Мојата сеуште опстојува и функционира одлично. Го поминавме средно заедно во клупа, а сега сме и колеги на факултет. Ги поминавме тие години кои се „кризни“ за врската и практично заедно пораснавме и созреавме. Е сега, некои парови тој премин кон новиот период од животот не можат да го поминат заедно, едноставно додека созреваат сфаќаат дека имаат различни размислувања и не можат да функционираат заедно. Токму тука врските стојат на стаклени нозе - кога се прават детски работи, кога причина за кавги се некои банални глупости, кога постои љубомора без причина... ако тоа го преживее врската, тогаш може да опстои многу години потоа. Ние го поминавме тој период, а нашата врска сеуште трае. Не може да се генерализира и да се каже точна формула колку може да опстои една средношколска врска, затоа што тоа е индивидуално. Ако се помине „кризниот“ период, тогаш може да заврши и со брак. Но, ако се раскине во текот на средношколските денови, може и да се обнови потоа, што не е редок случај.
зависи од врската,моја другарка се вери овој викенд што помина а со детево се во врска од 2 година средно,па цели 4 год факултет па и откако завшија и ете ги после 10 год и нешто конечно се зедоа...
од моја 16-годишна перспектива не ми се свиѓаат амаааа ич тие врски, симпатии ,мувачи, свиѓачи, искачања, вечери поминати со другарки а не со дечко (постојан)...според мене нај очај ми е коа ке се фатат у 1ва или 2ра и тие си се самите се на светот никој друг не им треба, жалосно за изгубените пријателства кои би постоеле и после таа врска и морам само еден пример да кажам за една од моите најдобри другарки иде со дечко и од 8мо веќе 5 години, и се подржуваат и сакаат и секогаш имаат доволно време за себе и за своите пријатели.. таква врска подржувам, али не за мене.. зависи од карактерот http://www.youtube.com/watch?v=eoGp8ueYvcI
Досега сум била со 2ца, и тоа двајцата беа во време кога сум средношколка. Едната беше со школски (ОМГ, која глупост сум ја направила ) и бевме заедно четири месеци. Добро, дечиња бевме, 15 години. А пак со вториот, бев 2 години. Се убаво, но ми фалеа некои работи. Другарките, излегувања со нив, зафркавање... И ми се здосади некако. Не викам дека не ми било убаво, но.. нешто фалеше. Не викам дека не може да успее една средношколска врска, МОЖЕ, знам многу примери за такви врски. Но ете, јас не сум успеала
Можат да тераат до самиот крај според мене, но тешко е тоа...треба да се има взаема разбирливост на партнерите за еден спрема друг, и да се пружи доволно слобода и да се има доверба се разбира, а притоа тоа се да не се злоупотреби.
зависи од децата ..може да биде и посериозно ..познавам многу што им опстанале врски што се сеуште заедно..се е можно и ништо не е чудно
ЗАВИСИ од околностите и личностите. Има некои што цел живот останале со првата љубов, додека за некои првата љубов е само сладок спомен од детството и дел од минатото. Сепак, можно е да опстане, зошто да не?
Зависи од двајцата. Често се случува еден од нив да не го сфаќа другиот сериозно, еден да не биде доволно зрел, еден од нив да глуми како да е сам во врската и слично. Доколку и двајцата се доволно зрели, сакаат сериозна врска со многу доверба, без лаги и криење врската може да опстои неколку години. Најчесто средношколските врски се кратки, најмногу два месеци бидејќи тоа се најубавите години во кои треба да се ужива и средношколците не сакаат да се врзуваат многу
А што има врска ако се средношколци? Зарем средношколците се толку неспособни за да успеат во една врска ? Еве пример, моите родители биле заедно уште од 2 година гимназија и сега се омажени и имаат две деца. Имам многу другарки што се во озбилни врска уште од сега, не знам до каде ќе одат и колку ќе им успее, но сепак се во врска(иако се средношколци). Мислам нема никаква врска тоа според мене, колку години си, дали си средношколец, дали си студент. Секако си по созреан после 18,19 години, но и сега си способен за врска.
dolga vrska za vreme na sredno skolo e glupost! zosto da si go trosime vremeto so eden koga toa ke go pravime podocna ete vo brak treba da se iskoristi mladogsta poubavo
јас имав врска од 4 месеци и ми се здосади бидејќи ми фалеа другарките и забавувањето со нив..не дека го поминував целото време со него, но не беше тоа-тоа.. и му раскинав! сега си кулирам и супер ми е.. иначе се е до карактерот.. зошто да не би опстоила врската ако навистина има љубов?
3 месеци. Среќна сум што не сум имала долга врска во средно, бидејќи ситните врски што ќе ги имаш во средно се искуство за понатаму. Се разбира, средношколските врски се во помал размер од оние на факултет и после тоа...
Зависи, некои си се зимаат со средношколската љубов а за некои е пролазно, зависи , еве лично јас средно имав така две средношколски љубави, со првата љубов ептен си се сакавме па дури и планиравме заедничка подалечна иднина (сега се газам од смеење на тие фантазии), деца си бевме двајцата зелени али супер ни беше како и да е идевме година ипол бруто, нето да се каже накаде пет месеци . Фудбалер беше и стално патуваше а од времето коа беше тука секоја караница дури и за најмала ситница јас му раскинував па после мирење, молење следуваше па еднаш и плачење, и така, смешки, се глеам чат пат со дечково и знаеме да си се пошегуваме на наша сметка колку сме биле деца, ама баш деца од денешна гледна точка. А со втората љубов сме сеуште заедно
ех ама се луди тие средношколски врски,на тие години мислиш се ќе направиш за дечкоти и дека цел живот ќе останеш со него.фала му на Бога што не сум останала со ни еден од дечковците ми од средна школа,имав 2-3 врски ни една подолга од 3-4 месеци.јас мислам тие врски не траат долго(со исклучоци) имаше и такви што се омажија уште во средно,ама за жал 2 пара се разведија+со деца,а има и една другарка што седи дома и е домакинка а мажот и брка швалерки на сите страни.мене лично не ми одеше со врските, ама затоа ми одеше со шемачот 7 години од прва година средно па до даље
Јас сум од оние што " имаат врска од средно " одиме уште од пред почетокот на втора година па еве сега сум втора на факултет и супер ни е ни во еден миг не сум се покајала иако сметам дека е убаво со сериозна врска да се почне покасно али сепак јас си го живеам животот супер....што да правам рано пораснав од 7-мо одд почнав со излегување,журкање и тако даље па и време беше да бидам малку посериозна
јас лично не сум имал долга средношколска врска а нит сум сакал. сум бегал од обавези уффффф колку ми е смешно коа ке ми текне дека за викенд дремев у инсомниа па згора на тоа најчесто иаше некоја џенцка шо ме држи за рака и што добиваше цунка од саат на саат нез како ме трпеле некои... а да ви кажам за еден од многуте парови кои започнале на 15-16 години таа беше 2 тој 3 година кога се фатија. идеа цели ебани 9 години за на крај да се раскурцаат безвезе како и мн други овакви парови па затоа секад сум бил против врските на млади години, нема нишо у нив освен губење време. чест на исклучоците кои успеале
Индивидуално. Јас имав една таква што траеше речиси две години, ама не беше ништо посебно и ден денес ми е криво на потрошеното време со него. Најубаво е баш во тие години, да немаш дечко/женска и да си уживаш максимално.
Јас се омажив со мојата средношколска љубов, се фативме во 3 година и по 9 години се земавме .Ни за секунда не сум се покајала што поминав 9 години со иста личност и сега сме во брак, заедно сме од 17 години. Ви посакувам на сите љубов како мојата
И цел живот, доколку станува збор за искрена љубов, добро пријателство и зрело однесување. Можеби, на почетокот ќе биде тоа само една детска љубов, на која не треба да и' се посветува големо внимание, но доколку се присутни и останатите фактори (кои претходно ги кажав), со текот на годините може да премине во вистинска, зрела љубов за која веројатно знаат само возрасните луѓе.