Не знам дали мојата долга врска е за тука ама и она почна во средношколските денови...не на 15 ама на 17 неполни 18....така да имав време да поминам скоро се ( можеби прерано ама јас не се каам ) Може да се каже дека пораснавме заедно т.е. заедно созреавме и ни се поклопија карактерите...Нормално како секоја долга врска си имавме и ние проблеми ( поминавме низ се и сешто ) добро и лошо....Почетнтата година и пол ни беше сон за секоја врска ( речиси идеална ) ама гледајќи низ розеви очила...после 1 год се надоплнувавме, градевме и успеавме....Не е сјајна има по некои испади ама сите тие се ситница за она другото што го имаме пред се љубов, страст и доверба!
Мислам дека тие врски што почнуваат од 15-16 години не опстојуваат. Да имаш 15 и да имаш 18-19 години е сосема различно.Со 15 години уште си дете, се ти е интересно и не ги гледаш работите правилно, додека пак со 18-19 подруго е согледуваш некои работи.Но секогаш има и исклучоци нели А врските на нашите тетки,стрини,мајки мислам дека неможе да ги споредуваме со врските од денешницава, сепак тоа било друго време, други размислувања.
Со мојот сегашен дечко се фативме во втора година средно и еве веќе 4 години сме заедно. Не можам да кажам дека тогаш врската сум ја сметала за „сериозна“, но како што кажа некоја форумџика погоре - ние не сме ни планирале да останеме толку време заедно, едноставно се случило. Не сметам дека најубавите години сум ги изгубила со еден дечко, не го гледам тоа како негативна страна, баш напротив затоа што да не ни било убаво заедно, немало да останеме толку долго време. За тоа дали може една средношколска врска да опстане - едноставно, нема правила. Се зависи од личноста, од карактерите. Некои не сакаат да се врзуваат на уште толку мала возраст, сакаат да се изнаживеат, некои подоцна сфаќаат дека не се еден за друг поради различните карактери. Но, ме иритира тоа што и покрај проблемите во врската, дечко и девојка не раскинуваат за да „не пропаднат во вода годините поминати заедно“. Кога не оди - не оди, нема потреба од форсирање.
Си имам 18 годинки и ниедна врска подолга од месец дена ...Едноставно не сум осетила дека со една особа можам да имам се што сакам,ама ајде да се надеваме ќе се заљубам и јас .Tакви се тие години,гледаш да проживееш,да се дружиш,да запознаваш повеќе луге а за тоа ти треба повеќе СЛОБОДА.Вака ќе кажам јас,СЕ ВО СВОЕ ВРЕМЕ ЌЕ ДОЈДЕ,ако почувствувате дека нештата каснат тогаш тргнете по нив!
Се прашувам зошто врските не ти траат подолго ? А Бројче, ти сама си одговори на мојот пост зошто толку долго опстојува вашата врска, не сакам да се мешам повеќе со излишни коментари.
Се прашувам зошто врските не ти траат подолго ? Не ни сакам долги врски сега за сега, а кога ќе посакам ќе те прашам тебе што да правам
Имав и јас скоро 2 годишна врска во средно Како што кажа една форумџика мислев се што лета се јаде а паметот ми леташе по него како е единствен како ме сака....не приметив дека ме окупира,ми брани,другарките ги отргна од мене,се понасав ко луда низ дома со сите се карав заради него,ме убедуваше дека се ке сменам само ако го сакам,за некоја трагедија и тоа и го пробував Но ете.....само што завршив средно јас му раскинав......не сакал господинот да идам на факлутет,да сум работела,за него да го финансирам он да лежи.....епа неможе си реков Еве ме сеа на факс.....животот ми е за 360 степени сменет во најдобра смисла....факлутетот ми оди добро имам успеси,си имам колески што ми станаа многу блиски другарки и ми се врзаа за срце.....и една личност што ми го освои срцето што е тотална спротивност од дотичниот што го кажав погоре Сега сум позрела на друг начин ги гледам работите......и не се треска толку од земја ни за дечко ми , а ни за никој во моја околина .......барем помали ми се нервозите во животот вака
Неможеме да кажуваме конкретно колку..Кај секој е различно,зависи до карактерот и колку се созреани личностите.(Не)може прв пат фаќа дечко и да оди долго време..но сепак има исклучоци. Еве ќе ви кажам мојата најсакана вујна се фатила со вујко ми во осмо одделение и тогаш нели во тоа време им забранувале,биле мали несозреани,родителите не им се знаеле едноставно не смееле да имаат врска.А овие скришно си се гледале секој ден и се така дури во втора година кажале каква е работата и се се прифатило си имале долга врска и на 19 години се венчаа и сега имаат две прекрасни деца..Значи незнаете колкава е љубовта меѓу нив,колку се сакаат,позитивни ведри..не се опишува(како мали деца се уште ете тоа е љубов -уште како на почеток..Да не забегам од темава зборот ми беше-никогаш не се знае!
Средношколсата љубов знае да биде многу искрена и чиста, со силни емоции и без задни намери! Не за џабе се рекло дека во ,,лудите,, години се гине за љубовта! јас верувам во такава љубов, но не верувам во нејзината издржливост и нејзниот опстанок! Претпоставувам дека многу врски прекинале после созревањето на партнерите бидејќи сфатиле дека не се тоа што посакуваат, не се надополнуваат, сфаќаат дека сепак не им е важна само љубовта туку и материјалната ситауција , сфаќат дека многу работи останале непроживеани! И ете ти ги кризните моменти во врската и ете ти го раскинувањето! Јас сум скептик за срдношколски врски, не верувам дека интензитетото во чувствата ќе остане ист, се соменавм во верноста и воопшто во пожртвуваноста на двајцата партнери! Има и исклучоци, има и средношколски врски кои се крунисале со брак, ама се плашам дека таа неизживеаност на партнерите ќе резултира со лош брак!
Е сега ме замисливте девојки Јас само што си фатив дечко сега во 2ра гпд средно за прв пат и веќе ми го сменивте мислењето за средношколските врски
Јас излегов од врска од 1 година и три месеци. Трета средно сум, и до некаде ми е драго што бевме заедно. Ова беше онаа прва љубов . Некако не ме задоволуваат дечковци за неколку вечери, да смувам некој и слично. На овие прашања гледам застарено богами, ама ете, што ќе правиш. Мислев ова ќе биде врска од типот на сестра ми, заедно од втора/трета средно и до ден денес. Партнер за матура и се останато. Ќе продолжиме со трагањето изгледа
Не е работата само да си без дечко во средно колку да се муваш наоколу со кој стигнеш. Има многу повеќе од тоа. Искачање, пиенки, правење глупости со другарки со другари, прибирање во ниедно време, оди ваму оди таму кај ти текне, мењање 5-6 кафичи дискотеки, идење во други градови. А не некој на секој пола саат да ти ѕвони да те проверува нели? Друга работа замислете, си имате дечко се ви е супер, си искачате и заедно и посебно не сте оптоварени еден со друг. И сеа ти искачаш со друштво и му кажуваш ваму и ваму ќе сум со тие тие тие, и им текне у последен момент да идете у некој друг град у диско... и сеа тебе ти се плаче да отидеш али мораш да му кажеш, и сигурно ќе се лути и ќе се испокарате. И ти бираш да не отидеш само за да не ти се лути влечкото овај дечкото. Тоа е моето мислење, јас пишав дека сум против врските во средно од овие причини, а гледам дека некои од вас ги сфаќаат нашите мислења како „не ме исполнува секоја вечер да се мувам со некој„
Доколку се однесуваше ова на мене, коментарите не ги ни прочитав ме мрзеше, само си кажав свое мислење. Мене лично ме прави среќна кога со некого знам на што сум и не ме исполнуваат мувања, од не знам која причина. Едноставно не се пронаоѓам во тоа изгледа.
Постои една мисла која вели:Во љубовта нема правила.И навистина е така.Мислам дека не постое определено правило во врска со темава.Но,јас ке си го кажам мојот личен пример.Јас со дечкото се фатив кога имав 17години,а тој 20 години.Си велев ај да пробам само како ке ми биде,ако не се знае што доаѓа.Како што минуваше времето ние се повеќе и повеќе се заљубувавме еден во друг.Првите три години беше обична врска,исполнета кога со заеднички така и со самостојни излегувања,одмори,забави и такви слични работи.Мислам дека третата година од нашата врска беше критична,каде почнавме да размислуваме за нешто сериозно и озбилно.Веќе 6 години сме во врска и ни е убаво.Кога двајца се сакаат не постои никаква причина таа врска да не опстои,па макар и да е средношколска.
Мојот пост се однесуваше на сите оние на кои ќе прочитаат коментар од типот „еј зошто да се врзувам уште од средно, ќе неможам да правам што сакам ова она...„ тоа го сфаќаат од типот дека треба да се муваат секоја вечер со различен, а знам дека скоро никого не го исполнува тоа нели
Мојата ете опстојува до сега 4 години... Од 3 година сум со него, па ако раскинеме, друг ќе ме утеши боже мој не е крај на свет. Го сакам и он ме сака и преубаво ни е до сега, ама не можам да се трескам од земја дека цел живот ќе бидеме заедно
Со мојот дечко сме заедно од мојата 15та , и неговата 16та година. На почетокот тоа беше само љубов од клупите, излегување на исти места по некој бакнеж за добра ноќ, мобилни не постоеа за среќа па ги немаше оние клише пораки, кој ги испраќа секој. Заедно сме веќе долго години, и очекувам да ме побара за жена работиме заеднички бизнис и супер ни оди ....цели студии бевме во различни градови но и тоа не е спречи да раскинеме. Никогаш не сум се покајала што не сум имала друг дечко ...овај е совршениот и се надевам така ќе биди и во идина. На 15 години единствено нешто што гледаш е дали се сакате доволно и дали си одовараат вашите карактери, за разлика од тоа на 25 после 1000000 мувања, многу пропаднати врски, покрај љубов бараш и други благодети, да има стан да живеете, да има ваков факултет, добра работа, да е убав и уште 10000 други особини. Таков човек е тешко да најдиш , се разочаруваш или завршуваш како ..... затоа најди го порано и задржи го за себе. ( мој совет)
па би рекла дека може да опстои додека двајцата стварно се сакаат, на пр мојата не успеа додека пак на другарка ми хух машала да не ја урочам заедно се веке 7 години поточно кажано од 7мо одд се надевам дека и ке продолжат заедно ама пак мислам дека тие се многу ретки случаеви...
Зависи колку се сакате Ако сте си верни и да живеете во различни држави врската пак ќе ви опстане Познавам пар што биле заедно во основно (од 8 одд мислам) девојчето беше со мене во клас во средно и не сакаше да погледне друг Уште си се заедно и нека си останат Се е до љубовта...
7мо оделение врска??????? Абе ако треба да е мој ќе биде немора јас ништо да правам и да се трудам да го задржам, па дали сега дали на 30 години или на 12 исто ти се фаќа