Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку време од денот поминувате со вашиот сопруг

Дискусија во 'Брак' започната од fidani, 18 јули 2012.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.164
    Допаѓања:
    138.887
    Многу помалку отколку што сакам.

    Имаме среќа што имаме исто работно време и блису сме, па главно заедно си одиме и заедно се враќаме, освен ако некој заглави. После работа ручаме заедно, и јас ги носам децата некаде ако треба, а тој останува дома. Децата ги легнуваме во 20.00, но не поминуваме заедно којзнае колку време - или сме со гости, или секој си брка своја работа. Јас правам ручек за следниот ден, нешто читам, работам или дремам на интернет, а тој работи, игра игрици или прави ручек ако не правам јас. Во лет разменуваме по некој муабет, ама од прилика по половина час дневно седнуваме онака на здрав муабет, најчесто придружен со пиво. Ретко повеќе, ако се погодиме без обврски за вечерта двајцата.
    И после пред спиење поминуваме уште по пола саат - саат заедно, ама слабо правиме муабет тогаш :D

    И малку ми е, сакам повеќе! Некако имам потреба да бидам повеќе време со него, мислам активно, не само да делиме иста просторија. Има и периоди кога многу повеќе се дружиме, ама моменталната состојба ме убива.

    За викенд е друго, имаме повеќе време да бидеме заедно.
     
  2. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    Не ја критикува ете не ја сакаат на поле со нив,па по дома сигурно дека им помага.Кој цисте кој готви кој пере-таа сигурно!Работат е што ти вика дека тој има време за другари,а нема време за неа!!!!
    Седни го и искрено кажи му што е и како се чуствуваш.Па и со таа баба му поарно 4 деца да вардиш отколу таа старата.Детето не знае да те навреди,ке те насме ќе те налути а таа само ќе те извади од колосек.Разговар со него и кажи му дека се чуствуваш како да си вишак,како да не постоиш во куќата и како секој залак да ти е префрлен затоа што не одиш да работиш на поле!!!Што се женел тогаш ко сакал со другари да си шета или пак не сакам да ти клавам сомнеж...да не матка тој нешто зат твој грб што не сака да се појавува во јавност со тебе.Размисли добро и разговарајте отворено не со расправија само тоа ќе ја реши маката меѓу вас!!!
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Зависи од денот...а и сеуште сме тазе, па фрки трки, гости....како и да е. Не се жалам. :)
     
  4. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Od 8.30 do 16.30 sme na rabota pa posle sme zaedno :)
     
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Кај нас се зависи од тоа која смена е на работа. Јас секогаш сум на работа од поручек. Ако се погоди тој да е прва смена - цел ден не се гледаме. Мојов за право не гледа фудбал, и не излегува многу со другари, ама затоа, пак, кога ќе се заигра на компјутер, му нема крај. Е сега, ако го прашаш него, тоа време кога јас сум дома, а тој игра игрици, е време поминато заедно, оти било доволно што знае дека сум во истата просторија со него (да, да - секако :lol: ). Ама има моменти кога навистина поминуваме заедно:
    Секогаш кафето мора да го испиеме заедно, забите пред легнување ги миеме заедно :rofl: , излегуваме, гледаме филмови, и се разбира кога се прави магијата ^_^ , lol. Има доста моменти кога сме заедно, и преубаво ми е, и се надевам дека цел живот ќе го имам истото чувство.
     
  6. dejana2

    dejana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    38
    Ние уште не сме официјално во брак, ама заедно си седиме. Како и да е, во последно време откако тој се вработи поминуваме многу малку време заедно, ептен малку што почнува да ми фали дури. :worried:

    Кога е прва смена, ручаме заедно после работа, одмараме, пиеме кафе, шетаме.. Ама тој некогаш е многу уморен што главата почнува да му паѓа дури и не можам да иницирам билоо какви активности кога го гледам таков. Се случувало на 20 минути од пуштена серија да заспие.. :doh:

    На втора смена па уште помалку се гледаме, гледаме да поспиеме па утрото или веечерта пред легнување ако се погушкаме :devil:

    Имам потреба да бидам со него, не само да ја делиме просторијата нели, и мене ме убива оваа моментална состојба.
     
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    па зависи од работното време :) али морам да признам половина половина сме заедно :)
     
  8. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    вторник,четврток и петок работиме заедно така да по цел ден сме заедно во понеделник и среда се гледаме пола пола во денот и викенди излегуваме заедно
     
  9. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Работиме од понеделник до петок двајцата во државни институции, така што, работното време ни почнува од 8,30 а ни завршува во 16,30ч. Со мм заедно одиме на работа т.е ме остава до работа па потоа тој оди на работа, и после ме зема пак со колата. Во принцип со мм поминувам 6-7 саати во текот на денот, и за викенди сме заедно.
     
  10. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Дури не ми се згади па да излезам да се возам како нездрава низ улиците.
    Добро да бидам искрена повеќе е шетање низ бутиците ама на него не му кажувам.
     
  11. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Hmmmm...pa okolu 48 saati nedelno t.e se gledame samo za vikend :(
    Ponekogas ako raboti i sabota zaedno sme samo eden den...
    Na pocetokot mi bese mnogu tesko ama sega se naviknav...Toa e :)
     
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Некогаш го гледам премалку, некогаш премногу. :lol: Се тоа зависи во кои односи сме моментално, а бидејќи ова ни е последната недела од живеење во заедница, сметам дека сето тоа ќе се смени кога ќе сме сами. Година и пол, без малку две заедница ми беше доволна за овој живот! Ќе ми фали секој пат кога ќе го нема, имам такво чувство! :inlove:
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Дневно се гледаме по некои 5-6ч. Кога ќе дојде од работа, и цела ноќ додека спиеме :P
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    скоро ич едвај едвај приближно 3 месеци во текот на целата година ужасно :@
     
  15. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Кога ќе дојде од работа во 15:30h до наредното утро :D
     
  16. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    На мм работата му е таква што кај нас не се знае делник, празник, викенд. Кај нас нема - еј недела, ќе си поседиме по дома/одиме на излет и сл. Кај нас недела може да биде во вторник, така што дури сите се на работа ние си правиме пикник на плажа :D
    Некогаш поминуваме повеќе време заедно, некогаш не се гледаме со месеци. Кога е тука оди во две смени и по некое дежурство. Така што нашите планови за активности се кројат ден за ден. И спонтано го користиме секој слободен момент за заеднички активности - па макар тоа да вклучува и гушкање на кауч ;) Практично сум заборавила што значи планирање однапред, па макар тоа било и една недела однапред. :D
     
  17. Fatmagul1

    Fatmagul1 Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Kaj nas koga "stapuva na sila" problemot se slucuva slednoto :na rabota odi od 7 i pol jas spijam odi na rabota i raboti do 4 nekogas i 5 zavisi si idi doma ni dobro vecer ne veli sednuva zima mobilen gleda tv i sl a so mene ako prasa ednostavno za jadenje nesto i toa e se toa trae do 9 i pol 10 potoa si legnuva sam i slednoto utro isto se dodeka trae problemot....toa e toa
     
  18. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Скоро и да не се одделуваме. Двајцата работиме од дома, па сме си цело време заедно. Кога јас останав без работа, пред 1 година, најмногу се плашев од тоа да не почнеме да се јадеме за ситици или да не снемаме муабет. Ама, за среќа, се е во најдобар ред. Дури и кога сме одделени на неколку саати ми фали :inlove:
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Машки
    МНОГУ МАЛКУ речиси само за спиење :( многу работи
     
  20. Ane10

    Ane10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    143
    Мм ми кога работеше земјоделие се гледавме многу малце навечер само по 2 саата по цел ден уморен,а сега работи само 3та смена од 2 вечер до сабајле до 10 и после или седи со нас до 6 вечер или па легнува после работа одмара па вечерта е со нас и задоволна сум заедно си ручаме си гледаме тв некогаш шетаме си се смееме и така :D