Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку долго може да опстои една средношколска врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 5 јануари 2011.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    А ова подоцна планираш да го правиш, кога ќе пораснеш? :?:
     
    На theowndemon, Плавуша123, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Кога ќе пораснам и да сака не може да ме контролира, обично вакви работи се случуваат кај неижживеани деца, не велам дека ги нема и кај возрасни, но претежно деца наседнуваат на тоа "го сакам, се ќе направам за да го задржам", мислат дека ако им се налути и раскине дошло крај на свет. Сега, фала богу сум зрела и да се дрзне да ме контролира знам како да се носам со тоа за разлика од 15/16годишно дете. А за сексуалните односи ако мислевте исто се држам до тоа, според мене апсурд е 15 годишно девојче/момче да има сексуален однос.
     
    Последна измена: 6 април 2017
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Се запознавме и почнаа "искрите" меѓу нас кога имав 16, а врската ја започнавме брзо откако наполнив 17 години. Среќни и заљубени, ја тераме 4-та година :)
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.418
    Допаѓања:
    42.247
    Пол:
    Женски
    А зошто мислите дека ако сте заедно од средно значи дека ништо не сте проживеале. Ние проживеавме се што треба да проживее еден млад тинејџер. Излегувавме со друштва, шетавме, тој многу често јас не толку пошто немав желба не дека не ми дозволувал. Единствено што немавме е промена на партнери кое патем и не ми фали многу зошто знам дека тој е мојата друга половина. Кога растете заедно тоа има некое друго влијание на врската па сметам дека ради тоа успеаваат тие што успеаваат или не успеваат. Кој како сака, така ама ако ви е убаво не размислувајте на тоа леле годините минуваат јас со ист човек. Терајте си, тоа не се планира.
     
    На ***cute***, dayla, L-a-r-a22 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Бев 3та год.средно а дечко ми 4та кога почнавме да се муваме. Во 4та веќе бевме во врска. И еве врската уште трае, скоро 9 год.
    И не сметам дека не сум проживеала. Што сметате дека треба да се случува за да речете дела сте проживеале? Да излегувате, да пиете, да легнете со повеќе?
    И ние излегувавме, се забавувавме, излегува тој сам со другари, јас сама со другарки.
    За да една врска успее воопшто не се битни годините. Многу побитна е довербата и почитувањето.
     
    На Mimis и Nastya9 им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    И јас сум во брак произлезен од средношколска врска :D . Имено , генерација сме , се запознавме во 3-та средно официјално иако се знаевме од што сме се сретнувале низ школскиот двор . Во врска бевме една година , а во брак тераме веќе четврта година . Исто познацам пар кој излегуваа од втора средно . Одеа повеќе од 10 години а денес се во брак и имаат ќеркичка :D . Не е дека не сме изживеани , само што не " легнуваш " со различни партнери , што и не е така страшно или не знам што .
     
  7. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Може да опстои до брак.
    Нашата опстои, кога почнав да се гледам со него немав ни 8 мо одд завршено. И не ми е криво што во најубавите денови сум имала дечко.
    Потоа кога бев 1 ва и 2 ра средно учевме во исто училиште. Се гледавме постојано, бегавме заедно од часови, бевме заедно на одмори.
    Сите професори не знаеја класната на мм не викаше дури Ромео и Јулија.
    Кога направивме веридба некои од школските ми честитаа со зборовите ,, браво ваква љубов ретко се гледа"
    Се запишав и на факултет, ама не го дозавршив бидејќи не ми се учеше, и од кога ја направивме веридбата дојдовме да живееме во странство.
    Сега си го чекаме и првото бебенце.
     
    На carangigia, Mimis, esperansa777 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    1.722
    Ова има две страни. Или ќе опстанат и ќе ја крунисаат љубовта со брак бидејќи се заедно со години, се имаат научено и двајцата, имаат поминато многу заедно.
    Од друга страна може да пукне кога ќе созреат и ќе сфати барем едниот дека сака нешто друго бидејќи и тој самиот не е ист.
     
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    Нема врска ако е средношколска - зависи од луѓето кои се во неа.
    Сведок сум на луѓе кои почнаа врска од негде втора средно, и сега по 6-7 години се уште заедно, а сведок сум и на тоа како пред некој месец заврши 8 годишна врска, исто така почната во тој школски период.
    Врска како врска, кога и да почне, најважно е како ќе се развива и одржува :)
     
    На Glossy-girl, Jacques и Brojka им се допаѓа ова.
  10. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Со дечкото од средно бевме заедно околу 5 години, on/off врска:wasntme: Може ќе си потраеше и поинаку ќе се завршеше,ама неговиот начин на живот не оддели. Потоа не бевме заедно,ама секогаш бевме во коректни односи и како пријатели ќе си се слушневме одвреме на време. Откако се омажив,нормално се немаме слушнато,ама слушнав од заеднички пријатели дека уште ме мислел и му било жал. Ама сам си беше крив. За моја среќа,се заврши врската:nod:
     
  11. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Статистички земено, негде прочитав, средношколските врски биле осудени на пропаст. Да, во најголем случај. Дали тоа е резултат од сплет на околности и запознавање нови луѓе за време на факултетскиот период, созревање и различни приоритети или поради спонтаниот тек на настаните во кој вие осознавате дека не сте еден за друг.
    Значи, нагласувам дали една средношколска врска ќе опстои е индивидуално. Обично не сакам индивидуите да се земаат како една матрица и ќе се дискутира за нив како една целина, а баш напротив...секој е приказна сама за себе.

    „Немој да се врзуваш, млад си“ - фраза од која ми доаѓаат лоши нагони... луѓенца, дискутабилно е тоа дали вреди или дали е време за да почнеш нешто со некоја личност, ама благодарение на поделбата на родови, имаме и привлекување што си е нормално во тој период каде и момчињата и девојчињата доживуваат големи промени, на психички и физички план. Е, сега... муабетот беше дали ќе останат на симпатија или ќе почнат нешто повеќе со оној кој ги привлекува зависи од многу околности, како и од самиот карактер на личноста, крај краева сѐ што почнува во тој период е од шала, од еден невин бакнеж кој појма немаш каде ќе те однесе.

    И нормално е дека во средношколскиот период се само незрели момчиња кои како доаѓаат така и си одат, созреваат па остануваат или фаќаат сосема друг правец, но не секогаш се налетува на оние кои сакаат да контролираат, кои ти го одземаат времето со другарките, љубовта е баланс, а не контрола и врзување... не го разбирам тоа „неизживување“...

    Цели универзуми сме ние, бесконечености
    без правила и само следете го природниот тек на животот.
     
    На Brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    А зашо ви е исклучена опцијата дека не легнува со други партнери?

    Ок е тоа што слепо му верувате на партнерот, но оние средношколски врски кои гледам дека успеале кај блиски мои баш биле полни со други партнери. Објаснувањето и од двајцата било дека тој/таа е нонстоп тука, а некогаш да се промени добро доаѓа. Или народски кажано, секој ден грав не се срка.
    И така, неколку парови денес живеат во брак со деца уверени дека сепак другата страна немала други партнери.
     
    На Aquamarine93 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    и јас спаѓам во групата на омажени со тинејџерската љубов пропратена со доста турбулентни периоди
     
    На hermosa, carangigia и Dust им се допаѓа ова.
  14. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Јас не сметам дека од голема љубов влегуваат во брак тинејџерските парови,главно навика е. Тие врски се полни сo скарај се-смири се за да се проба нешто друго со некој друг партнер а според мене не е тоа тоа.
     
    Последна измена: 4 декември 2017
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Нашата врска започна во средно и се уште трае.
    Никогаш немало раскинување-смирување. Отсекогаш одлично се сложувавме, си одговараме како личности и се надополнуваме.
    Заедно израснавме и созреавме.
    Со тек на времето како што минуваат годините љубовта расте се повеќе и повеќе, се зајакнува и станува посилна.
    Никогаш се немам покаено за ништо и да можам повторно да бирам, него би го избрала. :l:
    Ова нашево за ништо не го менувам.
     
    На medena123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    На братучедка ми и започна на 14год и и трае добри 6 години.Сум имала другарки иделе и по година дена по 8-9 месеци а јас лично во овие години не се замарам за врски.
     
  17. medena123

    medena123 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2017
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Ме разнежни. И за мене истово важи. Не би го менувала за ништо :)
     
    На TheGirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ..Queen..1998

    ..Queen..1998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2017
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Јас бев во средношколска врска. Јас бев 3та год, а он 4та...2 години ни траеше врската. Интересно беше...но мислам дека многу заглавив на тие години.
     
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Мојата врска беше од втора година и траеше до пред еден месец отприлика. Не е дека не го сакам, ама мислам дека јас повеќе созреав од него во текот на овие години и го гледам како детенце сега. И, сме имале и многу прекини ама секогаш сме наоѓале начин да се смириме. Еве и сега сме пак во контакт, го сакам, ама мислам дека треба да го оставам засекогаш. Башка, јас изгледа не сум човек за долга врска пошо ни самата не знам што ТОЧНО сакам. Да, ќе ми биде тешко кога ќе најде друга, не верувам дека некогаш би се вратиле после тоа, ама некои работи не можат да се форсираат :)

    Инаку верувам дека средношколска врска може да опстои ако партнерите знаат точно што сакаат.
     
  20. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Љубов на прв поглед. Љубов од 15 години. Сега имам 32 омажена и 2 деца. А сопругот си го сакам уште повеќе.:inlove:
     
    На Sejfullai, carangigia, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.