинирала животов
Зошто имам впечаток дека се зборува за лавови и животни, а не за луѓе? Уште малку фали да се каже дека и маж ќе го утепа конкуренцијата и ќе е комплет. @Abracadaver жена никогаш не ми била конкуренција. АМА, имало мажи што се биле еден на друг конкуренција за да ме "освојат". И сега? Може да се кладам дека и 90% од жените од тука се имале слично искуство. Некако твоите констатации лабилни ми изгледаат.
Kолега на татко ми, планираше да се жени, а бидејќи беше мирен, тивок, срамежлив, сакаа да му „помогнат“ да го запознаат со некоја девојка. Инаку човекот си беше убав физички, си изгради свој дом, самостоен, но мирните и тивките кои не приоѓаат имаат помалку шанси. И тој беше дециден дека сака жена над 30 години, не сака да зема дете за жена, едноставно велеше дека не му доликува. Денес е среќно оженет со жена која е близу негови години и имаат дете. Во тинејџерски години бев заљубена во тип кој не беше убав. Кога го баталив почна да се интересира за мене, ама беше доцна. На 32 години тој се ожени со девојче од 16 години. Не оти сакал млади, туку не бил способен да искомуницира, а не пак да има врска со позрела девојка. Девојчето беше без родители, во тешка материјална состојба, па „бегството од дома во Скопје“, и се чинеше како светот да го има освоено. Кој бедник. Младите без свое ЈАС се лесни за манипулирање.
90 % од мажите после својата 25-та година почнуваат да ќелават али жените се тие што ја губат својата убавина со тек на годините, океј
Кога бевме матуранти, имаше една кафеана во градот, па некои таму излегуваа, од машките. Девојките коментираа „ооо, па таму идат старци“, а во суштина таму одеа луѓе по 30 години. Ама ние бевме матуранти, па за нив некој кој е 10, 12 години постар беше старец. Се смеам за ова кога ќе ми текне. Ама па сите мажи не се како Здраво Чолиќ, полни како брод и славни, па да најдам млади жени. И мене на одмор ме меркал некој кој си седи со жената, и дури жена му чита списание, тој ме зјапа. И откако гледа дека се муртам, и си вратам глава настрана, и уште понападно зјапа, само можам да ја жалам жена му, а не дека јас сум конкуренција на жена му. Патем ок му беше жената, одлична за годините. Не е работата кој што бара и зјапа, туку кој што може да освои и задржи.
Не давај идеи. Сега ќе се отвори нова тема “Дали ви е битно партнерот да има коса“ На темата: Битно ми е ама далеку од пресудно. Едно е хигиена друго е генетика. Е, ако нема хигиена ми е и пресудно. Мада хигиената и по други работи ќе се забележи не само по забите