си имам дечко тој е 3 јас 2 година одиме 8 месеци и многу ни е убаво никој на никој не забранува ништо си имаме разбирање доверба,мислам дека ке потрае врскава...ама ништо не е вечно ..можеби не требаше да се впуштам толку рано можев уште малко да се поуживам ..ама тва е тва.. сакам да бидам слободна ..ама не можам да се замислам без него... многу сум чудна а го сакам....
Eве сум јас таква Ама тогаш во ниту еден момент не се запрашавме дали ќе идеме озбилно Како врвеа годините така и ние Кризи секаде има, сега не било се совршено, ама сепак мислам дека успева. Ама пак ќе повторам, тогаш бевме тинејџери кои си имаа партнер, дечко/девојка. Настаните не беа планирани, се беше спонтано, остана така до денес
Јас и дечко ми кога почнавме со врска, јас бев прва тој втора год средно. И после 5 ипол год еве сме тука, јас 21 тој 22г. Ако е пишано, и ако треба ќе опстаните, ако сте вие тие, вистинските, ќе биде. Само да не се затварате дома, и веднаш да се заозбилите, и постојано да сте заедно. И нормално, ќе имате кризи, кавгички... Ама мора да си најдете заеднички јазик, и да знаете како да се справите со такви ситуации. Гуд лак
Бројче не ме сфаќај погрешно, ама сепак мислам дека вашата врска е далеку од идеална, сепак со непријатното искуство кое ти го приреди и му го прости, и неговиот сегашен однос кон тебе- тоа не се кавгички и мали кризи
И јас и дечко ми сме 3та година средно и во исто школо учиме.Се фативме на крајот од втора година, и до сега воопшто не осеќам дека нешто ми фали или ми е забрането. Баш напротив, тој е супер, не е љубоморен, си имам другарки со кои редовно се гледам, излегувам во дискотеки кафичи, некогаш сама некогаш со него и никогаш не сме имале проблем. Летото бев со три другарки на одмор и си поминав супер, си бев верна а знам дека и он беше. ПОголеми проблеми не сме имале освен за некои ситници и сега за сега е супер. Не викам дека така ќе остане, може и утре да раскинеме кој знае, ќе пораснеме ќе смениме мислења, желби, ќе сакаме да сме со некој друг, боже мој се се случува.Сакам да кажам дека има разлика од врска до врска, сите се различни и мислам дека нема врска кога е врската започната. Ако е убаво, без забрани, љубоморење и опседнатост, океј е.
Сакам да пробам да сумирам некако: Врските од млади години не се сериозни врски. Јас дури сега можам да кажам дека имам сериозна врска, кога планираме заедничка иднина. Не треба од 15-16 години да се врзуваме за еден човек и да речеме тој е тој и готово, друг не сакам. Реков еднаш - убаво е додека е убаво, со сила не бива никогаш. Друго, не се согласувам со оние генерализирања дека тој што не бил во многу кратки врски како млад, на постари години ќе сака да се издува и ќе изневерува во брак. Не е тоа причина. Може да изневери и тој што се дувал пред бракот, може и тој што не се дувал да не изневерува. Сето тоа зависи од случај во случај, и колку што знам јас не постои некоја статистика која го потврдува таквото генерализирање. Ако имаш 16 години, влегуваш во врска и ти е убаво, нема зошто да ја раскинеш. Ама никогаш не треба вештачки да се одржува зашто ете, долга е па греота е да се расипе. Од тоа како ќе се развива понатака, зависи дали ќе бидне тоа нешто сериозно или не.
Понекогаш и личност од 15 години која е во врска се однесува позрело и од 25 годишна личност која е во врска. Не постои нешто што е идеално. И не постои врска која нема кавга ни криза било да имаме 13 или 33 години. Секако дека една врска не е битно на која возраст е почната. Ако се одржува како што треба ако има љубов и разбирање ке трае. И мојата врска е започната во 8 одделение. Со мување. Една година бевме заедно па потоа две години пак на мување цело време. Сум имала и други дечковци а имал и тој други девојки. Во 4та година пак заедно. Сеуште учиме сеуште правиме грешки. совршенство не постои. Секоја девојка знае да има никаков период без оглед на возраста. Машко доколку сака да те вара ке те вара, без разлика дали е недозреано момче или маж од 30 години кој би легнал со секоја една женса особа која би му се соблекла. Факт е дека секој може да згреши. Факт е и дека од толку рано не треба да се врземе како да сме во брак. Но факт е и дека ако е љубовта вистинска ке помине се. Не мора да значи ако сте се скарале дека после никако не можете да се смирите и да имате нормална врска со љубов. Поминав низ сито и решето. Сега сум потполно среќна. Никогаш не сум се чувствувала дека ми фали нешто. Дека сум изгубила години за џабе. Во нервоза го имам тоа кажано не викам не. Ама трезвено размислувано не е така,јас знам колку го сакам а и тој мене. Се е до двајцата кои се во врска. Пријатели на моите од 12 години се заедно. До ден денес. И уште се сакаат. Зависи од карактерите, од личностите, од начинот на живот од тоа колку си трпелив и горделив од тоа колку сака човек врската да е успешна и колку е свесен за своите грешки. Кога доаѓа крај колку и да викаме дека не се трескаме од земја секој човек со чувства ке го боли. Значи џабе им викаме на девојките не плачи ке помине. Сме поминале и самите низ тоа. Јас дури сега сфатив колку понекогаш детски сум се однесувала. Но сакав, пробав, се сменив.И да дојде крај нема да ми е криво за ништо ... Ако двајца навистина се сакаат возраста не е битна. Ако се доволно созреани би успеале. Не е грев да се греши, и да ... човечки е да се простат некои грешки на партнерот.Во границите на нормалата. Не би било убаво доколку инаетот и гордоста би победувале секогаш.
Јас имав 2ипол годишна врска во средно и ја раскинавме кога бевме на средината од 1ва година факултет. Таа е таа, кога веќе нема љубов и хемија завршува се. Јас мислам дека средношколскиве врски не можат да опстојат после средното школо. Има и исклучоци, секако.
Мое мислење е дека се ретки ваквите средношколски врски кои опстојуваат цел живот. Едно е размилсувањето на тие години, а сосем друго подоцна. Најголемиот дел од овие врски завршуваат со раскинување и со продолжување со сосема друга личност. Мислам дека нема потреба уште на 15 години сериозни врски. Има време за тоа. Многу повеќе ценам без никаков дечко, отколку уште на 15 години долга врска. Па, каде е уживањето со друштво, глупирањето, излегувањата??? Секој си знае како му е најубаво, сепак и да опстане ваквата врска, мислам дека многу работи се пропуштени, без разлика и врската да била совршена!
Може, но и не мора. Ќе се согласам и ќе се повторам во едно клише со кое апсолутно се согласувам - правила нема. Е нема, ама има природен тек на работите, а на секој од нас му треба слобода и период кој ќе ти дозволи да дишеш и да се развиваш на емотивен план. Потребно е да бидеме лигави, да бидеме тривијални, да бидеме откачени, да врискаме без причина, да бидеме глупави деришта и што ли не. Едноставно да искусиме се она што одреден период од животот ни налага. Сосема природно, без да се силиме да го правиме тоа. Времето кога сме во средно ни налага да бидеме помалку сериозни. Не затоа што е тоа правило, туку затоа што тоа природно го сакаме и ни е потребно. Ако уште на млади години почнеме да се врзуваме и еве да претпоставиме дека со тој човек останеме до крајот на животот или барем се омажиме и основаме фамилија, немојте ниту на минута да се сомневате во тоа дека кога тогаш нешто ќе пукне. Природно ќе почне да ви фали она што не сте успеале да го доживеете. Да се изживееш е многу битна работа, најсериозно. А тука не мислам да се чепатиш по дискотеки и да редиш дечковци како во фабрика што редат нови чоколатца на лента. Не зборам на памет, имам колешки кои се веќе во брак и имаат деца со дечковците со кои биле од средно. Прв и последен. Познато ни е. Успеваат секогаш да ме изненадат кога ги гледам што прават во диско кога ќе излеземе заедно, одлепуваат како 14-годишни девојчиња. Сами, без своите сопрузи се токму девојчињата кое тие не ни имале шанса да бидат, затоа што биле сериозни. Таа фаза ја прескокнале и сега им недостига и се обидуваат да ја надокнадат. Како од ланец пуштени. И навистина не хиперболизирам. Од пијанчења со заспивање на шанк, до љубење и секс по тоалети со рендом дечковци со кои се запознале вечерта. Од еден во друг екстрем. Нивен живот, не оправдувам но на некој начин ги разбирам и те како. Да тргнам од себеси, да не наведувам како примери други. Јас многу рано имав сериозна врска која траеше 3 години! Што би се рекло цело средно ми помина како воз за кој јас несвесно сум задоцнила да си купам карта во прв ред, во првото купе. За среќа имав навистина зрел и одговорен дечко, па некако веќе наликувавме како пар пред брак. Нешто пукна и за среќа на време. Јас се препородив после тоа. И барем последната година од средно си ја проживеав онака како што требаше. Скраја да е дека плукам на тоа време кога сме биле заедно, воопшто не. Но видов после колку навистина ми недостигале оние први пијанки со другарките, глупирања и излегувања кога на никој не мора да му се јавуваш или правдаш. Ми недостигаа бре pyjama parties, пијанчења по дискотеки, лапање со дечковци и крај! И со цело срце и тело си ги надокнадив најобичните емотивни потреби во текот на наредните две години додека не влегов во друга сериозна врска. Значи ако сакам да заклучам, нема да можам да кажам дали некое правило функционира. Дали врските од средно успеваат или не, тоа навистина не знам. Не знам навистина дали некоја математичка или физичка равенка знае нешто да пресмета и да ни каже со сигурност дека ќе биде вака или онака. Но таа слобода, тој природен тек на развивање кој нема да го доживееш во свое време, ќе ти недостига, тоа знам. А секој еден од нас ќе се стреми кон тоа да се изживее на овој или оној начин, порано, на време или подоцна. Алфа и омега на нашата егзистенција.
со дечко ми почнавме да одиме кога јас бев на крај на 3та година средно. Тој е 8 месеци постар ама сме иста школска година. Заедно сме скоро 3 одини, јас тогаш имав 17, сега ќе полнам 20. Како што сите кажале, сите врски имаат свои падови и подеми. И ние имавме... знам дека тогаш идевме 9 месеци. Тоа беше прв и последен пат да се скараме за нешто посериозно. Секако дека имало караници од тогаш, но тоа се обични, секојдневни, караници на кои може да се пројде преку. Дечко ми никогаш не ми забранил нешто, можам каде сакам со кого сакам да излезам, никогаш не рекол дека му пречи... исто и јас. Никогаш не сум му рекла да не излегува со другари. Колку и да ми смета некој од нив, сепак тој се дружи со нив од дете, а со мене е неколку години. Јас би заклучила дека се се сака ако се може. Пред него пробав како е да се биде и со „фраерот по кој трчаа сите’’ и со глупавиот кој незнае да сврзе два муабета. Сеуште искусувам нови работи и со него, знам да излезам и да имам добар провод и без него. Се сакаме ама се трудиме колку толку да бидеме независни. Имам другарка која иде со дечко и од 8мо. Таа не прави ништо без него и без негова дозвола. Тоа ми е несфатливо. На 20 години се однесуваат како некој закржлавен брачен пар.
Мое мислење е дека не ви треба тоа на 15 години, ама ете почнало од мување од шала до сериозна врска. Вие сте дозволиле да се развие тоа, тоа е сосма ок ваша одлука ваша желба ваша љубов. Секоја врска носи своја тежина, кога си во врска неможе буквално што сакаш да правиш, треба на некому да му дадеш отчет што се вика, кај бешекако пројде, со кого ова она... Тие нервози и расправии во врска не ми се потребни бре да се замарам со нив уште на 15 години, у тоа време да се правдам, да го мсиалм кај е, да му се притресувам за секоја ситница. И самите си кажувате дека имало падеви и подеми. И што кој е должен тоа да го трпи на 15 години, на 15 години да добијам пад и љубовно разочарување и да се депримирам не, среќна сум што си го изживеав максимално тој период што неморав пред никој да се правдам, и можев што сакам да праам не дека сум се мувала секоја вечер или којзнае што, ама не ми вртел некој да ме замара на секои 2 саати (фала богу тоа ни сега не ми се случува). Муебетот ми е дека 15 години се толку малку и толку кревки за да трпат таков товар каков што носи една врска, ама вие си знаете дај боже да се секогаш среќни и да не ви биде криво за тоа пропуштено време, и секако да не ве спука тоа на 30 години
СЕ е до личноста, зрелоста. Е зошто да не вистинската љубов не бира време ни место , знам и пензионери кои си ја нашле сродната душа во златно доба. Периодот да се случи тоа можеби и не е баш идеален но е , возможен п.с стварно стојам на тоа личноста зрелоста , особено зрелоста , ме нервира кога преувеличуваат , велат ќе станеле калуѓерки и вени ќе сечат зашто дечкото со кој оделе ,, цели 3 недели смувал друга , а она само 13 Зрелоста , сепак зрелоста !
Комплексна е темава. Прво,колку и да си мал,со текот на времето созреваш под икс околности и сфаќаш дали сте еден за друг или не сте.Ако се развиеш како своја личност и го донесеш тој заклучок,во ред,се случува,потрагата тука завршува,без разлика на тоа изживување.Партнерите едноставно наоѓаат начин тоа да го компензираат. Второ,има затворени типови кои едноставно средното го поминуваат мирно,па тоа и им одговара.Некои не се така лесни на менување партнери.Познавав такви деца кои навистина не сакаа да се муваат со секој,до душа имаше и затуцани кои тоа го сфаќаа ко искористување. Трето,толку се поврзуваат и се несигурни,ради извесни причини,најчесто причина е домот,каде што немаат сигурна потпора и покрај два родители,па созреваат буквално како едно.Па нивната зависност еден од друг ја доживуваат како вистинска љубов. Четврто,има такви кои се плашат да не не најдат друга половина,па се задржуваат доволно долго додека да ја најдат и тап после сто години раскинуваат. Има 1001 варијација,мојот став,не им верувам на ваквите врски.Најчесто се продукт на лична несигурност. Моето средно го поминав турбулентно.Сум правела глупости и искрено сеуште правам кога ќе ми дојде,во рамките на прифатливото и нормалното,иако е многу поретко од порано.Уходани сме доволно добро за да се сфатиме еден со друг.
Ај што има врски од 14-15 години долги сериозни, па уште некои и одлучуваат да се земат? Е тоа ми е лудост! Со некој да си во врска во тинејџерските години и да пропаднала ќе се каеш зашто тие години си ги поминал со него. Ама тоа е и со секоја врска. И во 20сетите години да имаш неуспешна врска ќе се каеш! Е сега има врски кои успеваат а одат уште од средношколските денови. Тие луѓе заедно раснат, заедно созреваат, заедно си ги прифаќаат маните и доблестите, е сега има проблем ако не можеш да го прифатиш созревањето. Тука пука врската кога ќе се запишете на факултет. Тука веќе личноста се менува. Или врските пукаат кога ќе им здосадни, се едно исто, они двајца искачање ова она и досадно, а не е време за свадба и деца и ај ќе раскинат. Секоја средношколска врска е приказна за себе. Убаво Лилит кажа има многу различни типови на средношколски врски. Може да опстане година, две, три, ако одат на факултет начесто 50% од врските прекинуваат, а дел од досада раскинуваат, а дел живеат среќно и весело цел живот. Формула нема. Никогаш нема форумула за љубовниот живот. Има врски кои се прва љубов и кои од Х причини раскинале а цел живот понатаму копнеат еден за друг и таа љубов никогаш не умира на некој начин. Ако некои се "судени" да бидат заедно нека бидат и од 15 години! Ама ретки се тие.
Не сум имала врска додека бев средно... сум се затрескувала, ама немав никаква врска тие цели 4 години Искачав секој викенд, со другарки, со друштво, по дискотеки и сум си поминувала најлудо и ден денес тоа е тоа што го раскажуваме меѓусебно Дали нешто сум изгубила со тоа не знам, можеби некое искуство плус, ама ете се снаоѓам и вака Темава ме потсети на мојата средношколска љубов, еее времиња, и со него на крај дури после месец дена откако завршивме пробавме нешто, ама не испадна ништо сериозно. Сепак, не осудувам, скраја да е, баш ми е мило што опстојуваат врски од средно, имам и пример со другарка, родителите нејзини од средно се заедно и се како стари тинејџери заљубени, им се гледа детето во очите (јас таков пример гледам, затоа и ми се слатки врските што опстојуваат од тие денови). Но, ретко кои вакви врски успеваат, едноставно во тој период најмногу се менуваме, созреваме, а со тоа бараме и нешто друго покрај себе (секоја чест на исклучоци) И убаво ми е да се потсеќам на средношколските денови, но не поради некој дечко, туку поради сите глупости што ги правевме тогаш, поради трчањето во некое школо да видиш некого, поради бегањето од часови, кафињата и да си ги видам корените на денешните пријателства што ги имам... А дечко, ќе дојде некој порано или подоцна, некои други работи се поважни за овој период, според мене
Никогаш, ама баш никогаш не ја идеализирам мојата врска, никогаш не сум рекла дека е идеална. И никогаш не постои баш идеална врска. Искуствата ги носат случувањата, а случувањата ги носи животот. А животот каков таков го живееме и се носиме со секојдневието. А непријатни искуства секој може да вкуси, без разлика дали си 16год или 26, како е пишано така ќе си тера. Не сме сфаќај погрешно, ама со мојот пост сакав да кажам дека може да успее врска (нормално, зависно од карактерите на двете страни, и со тоа колку знаат да се носат со секоја работа), а не да ја идеализирам мојата врска. И да, тука само за НАЈ идеалните врски се зборува? А не за врски кои почнале од средношколските денови?
Почитувам такви парови, еве како LivingGlam на пример. Меѓутоа ретки се, поголемиот дел од остатокот едноставно започнале врска од X причини кои Лилит веќе ги наброи, а после тоа едноставно продолжуваат со измачување и се држат како давеници за сламка за таа врска започната уште во средно. Тоа е сепак многу време, многу заеднички пријатели, врската опфатила и нечиј пубертет, нечие созревање... И некако имам чувство дека ниту им се останува заедно, ниту им се разделува, од Бог знае кои причини, страв од ненаоѓање друг/а, пријатната навика да си имаш некого постојано покрај себе (каков и да , нели) итн... Моето гледиште е дека дури и оние кои опстојуваат во вакви врски, ужасно се лажат, прво околината, а најлошо - самите себе. Сите кои ги познавам, без исклучок во вакви врски од средно, ми наликуваат на програмирани за глумење среќа, а просто знаеме дека им е досадно, ужасно депресивни и си скиснале, како еден на друг, така и на секој околу нив. Нека не се наоѓа никој навреден, секако постои исклучок од правилото, но моето мислење е ова. И да, сметам дека во ваква врска многу работи се пропуштаат. И останувам на тврдењето дека сериозните врски не треба да започнат на 15-16 години во средно, кога никој не е оформен во акалот. Но, тоа е само мое мислење, пријатно се изненадувам кога има понекој исклучок, макар и ретко.
јас само што наполнив 15 год кога почнавме со дечко ми, тој имаше 19, веќе 4 год сме во врска, понекогаш се мислам што би правела овие год ако не бев со него... но кога добро ќе размислам не се каам, ништо не сум пропуштила за овој период (барем така мислам), кризи имало и ќе има (тоа сигурно). јас мислам дека се е до судбината, ако е пишано ќе опстои не го велам ова само поради тоа што јас имам таква врска... друг пр. моите родители - во врска од средно (не знам која год.), 32 год се во брак .. еве пр. и од нашево време сестра ми исто од 2 год средно е заедно со маж и (сега се во брак), значи вкупно 14 год се заедно
Јасно е ко ден дека не можеш да почнеш врска на 15 години и да речеш „ова е сериозна врска“. Тоа е ем неизводливо, ем неверојатно, затоа што во животот не знаеш кој ветар ќе те дувне. Ама па јас стојам на тврдењето дека се што се одвива спонтано може да биде успешно. Фала Богу дете од 15-16 не може да знае дека тој е „ТОЈ“ Не знаев ни јас, мислев оти се што лета се јаде . Јас тоа го сфатив тек последниве три евентуално четири години, кога веќе годините почнаа да ни стануваат обемни А тоа изживувањето, кој чувствува потреба за дечковци и мување во ред, кој не, нема да му биде битно дали имал 100 или еден мувач Битно е да не се затвараш на твои 15 со дечко само затоа што имаш дечко, туку да се забавуваш, макар и со него. Па Боже мој, и никој не тврди дека вака ќе остане до крај, се може да се случи :geek: Дека успеваат, успеваат, имате куп примери, зависи од децата, па после пораснатите деца