Темата ја отворам затоа што ми е преку глава од него..........значи вака ..сабајле станува оди на поле да работи потоа си доаѓа дома па оди на работа до 18ч па доаѓа пак оди на поле и вечерта се бања и излегува....по цел ден седам со баба му...а тие пак свекорот и свекрвата кога си идат од поле како земјата да лежи врз нив едни скиснати фаци не можам да ги поднесам.....100 пати му имам кажано дека сакам да поминуваме повеке време сега лето никаде не сме отишле....баш преги му реков ај да одеме на гости а тој ми вика не можам изморен сум ке одам после да гледам фудбал...ве молам за совет кажете ми што да правам ке полудамммммммм......
Во овој случај и јас би се налутила. Во ред е да има обврски, меѓутоа не може секоја вечер после работа да излегува со другарите, а да не може да прошета со тебе. Јас со мојон поминувам доста време заедно. Можеби не е секогаш активно (ако не шетаме или правиме нешто заедно, дреме пред тв), ама барем ми е дома.
хмм интересна тема. Јас неможам да се пожалам од мм, тој става насабајле во 7 8 оди да си заврши со има работа во 11 е веке дома тогаш ставам јас и цела ден сме заедно до кај 7 тогаш излеваме околу еден час или два јас сум со другарки/ пријателки, тој со другари после кај 9 ме зима па заедно ке прошетаме до кај 12 и дома на спиење, на почетокот не беше вака, и јас бев цело време сама но почнав да се лутам и да не му зборам и му текна дека не е во право. И не само за ова за се што мислам дека не е во ред отворено зборувам со него и му кажувам, за тоа не молчи кажи си што ти лежи на душа, додека не му кажиш на човек тој нема да знае што ти треба, никој не чита мисли.
Сабајлето сме дома и двајцата , а потоа околу 4 часот поручек оди на работа , често приквечер околу 7-8 одам на работа и му помагам, и потоа дури во 1 навечер се гледаме
Не им е лесно да работат цел ден на полето,а на таа жега,сакаш да се расположени и да пејат песни кога ке се вратат? Помогни им не само кукај. Помагај и ти на полето,по дома,немој само да се жалиш тие такви тој онаков. И он не сака да иди,ама го прави тоа заради тебе и заради вас. Не само кукај напрај нешто и не чекај само од нив или од него. Така кога кукаш и повеќе го гушиш и нормално дека ке гледа да иде на друго место само да не се расправа а да одмори од полето. Организирај ти нешто. И пробај да го разбереш. Зборување и само зборување.
Во текот на денот и не ми е воопшто битно колку време ќе поминеме заедно туку во текот на вечертааа кога ќе заспие малиот ѕвер
Оди и ти да копаш нива па да видиш како е ,дали коа ке доагаш дома ке смееш или ке бараш креветот каде е да одмориш. Според ова маж ти цел ден работи,најверојатно МОРА да работи за да ве обезбеди вас.Што повеке би сакала да седи дома без работа леб да немате ама да гугукате и да шетате? Не викам дека е лесно да не се гледаш по цел ден со семејството,ама коа паричките не растат на дрво ке работиш и ке трпиш и ке чекаш викенд да дојде за да се видиш со најблиските. Мајка ми и татко ми не се по цели денови на работа во 4-4:30 се вракаат од работа па пак не се гледаме ко што треба. Кога ке дојдат ке седнат на маса ке ручаме ке помуабетиме додека трае ручекот,после тоа двајцата трчаат кој попрв да легне да одмори. Уште да земам јас да им викам што сте се смрштиле фали. Нормално дека ке бидат капнати. Фати и ти со маж ти копај ја нивата па ке поминувате така повеке време заедно.Лесно е дома да седиш цел ден и да префрлаш после зашто биле намкорести домашните после работа.
И јас се лутев, и што дека. Ама реално да гледаме, заедно сме, кај ќе иде на крајот од денот, дома се разбира. Е сеа мој мали малку ја претерува ама сигурна сум да има избор не би седел и он толку на работа, би си дошол дома порано и би поминувал со мене време, ама кога работата му е таква што можам јас па. Битно се лутев, ама сега го сфаќам и не се лутам толку. Ме лути кога поминува многу време на работа, доаѓа дома, иде у теретана па после со другари на фудбал или пиво, е тоа ме лути ама само кога се повторува неколку дена по ред, да зачести што би се рекло, иначе во недела дена работа од јутра до сутра кога му се фаќа и него главата му чури и сака да одмори малку, а жена ко жена, што да се купи, што да се донесе, да се испланира, па не секогаш му е забавно да го слуша тој муабет после напорна работа. Признавам и пред вас еве, знам често да бидам напорна па сама не се трпам а камоли он да ме трпи Ама Фидани, ако можеш не би било лошо и ти да помогнеш колку можеш, да не го форсираш и притискаш, почни и сама да превземаш иницијатива за некои работи. На мажите им е најстрашно кога ќе сфатат дека нивната жена ги гуши, нема ниедна пријателка, нема со кого да излезе, се затвара дома и утупува благо речено, нажалост го научив тоа на сопствените грешки, односно од сопствено искуство. Во овие неколку месеци научив навистина многу за заедничкиот живот, научив дека не треба толку многу да го гушам туку дека треба да му дадам малку простор, не е ова само за мене промена, и за него е. Колку што се сеќавам вие имате дете, нормално е дека нема сега детето да го оставам и да идам на нива, ама после работа обиди се дома да ја направиш убава атмосферата, а не да мора да се излезе надвор и да се шета, да се иде некаде, едноставно направи кафенце и испијте го заедно, прокоментирајте за нешто и ќе видиш како мажот сам ќе посака кафе наредниот ден. Мене ми се случуваше да си дојде он и јас лута од инат да седнам да гледам глупи индиски серии само за да му докажам дека не може кога може он само да поминува време со мене, го сакав сето внимание на светот, и што направив, изгубив драгоцени денови во лутина, веќе не се лутам, напротив, го разбирам и иницирам работи кои можеме да ги правиме заедно а кои се забавни и за двајцата Инаку мојот иден маж со кој живеам веќе неколку месеци е можеби најангажираниот маж што го знам, иде на работа, која патем е ужасно захтевна и залага седење до ниедно време во канцеларија пред рокови, иде во теретана, иде на фудбал со другари од маало, со другари од повозрасни денови, гледа фудбал во кафич со истите, сега ќе започне и да игра тенис, да возат точаци дуж и попреку Македонија, иде на утакмици во сала и пак треба да одвои време за мене и за организација на престојната ни свадба, не му е лесно богами
се гледаме кога од работа ке се врати зависно од денот кога 15Ч,16Ч некад и до 19Ч го нема Ама искрено би ме нервирало да дојде дома и да легне да одмара да гледа фудбал (добро он не е по спортот) или да си седне да игра нешо на Пс ... Срека мојов не е таков доага дома остава јакна , др ствари и седнува со нас Ја игра малата , додека мама спрема јадење Потоа или заедно идеме некаде , или по дома ... Ама како што кажа и Славица , време кое го помиуваме заедно е кога ке легне малата кај 20Ч.
со оглед на тоа што двајцата се задржуваме доста на работа преку ден воопшто не се ни гледаме, се разделуваме сабајле во 7 30 и се наоѓаме обично околу 18h дома во најдобро сценарио. си спремаме ручек винце ова она си раскажуваме како ни поминал денот па ако има време он дремнува јас гледам телевизија и вечерта си седиме заедно работиме пак или гледаме телевизија, чекаме гости или одиме заедно на гости. не гледа фудбал , не игра игрици не спортува зимно време така да цело негово време ми е посветено мене за викенд исто шетаме заедно по водно низ центар ваму наму. некогаш и му смета кога викам друштво за викенд за шетање со изговор дека не сме се гледале доволно викендот бил за нас често го терам да излезе со другари сам и ептен ми е ќејф кога ќе се јави е злато ќе идам ваму со другари. работи напорно и баш сакам да излегува по често со нив да се зеза како што и јас знам да шетам со дргарки.
Ни јас не сум заедно многу со моите. Ниту пак тие поминуваат многу време заедно. Мајка ми е од 9 до 17 на работа а тато од 12 до 7. Јас одпопладне од 1 до 7.. И само навечер се видуваме вечераме гледаме телевизија и си легнуваме. Само во недела сме заедно зошто тато и во сабота работи.
Ne pominuvame bas mnogu vreme, zaedno odime Na rabota i ako blisku rabotime Ne se gledam voopsto se Do 15 i 30 i doma Koga Ke dojdime pravime. rucek jadime. i dva sati sedime pred. tv toa Ni e edinstvenata sansa. i potoa Na spijene Ali pa zatoa Za vikend sme cel den zaedno
Секојдневните обврски не ни дозволуваат да минуваме многу време заедно... за жал! Од сабајле сме на работа и двајцата, преку денот понекогаш мм доаѓа на кратко кај мене на работа ама тоа ни е некакво блиц видување, на 15 минути... И дури вечерта може да се каже дека си посветуваме повеќе време еден на друг!
Многу, значи многу време поминуваме заедно. После работа нон стоп сме заедно, дури некогаш сака да ми се пикне да дојде на кафе кога одам со другарка ама тоа не му давам Викам, па може сакам малку да те пооговарам, не може да дојдеш Се шалам, навистина поминуваме многу време заедно, ама ако сака он да отиде до кај другар или јас да се прошетам или да искочам или до кај моите и сл.нема проблем и се шетам и без него. Но, генерално гледано 99% од слободното време после работа сме заедно. Не дека така сакаме да биде намерно, туку некако спонтано се случува тоа.
Се` додека времето што го поминувам со него ми е малку и сакам повеќе, арно е. Значи работата се`уште оди во права насока. За среќа така е. За него не знам. Мислам дека ни` е пожелно и на двајцата во мал дел од денот да се одмориме еден од друг. Дури и кога и двајцата бевме невработени, ќе се најдеа некои активности, де пазарење, де возење велосипед, де кафе со другарка ми или тој на пиво со другарот/ите ... Но , никогаш не ми откажал договор или ме запоставил заради другари, семејство или било кој. Тоа го ценам и го возвраќам. Дури се случувало на другари да сака да им откаже некојпат заради мене. Но тогаш јас не сум го оставала. Па ако е во брак не е за стол врзан, мора да размени мислења, да се дружи ... јас и така секогаш ќе бидам тука за него и тој за мене, нема да дозволам да си го стопира животот.
Многу.Заедно работиме на исто работно место и цел ден сме заедно.Некогаш позитивно некогаш негативно влијае врз нас врз бракот врз децата ама тоа е тоа.
Абе да не си ја утнала темата?? Овде се пишува за тоа ``колку време поминувате со вашиот сопруг``, а не со вашите родители??
Еве и јас да си кажам, додека не го имавме синчето, со мм бевме скоро цел ден заедно, спиеме до кога сакаме, стануваме, се облакаме и идеме у супермаркет, па на кафе, па на прошетка. После се враќаме дома, готвам јас, јадеме, одмараме обавезно пред Тв си гледаме или нанкаме и после во 18.00 часот тој оди на работа, а јас останувам дома и за некој саат,два па може и 3 идам и аса кај него на работа, пијам кафенце, сокче, пивце и ако ми здосади ме носи дома , а ако не го чекам да заврши и заедно пак се враќаме домче, така да, секој ден така беше ритмот наш. Е сега откако се роди нашето пижле, јас сум турбо ден, ноќ не се знае веќе што е , како е, јас по цел ден со малото, мм се буди кај 9,10 па оди да заврши негови работи, после доаѓа дома, ако сме станати одиме заедно да шеткаме, па доаѓаме дома, тој си игра со малото, јас готвам ручек, после они двајца легнуваат да спијат, ајс извршувам работи по дома и во 18.00 часот оди мм на работа, ние остануваме дома и така се до 3,4,5 сабајле не се гледаме со мм
јас сум секогаш 1 смена на работа а тој работи во 3 смени..ако е 1 и 3 смена се гледаме повеќе отколку кога е 2....во тие две смени јас си идам околу 17.00 и после тоа сме нон стоп заедно освен ако немам некоја работа па после работа одам веднаш да ја завршам ( фризер, пазарување, кафе со другарки и сл.) потоа си идам дома, вечеруваме , пиеме кафе , си раскажуваме за тоа како ни поминал денот...ако сме поодморени шетаме навечер обавезно или одиме на кафе , по гости или ние имаме гости и сл...ако сме пак мн изморени седиме дома пред телевизор и ајт на спиење.... ...никогаш не ми правел проблем а ни јас нему да излезе со другари и пријатели или јас со моите....неделите ги сакаме само за нас ... правиме ручек заедно или пак излегуваме во природа , во некое блиско излетничко место , шетаме во парк и така ....се додека сме двајца тоа ни е рутината а за натаму ќе пишам во некоја друга прилика