1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку долго може да опстои една средношколска врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 5 јануари 2011.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Најтрагично во целава прича е што сега сите се лупаат у гради дека се најсреќни дека ништо не испуштиле дека секогаш имале се, а по неколку години се каат за тоа што целиот живот го поминале покреј еден тип и не виделе други можности, уште полошо ако тоа време им било залудно потрошено а сега се со сосема трета личност! Значи не генерализирам, секоја чест на искулучоците кои верувам дека ги имам, постов не е наменет за никого посено, баш е општо мое мислење.
    И никој не може да ме убеди дека се е розево и најубаво во таа врска, и неможе никој да ме убеди дека се си изнаживеал во тој период и дека ништо не ти фалело кога не е така, пак имаш обврска спрема дечкото/девојката, и сега да не ви фали убедени сте дека се ви е најубаво и дека ништо не пропуштате, ќе видите понатака дека не е баш така, фали потрошеното време и ќе ви недостига понатака во животот!
    Јас сега на 21 год чувствувам дека пропуштам нешто, а не па на 16 .. :^)
     
    На supersonic му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Ама баш ништо немам испуштено. Како што живеев како моите другарки така и јас цело време излезена, забава не испуштена и наместо да одам од еден на друг, постојано да менам партнери јас си бев со еден со кој уживав и сеуште уживам. Како што и во претходниот пост напишав заедно сме од втора средно до ден денес, генерација но не во исти класови.Имав прекрасни средношколски денови исполнети со многу забава, имав прекрасни студентки денови исполнети со исчекување не студиравме заедно , а па успеавме да останеме. Секој си ја живееше малдоста, заедно бевме на матура но не бевме партнети.Никогаш неможеш да зборуваш за врска во која ти не си вклучена можеш да зборуваш само за твоите врски. За тоа каква може да е средношколската врска може да зборува само некој што ја има доживеано, а таа привилегија ја нема секој :)
     
    На Fantazy и bla20 им се допаѓа ова.
  3. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    Јас сум со дечко ми од трета година средно , почетокот на трета година ...до сега , сега сум прва година на факултет , знам за некои звучи малку но сепак сакав и јас да пишам нешто во темава...
    Искрено одсекогаш сум мислела дека ваквите врски не успеваат и дека на крајот , 2цата созревате и се разделувате ... сеуште живеам со таа мисла ама сепак , се зависи од карактерот на партнерите , какви ке бидете понатака , колку се сакате почитувате и разбирате...
    Тие кои иделе со една личност вака од средно и останале заедно и понатака во живот или после ваква долга врска раскинале , не изгубиле ништо , доколку знаеле како да се постават во врската . Сите кога ке раскинеме од било која врска немора да е средношколска и во понатамошните години , макар врската да траела и месец дена си викаме ех залудно потрошив месец дена на типот , залудно го поминав тој и тој ( ако се погодил некој повазен ден ,празник , концерт нешо , настан ...) со него , секогаш така викаме кога ке откриеме дека личноста не е таа што сме ја очекувале , затоа неможеме да кажеме дека сме потрошиле залудно време токму од средношколската врска :) барем јас така мислам :)
    без навреди , дофрлања ,ова е само мое мислење со кое не сакам да навредам никој :)
    поздрав
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Навистина ми е мило за тебе СОВРШЕНСТВО, јас напоменав дека не генерализирам, нити сум сакала да имам врска во тие луди средношколски денови нити се каам што не сум имала, и не се чувствувам за привилегирана или не ако сум ја немала таа „среќа„ што ја нарекувате вие, не сум ја гледала среќата во тоа сум сакала да си уживам не да ми виси некој над глава, а можеби и не сум се заљубила па да се најдам во улога да посакам да имам врска во тој период, секако да сум се заљубила ќе сум сакала да имам врска нели... но сега кога гледам, а и тогаш гледав низ какви работи поминуваа моите другарки, девојките од класот и девојките и момците што ме окружуваа искрено се чувствувам за среќничка што не сум заглавила во врска уште тогаш, зошто пропуштија многу од работите што би требало да го облежат тој најлуд период од својот живот, а кога го влелам тоа не мислам на одење од тип на тип, ама сепак си млад бреее сакаш се да пробаш. Тоа е и причината за моето вакво размислување, а на темава кој сака може да даде мислење, јас си го кажав своето и ниту ја посочив твојата нити ничија друга врска, моето размислување се должи на тоа што сум го видела со свои очи и што сум слушнала низ што поминуваат сега оние кои тврдеа дека тогаш биле најсреќни и не испуштиле ништо, а многумина од нив би сакале да си го вратат времето назад.
    Ахх некој ќе каже љубов... искрено мислам дека на таа возраст ама сме немале појма што значи тоа, само сме мислеле дека е.
     
  5. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Вие овде зборувате,во претходните неколку постови, за врска во која некој од партнерите е посесивен,обично машкото нели,ја брани слободата на другиот.Незнам зошто како такви ги сметате СИТЕ СРЕДНОШКОЛСКИ врски,па на било која возраст ако некој ти брани нешто и тогаш пропушташ некои работи нели секоја возраст си носи нешто,незнам зошто како такви ги сметате само средношколските врски.И освен тоа неможе мене некој да ми каже дека не сум била изживеана затоа што сум имала дечко во средно,како тоа оди по некоја дефиниција или..не сфаќам.

    Еве и од друга страна,некој нека ми каже од тие што немале дечко во средно колку пати им се случило да нема со кој да излезат некогаш затоа што сите другарки им биле со дечковците,или дека морале да излезат баш онака со било кој затоа што немале дечко.И мене ми се има случено тоа и не ми било ок.Мое мислење е дека и заљубувањето е дел од средношколските денови,и тој пак што не го доживеал тоа според мене пропуштил нешто.
     
    На bubuu и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.
  6. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Јас и дечко ми сме иста генерација и седиме заедно во клупа :D Одиме од зимскиот распуст во 8 одд, а сега сме трета година и многу се сакаме :) Според мене мислам дека ако има љубов врската може да опстане :D
     
  7. Mini.girl

    Mini.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    12
    Познавам многу парови кои завршиле со брак, а нивната врска започнала не само во средно, туку и во основно. Сега се малку други времиња, понапредни и можеби е потешко да се најде љубовта во тие години, повеќето мислам дека сакаат да уживаат, да стекнат повеќе искуства додека се млади.
    Во секој случај мислам дека се зависи од каратерот на двајцата што ќе се најдат, дали имаат заеднички интереси, желби, планови и како замислуваат тоа да оди понатаму.
    Лично јас во средно не се чувствував како созреана за врска, затоа немав ништо посериозно и не можам да зборам.
     
  8. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Сметам дека една средношколска врска може да опстои само додека трае средната школа. Потоа ретки се паровите кои останале заедно. Најкритично нешто, ако веќе може така да се нарече е фактот дека долгите врски во средно опстојуваат дел поради љубовта, но дел поради стравот дека доколку би раскинале со партнерот или партнерката нема да можат да најдат нов.

    Познавам многу примери за ова. Дечкото и двојката се заедно не поради љубов туку не знам како да објаснам, поради навика. Навикнати се еден на друг, навикнати се да се заедно иако очињата им шараат насекаде. Стравот од осаменост е тоа што ги држи заедно. Не дека некој не е изживеан или нешто му е забрането. Можеш да си во врска и да имаш најубави средношколски денови.

    Подоцна кога заминуваат на факултет, кога ќе созрет на некој начин, ја собираат храброста и ставаат крај...
     
  9. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Да бевме назад 20,30 години ќе речев да, може долго да опстои па и да заврши во брак. Но во денешниве времиња, се сомневам. Постојат исклучоци, но мал број. Овие средношколски врски служат за добивање искуство, да се научи како да се биде во врска. Да се научи што ни треба, што бараме од партнерот, што може да дадеме, до кај би оделе итн. И на крај мислам дека најголем број од овие средношколски врски завршуваат со запишувањето на факултет. Ако се на различен факултет, па и во друг град... Па се запознаваат други луѓе, излегувања и доаѓа до крај на врската.
    За посериозна врска треба целосно изградена личност, што мислам дека дете од 15 години и не е баш. Иако, чест на исклучоци кои заедно во врската созреваат и остануваат заедно. :)
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Па може зошто да не. Мислам ретки се таквите случаеви, навистина треба да се разгори силна љубов па да си останат заедно хепили евер афтер. Јас сеуште сум среношколка и не сум баш компетентна да дискутирам на оваа тема. Баш поради оваа тема често знам да се замислам. Се сакаме, вложуваме во врската и се стремиме да си останеме заедно. Никад се не зна па времето ќе покаже. Некогаш машкото кога ќе започне врска уште во пубертет или адолесценција и долг период да остане со една девојка може да се чуствува неизживеано, па да ја изневери својата девојка или едноставно да раскине. Од таа причина би можела да не опстои една таква врска. Друго, ако ептен ептен се сакат па постојано се заедно, верувајте здосадува :!: . Сведок сум на 2-3 такви врски кои завршиле со омраза и одминување на улица, но исто така сум сведок и на врска која апстинираше неколку месеци и сега пак се вратија на истиот статус. Си велам веројатно се одмориле еден од друг :D .
     
  11. dia

    dia Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    jas so mojot soprug sme zaedno od sredno da bevme i vo ist klas bevme i partneri za matursata vecer i ni bese mnogu ubavo i imame super brak so dve prekrasni deca pozdrav
    [mod-kirilica:136g5f1g][/mod-kirilica:136g5f1g]
     
  12. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Не знам. Не може ништо да се генерализира. Колку луѓе, толку случаеви. Има врски кои опстанале, еве бев на свадба на една таква, после 12 години врска крунусана со брак. Знам средношколски врски кои се распаднале кога тргнале на факултет, како и врски кои завршиле со брак а потоа се развеле.

    Се зависи од карактерите на партнерите, ако се совпаѓаат ке функционира, како и од хемијата помеѓу нив.
     
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    5.944
    Допаѓања:
    20.434
    Пол:
    Женски
    Мојот случај е следен (дури тешко е да поверуваш) се фативме уште кога јас имав 13 а тој 14 години, и средно и цел факултет заедно сме цело време, бевме разделени само 3 месеци и толку значи сега имаме 22 а тој 23 години :$ и уште сме зедно верувале или не :!:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    И јас сум со мажето мое од средно...јас имав неполни 16 а он неполни 18.Во брак сме една година и го имаме нај убавото бебенце :inlove:
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    Заборавив да напишам дека сега имам 25 а срцето мое 27
     
  16. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Лично за мене ќе си кажам мојата опстојува 8 години :) . Е сега тоа зависи од многу фактори дали средношколската врска ќе опстои. Не да се фалам дека мојата опстоила а другите не, ама 90% од оние кои ги знам пропаднале, а некои 10% се сеуште заедно. Битна е љубовта колкава била, довербата, карактерите, согласувањата, толерантноста.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Заедно сме две години и осум месеци. Кога се фативме јас бев 13 год а тој 14, т.е. седмо и осмо одд.
    Мислам дека и таквие врски може да опстојат еве кај нас во школо имаме многу примери такви. Сигурно има пет/шест парови што се сега трета или четврта година а одат по 5/6 години, т.е. уште од основно.
     
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Колку долго може да опстои една средношколска врска?
    Интересна тема :) Мојот одговор би бил: Може да трае од една недела па до крајот на животот. :) Некогаш врската останува само врска која била без врска :D а некогаш тука се раѓа вистинската љубов која трае цел живот. Е сега ако дискутираме за опстанок кој го загрозуваат детски мудрости, љубомори, сцени, сакам/не сакам (што е и нормално) тука се битни самите тие. Како созревајки ќе постигнуваат компромиси и договори, ниво на толеранција, разбирање и пред се да биде љубовта она што ќе ги оддржува и поттикнува за поуспешен заеднички живот (како и во било која врска).
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    5.944
    Допаѓања:
    20.434
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам на моето претходно напишано мислење :lol:
    Во јуни другата година (здравје Боже) ние ќе правиме 10 години. :rofl:
     
  20. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Хм конечно некој и ваков пост да напише ( Зборам за првиот на Трендафилка)
    Јас имам 15 год. и не сум имала дечко до сега зошто како што кажа и она, ваквите врски ми се губење на време....Не викам дека не можат да опстојат , знам едни што имаат накај 30 и нешто години и се венчани и имаат дете , а иделе од негде 16 години...ама значи стварно се сакале...сега мене скоро сите такви што одат со секој што им е бар малце убав ми се чудат како не сум сакала дечко...па нејќам што ќе ми е сега. Мислам ако веќе знам дека у многу брзо време ќе раскинам со него зошто воопшто да одам? Ако веќе се заљубам во некој, да би одела, ама само заради притисок од околината не